Лени Кравиц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лени Кравиц
Lenny Kravitz
Лени Кравиц во Бразилија, Бразил на 19 март, 2005
Лени Кравиц во Бразилија, Бразил на 19 март, 2005
Основни податоци
Родено име Леонард Алберт Кравиц
Познат(а) и како Лени Кравиц,
The Krav,
Ромео Блу (former)
Роден(а) 26 мај 1964 (1964-05-26) (50 г.)
Њу Јорк, Њу Јорк, САД
Потекло САД
Жанр(ови) рок, хард рок, фан рок, neo-psychedelia, поп рок, соул, R&B, албум рок, балада
Занимање/ња пејач-текстописец, мулти-инструменталист, композитор, record producer, arranger, actor, interior designer, clothing designer
Инструмент(и) вокал, гитарист, бас гитара, drums, хармоника, keyboards, percussion, sitar, piano
Години активност 1989–сега
Прод. куќа/ќи Virgin Records America
Сродни групи КАрл Денсон, Ден Дајер, Ванеса Парадис, Мадона, Слеш, Aerosmith, Мик Џегер, Guns N' Roses, Баха Мен, МАјкл Кејмен, Енџи Стоун, Кре Самер, Лајонел Ричи, Zoro, Велвет Револвер, Крег Рос, Дејвид Боуви
Веб-место www.lennykravitz.com
Значаен/јни инструмент(и)
Гитари:
Gibson Flying V
Gibson Les Paul
White Gibson SG

Леонард Алберт “ Лени “ Кравиц (англиски: Leonard Albert Kravitz) ( роден на 26ти мај , 1964 год ) е американски пејач , текстописец , мулти-инструменталист , продуцент , аранжер , чии што „ретро “ стил вклучува елементи од рок , соул , фанк , реге , хард рок , психодилична , фолк музика како и балади . Покрај пеењето и придружните вокали додека снима , Кравиц често свири на сите гитари , басови , бубњеви , клавијатури , ударни инструменти . Тој е познат по неговата секогаш добро наместена сцена и спотовите . Кравиц имал многубројни хитови на прво место на US Top синглови , и многу други пошироко во светот . Тој ја добиваше Греми наградата за “ Најдобар машки вокален рок изведувач “ четири години по ред , од 1999 до 2002 година , рушејќи го рекордот со најмногу и нај непрекинати победи во таа категорија . Тој бил номиниран многу пати , и има добиено многу престижни награди како Американските Музички награди , МТВ Видео музичките награди , Радио Музичките награди , Британските награди , И Блокбастер Ентертејмент наградите . Тој има продадено околу 38 милиони албуми низ светот .

Биографија[уреди]

Кравиц е роден во Њујорк , на 26ти мај 1964 година , син на Рокси Рокер , актерка позната по улогата на Хелен Вилис во хит телевизиската комедија од 1970 година Џеферсонови , и Су Кравиц продуцент на вести во НБЦ .Татко му на Кравиц има потекло од Руски Евреи , а мајка му има Бахамско потекло . Кравиц е крстен по неговиот чичко Леонард Кравиц којшто бил убиен во борба на 6ти март 1951 во Кореа на 20 годишна возраст . Тој бестрашно се бранел од нападот на Кинеската Армија што ги изненадил , заштитуваќи поголем дел од неговиот вод ; тој бил постхумно награден од Distinguished Service Cross , вториот по ред највисок воен додаток во Американската Армија .

Кравиц пораснал поминувајќи ги деновите со неговото семејство во повисоката источна страна на Менхетен , а викендите кај неговата баба , куќата на Беси Рокер во Бедворд –Стивесант , маало во Бруклин . На три години , Кравиц удирал по тенџерињата и тавите во кујната , како да се тапани . На петгодишна возраст посакал да биде музичар . Тој почнал да тропа на тапани , а набрзо почнал и со свирење на гитара . Кравиц пораснал слушајќи музика што ја слушале неговите родители , Р&Б , џез , класична , опера , евангелистичка И блуз . „ Моите родители ми беа голема поддршка кога рано започнав да ја сакам музиката , и ме носеа на многу шоуа “ изјавува Кравиц .

На возраст од околу 7 години , тој ги видел Џексон 5 како настапуваат , и тие станале негова омилена група . Неговиот татко , којшто бил и џез промотер , бил пријател со Дјук Елингтон , Сара Воган , Каунт Бејзи ,Ела Фиџералд , Боби шорт , Мајл Дејвис и други џез големци . Една година , кога полнел 5 години , Елингтон дури и му ја пеел Happy Birthday . Тој бил изложен на соул музиката на Мотовн , Стакс , Џејмс Браун , Арета Френклин , Ал Грин , Стиви Вондер , Куртис Мејфилд , Гледис Најт , Гембле и Хаф , и растејќи оваа музика влијаеала на неговиот музички стил . Кравиц често го посетувал Њујоршкиот театар каде што работела неговата мајка . Неговата мајка го охрабрувала во неговите музички соништа .

Во 1974 год , семејството Кравиц се сели во Лос Анџелес , поради добиената улога на мајка му во Џеферсонови . По ургенции на неговата мајка , Кравиц се приклучува кон Калифорнискиот машки хор , три години каде што изведува класичен репертоар и пее со Метрополитната Опера . Тој има учевствувано во Махлеровата Трета Симфонија во Холивуд Бовл . Во Лос Анџелес , Кравиц се запознава со рок музиката , слушајќи ги Лед Цепелин , Кис , Аеросмит , Џими Хендрикс , Пинк Флојд , Крим и Ху . „Бев привлечен од еден кул стил , девојки , рокенрол , стил на живеење “ вели Кравиц . Други музички влијанија во ова време имал од Фела Кјути , Бил Вајтерс , Марвин Геј И Мајлс Дејвис ; понатака е потврдено дека влијание на неговата музика имале и Џон Ленон и Боб Марли . Кравиц одел во Средното училиште Беверли Хилс . Професори му биле Мараја Мек Ки и гитаристот Сол Хјудсон . Во 1978 година Кравиц бил примен во добро почитуваната музичка програма . Тој мислел дека добро свири пијано и бас , и се спријателил со Зоро што подоцна станува негов долгогодишен соработник . Кравиц сакал да стане студиски музичар . Во ова време се има појавувано и на телевизиски реклами како актер .

Кравиц одел во училиште што му било доволно само да поминува , и се повеќе и повеќе трошел време дружејќи се со другарите . Неговите родители се загрижиле и сакале да има нешто на што ќе се навлече . На 15 години , Кравиц решен да има музичка кариера се сели од дома . Тој седел со другарите , преспивал во колите на другарите , има спиено и во неговото Форд Пинто . Инспириран од Дејвид Боуви , Кравиц го присвојува името „Плавиот Ромео “ и настанува една нова комплетна личност со исправена коса , плави леќи , која почнува со настапи . Благо влијание врз музиката на Кравиц во овој период има стилот на Принц . Во 1982 година Кравиц матурирал и го наговорил татко му да му даде пари за снимање , наместо за факултет . Со своето снимено прво демо Кравиц добива понуди од неколку продуцентски куќи вклучувајќи го И.Р.С Рекордс , но му било кажано дека треба да ја смени својата музика , за да ја направи „доволно црнечка “ за да се вклопи во тогашните Р&Б радио стилови . „Одбив “ изјави Кравиц во 1989 год за Лос Анџелес Тајм .

Приватен живот[уреди]

Во 1985 год , родителите на Кравиц се разведиле , што оставило длабока трага врз него . Неговата врска со татко му станала екстремно напорна . За да се справи со овој период , Кравиц се фокусирал на музиката . Таа година , на концертот на Њу Едишн , Кравиц ја запознава актерката Лиза Бонет .Лиза работеше на шоуто Козби , најгледаното телевизиско шоу . Тие беа блиски пријатели околу две години пред да се заљубат еден во друг . Кравиц повторно се преселува во Њујорк , сега со својата девојка Лиза , каде што се продуцира шоуто Козби 1987 год . На 16ти ноември 1987 год , на нејзиниот 20 ти роденден , Кравиц и Бонет “ побегнале “ , правејќи Лас Вегашка церемонија . Кравиц , сѐ уште познат како Плавиот Ромео , се нашол на насловните на таблоидните весници . Тие имаат ќерка Зое Изабела Кравиц , родена на 1ви декември 1988 год . Кравиц и Бонет се разведија во 1993 год .

Кравиц се идентификува и како Христијанин и како Евреин , што двете ги опишува како „ исти за него “ . Тој вели дека духовното е битен дел од неговото растење , бидејќи е воспитуван од родители од различни раси . Исто така , духовното е вклучено и во многу од неговите песни , како и текстовите на неговиот албум Baptism , како и во текстот на неговата тетоважа „Јас верувам во Исус Христос “ . Во едно интервју на шега има кажано : “ Јас сум половина Евреин , половина црнец , се пронаоѓам измеѓу “ .

Во 2002 год , имаше гласини дела е свршен со Адриана Лима ,кои што Кравиц ги порекна. Во 2003 год , Лени Кравиц почна да излегува со Никол Кидман . Во 2004 год , тие раскинаа . Во септември 2007 год , за Vanity Fair , Никол Кидман обелодени дека измеѓу разводот со Том Круз и венчавката со Кејт Урбан , таа била тајно свршена со некој . Всушност , многу извори тврдат дека “ мистериозниот маж “ е Лени Кравиц . Ниту претставниците на Кравиц , ниту на Никол ја демантираа или потврдија оваа гласина .

Кариера[уреди]

1989 -1990 Вирџин Рекордс и почеток на неговата кариера[уреди]

Со продуцентски куќи што се уште му кажуваат дали неговата музика е доволно црнечка или доволно белечка , Кравиц одлучува сам да си сними албум . Во 1985 год , кога го снимал своето демо во Њу Џерси , тој го запознава клавијатуристот и басист Хенри Хирч . И двајцата имале исти интерес околу Р & Б , џез и рокот , како и користењето на вистински инструменти и стара опрема за снимање . Кравиц , на повеќето од своите албуми , продолжува да соработува со Хирч . Наредната година ипол , Кравиц заедно со Хирч започнува со работа на неговиот прв албум , а неговиот татко му помагал финансиски . Кравиц го запознава саксофонистот Карл Денсон , И го поканува да свири на неговата песна „Let Love Rule “ . Кравиц беше толку импресиониран од неговото свирење , што Денсон свири на повеќе негови песни од албумот . Наредните пет години Денсон одел заедно со Кравиц на турнеи . Откако завршува со албумот , Кравиц се среќава со Вирџин Рекордс .Продуцентската куќа беше одушевена од музиката што тој ја правеше , музика инспирирана од врската со неговата сопруга Бонет и нивната ќерка . Кравиц го остава името Плавиот Ромео . За неговото име Плавиот Ромео , тој вели  : „ Конечно ме врати сам на себе . И кога се прифатив сам себеси , музиката почна да извира од мене “ . Во 1989 год , Кравиц потпиша со Вирџин Рекордс . Кравиц го издаде својот деби албум “Let Love Rule” на 6ти септември 1989 год , комбинација од рок и фанк , и основни вибрации од 60 те години . Музичките критики беа различни : некои мислеа дека Кравиц е новиот талентиран уметник , а некои дека е совладан од неговите музички влијанија . Албумот доживеа умерен успех во САД , но огромен успех надвор од САД , посебно во Европа . Лиза Бонет се појави во неговиот спот за песната „Let Love Rule” .

1991 -1996 Стекната популарност[уреди]

Во 1990 год , заедно со Ингрид Чавез ја напишаа и продуцираа песната на Мадона „Justify My Love “ . Песната што се појави на нејзиниот албум со најголеми хитови The Immaculate Colltionec , И предизвика дискусии поради експлицитниот спот , се најде на првото место на топ листите . Кравиц се раздели со Лиза во 1991 год , помеѓу гласините дека тој и Мадона имаат афера . Кравиц демантираше секаква неверност . Кравиц и Бонет се разведија во 1993 год .

Во 1991 год , Кравиц го продуцираше истоимениот албум Ванеса Парадиз за француската пеачка Ванеса Парадиз . Тој свиреше на повеќето инструменти , И ги напиша повеќето песни на албумот . Тој го издаде и неговиот втор албум Mama Said , што е неговиот прв албум што стигнува до Топ 40 . Песните на албумот се посветени на Бонет , документирајќи ја неговата депресија за нивното раскинување . Најголемиот сингл дотогаш , “ It Ain’t Over Till It’s Over “ , се искачи на 2ро место на Билборд Хот 100 . Песната “Always On The Run “ , вклучувајќи го И Слеш на гитара е направена со почит за неговата мајка . Следеа : “ “ Stand By My Woman “ И “ What Goes Around Comes Around “ . Шон Ленон ја напиша И ја свиреше на пијано “ 'All I Ever Wanted' “ .

Во 1993 год ја пишува “ Line Up “ за Стивен Тајлер од Аеросмит , И се појавува во соло албумот на Мик Џегер , како И на обивката на соул класикот на Били Вајтерс Wandering Spirit , “Use Me “ . Таа година Кравиц исто работеше со неговите идоли Ал Грин И Куртис Мејфилд .

Во 1993 год , беше издадена Are You Gonna Go My Way , стигнувајќи до 2рото место на Билборд 200 И Кравиц доби Британска награда за најдобар меѓународен машки артист за 2004 год .

За време на настапот на МТВ Видео Музичките награди тој ја изведе песната на бас заедно со Џон Пол Џонс од Лед Цепелин . Следуваат повеќе песни од албумот како : “Believe", "Is There Any Love In Your Heart", и "Heaven Help/Spinning Around Over Youе. Во овој албум првпат се истакнува гитаристот Крег Рос , што исто така свири и во наредните албуми . Песната “ Eleutheria “ е инспирирана од островот Елеутерија што се наоѓа на Бахамите , каде што во тоа време Кравиц изгради куќа и студио за снимање .

Во 1994 год , Кравиц сними фанк – рок верзија на песната “Deuce “ за албумот на КИС , KISS My Ass . Траката го влучува Стиви Вондер на хармоника , како и пратечки вокали . Овој сингл беше еден од трите радио песни од албумот , како И негова почетна песна .

Мајката на Кравиц , Рокси Рокер , почина од рак на дојка на 2ри декември 1995 год , на возраст од 66 години , во Калифорнија .

Во 1995 год , Кравиц го издаде албумот Circus што беше 10 место на Билборд листата . Како и да е , албумот имаше само две хит песни : “ Rock and Roll Is Dead “ И “ Can’t Get You Off My Mind”

1997 – 2000 : Растечки успеси , првите 5 Греми награди[уреди]

Во 1998 , за прв пат со 5 ( 5тиот студиски албум ) , Кравиц вклучува дигитална технологија . 5 ја претставува неговата музика на поширока публика , благодарение на песната “ Fly Away “ што е вклучена во рекламите за производи на автомобили и на воздухопловните компании . 5 стигнува до 28то место на Билборд 200 , а “ Fly Away “ на 1во место . Тој ја добива првата од четирите последователни Греми награди за Најдобра Машка Вокална Рок Изведба на Греми наградите во 1999 год . Други хитови од овој албум се “ If You Can’t Say No “ , што е исто така ремиксирана од денс продуцентот Брајан Трансо , И “ I Belong To You “ . Во спотот за песната “ I Belong To You “ Лени може да се види без неговите суканици . Неговиот насловен хит “ American Women “ му донесе уште една награда на Греми наградите во 2000 год , а песната стекна нова публика . Оргиналната верзија на песната на Кравиц доаѓа од саундтракот на Аустин Поњерс: The Spy Who Shagged Me , и беше додадена на 5 како бонус песна во 1999 год .

Лени работеше на две песни за Мајкл Џексон за албумот Invincible, издаден во 2001 год , но тие песни уште не се издадени .

Во 2000 год , Кравиц го издава албумот Greatest Hits . Се покажа дека е негов најуспешен албум , достигнувајќи го 2то место на Билборд 200 , И продавајќи се во околу 11 милиони копии насекаде низ светот , и конечно станува еден од најуспешните албуми на декадата . Песната “ “ Again “ му ја носи третата последователна Греми награда за Најдобар Машки Рок Вокал на Греми наградите во 2001 год . Во овој период , Кравиц исто така ја пишува песната “ God Gave Me Everything “ со Мик Џегер , појавувајќи се на соло албумот на Мик Џегер “ Goddess in the Doorway “ И во филмот Да се биде Мик .

2001 -2005 Lenny и Baptism[уреди]

Во октомври 2001 год , Лени го издава својот шести албум Lenny . Албумот е снимен во Мајами . Откако Мајамската полиција го застанала и му удрила шлаканица , додека одел во теретана , под сомнение дека неговиот опис се совпаѓа со ограбувач на банки , Лени ја пишува песната “ Bank Robber Man “ . БидејЌи Лени во моментот немал лична иднетификација , полицијата не му верувала дека всушност тој е Лени Кравиц . Банкарскиот благајник , кој бил ограбен бил донесен таму , и изјавил дека Лени не е ограбувачот . Подоцна , Мајамската полиција испратила полицајци во домот на Лени за да му се извинат за задржувањето . Кога го прашале дали мисли дека инцидентот е резултат на расно идентификување , Лени одговорил дека не е сигурен . Првата песна од албумот “ Dig In “ се искачи на 1во место во Аргентина а на топ 10 во Италија и Португалија . Спотот за “ Dig In “ го доби четвртото Греми во 2002 год . "Stillness of Heart", "Believe in Me", и "If I Could Fall In Love" беа следните песни од албумот .

Кравиц беше предмет на фотогравската книга на главниот поранешен фотограф на Ролинг Стоунс , Марк Селџер . Објавена во ноември 2001 год , Селџер го сликал Ленин на турнеи , со семејството , со пријателите и позирани портрети .

Во 2002 год , Џеј Зи му понуди на Кравиц да се појави во песната “ Guns and Roses “ . Кравиц исто така им се придружува и на П.Деди , Фарел , Лун за песната на саундтракот Bad Boys II , “Show Me Your Soul “.

Во септември 2002 год , Кравиц покрај уште една рок ѕвезда се појавува во епизодата “How I Spent My Strummer Vacation “ во Симпсонови . Во почетокот на 2003 год , како протест против нападот на Ирак , Кравиц ја издава песната “ We Want Peace “ , само за симнување од интернет , тој ја изведува оваа песна заедно со познатиот Ирачки пејач Казем Ал Сахер , на Рок Воут . Песната се качува на прво место симнати песни од интернет во светот , МП3.cом симнати песни . Кравиц , исто така се појавува И на албумот на Олимписките игри во Атина 2004 год , Unity .

Кон крајот на 2004 год , Кравиц почнува да излегува со супер ѕвездата Никол Кидман и и ја посветува неговата хит песна “Lady “ . Тие се разделуваат во 2005 год .

Седмиот албум на Кравиц Baptism беше издаден во 2004 год . Првиот сингл беше “ Where Are We Runnin “ . Песната “California “ излезе дека е најуспешна , но “Storm “ со Џеј Зи се искачи на топ листите . “Calling All Angels “ постигна успех во повеќе земји , и стана огромен хит во Бразил , како И да е “ Lady “ стана изненадувачки хит стигнувајќи до UK 30 и доведувајќи го Baptism до златен статус . Исто така во 2004 год , се појавува во албумот на Н.Е.Р.Д ,Fly or Die. Од март 2005 год , Кравиц започна со светска турнеја која заврши во јули 2005 год во Академијата Брикстон , Англија . Кравиц настапуваше како прв на повлекувачката турнеја на Аеросмит во 2005 год . Турнејата почна на 30ти октомври во Мохеган Сан Арената во Конектикат . На 29 октомври 2005 год , ноќта пред да почне турнејата почина ТВ продуцентот , Су Кравиц , татко му на Лени . За време на првиот настап , Лени ја соопшти веста пред скаменетата публика , изјавувајќи дека не е време за плачење , туку за славење затоа што неговиот татко е во рајот . Тогаш Лени ја посвети Let Love Rule на неговиот татко .Турнејата беше толку успешна , што беше продолжена до 25ти февруари 2006 год , И заврши во Анахејм , Калифорнија .

2006-та Претставува :Live Earth и It Is Time For A Love Revolution[уреди]

Во јануари 2006 год , со Breathe Кравиц се вклучува во проектот спонзориран од Водка Апсолут . Оваа песна беше ремиксирана од десет различни продуценти , и објавена преку Интернет . Кравиц се појавува пред публиката на Мадона , на нејзината турнеја Confession Tour 2006 , И тоа на повеќе настапи . Подоцна тој ќе и се придружи во живо на сцената на последниот од четирите концерти во Париз , свирејќи гитара на песната I love New York .

Подоцна , Кравиц основува дизајнерска фирма , Кравиц Дизајн , велејќи дека ако не бил музичар , би бил дизајнер . Кравиц Дизајн се фокусираат на внатрешен и мебелски дизајн , дизајнираат станбени простори , како и лустер наменет за кристалната компанија Сваровски кој бил наречен Ројал Казино . На 7ми јули 2007 год , Кравиц настапи на Лајв Ерт во Рио де Жанеиро што го направи еден од најголемите меѓународни рок ѕвезди којшто направи два огромни бесплатни концерти на светски познатата Копакабана Плажа заедно со Мејси Греј и Ролинг Стоунс .

Кравиц веќе имаше настапувано таму , на 21ви март 2005 год , на негов концерт забавувајќи 300.000 луѓе .

Кравиц доста време потроши снимајќи го неговиот последен албум It is Time For A Love Revolution , издаден на 5ти февруари 2008 год . Уште еден албум Funk е закажан за издавање за 2009 год . Изгледа дека ова е проект на кој Кравиц работи од 1997 год . Некои од оригиналните песни за Funk се снимани додека бил во Њу Орлеанс , во студиото на Ален Тузен , додека неколку месеци се одмарал од снимањето во Њујорк .

На 25ти септември 2007 год ,беше издаден албумот во спомен на Фетс Домино Goin’Home ;A Tribute to Fats Domino . Заедно со Рибрт Брес Бенд , Трој “ Тромбон шорти “ Фред Вејсли , Пи Ви Елис и М.Паркер , Кравиц се најде на песната Whole Lotta Lovin .

На 25ти ноември 2007 год ,Кравиц настапи на полувремето на купот Греј во Роџерс Центарот , Торонто , каде што победија Саскачеван Руграјдер .

Оргиналниот спот за I’ll be Waiting се снимаше во Централ Парк во Њујорк , режирано од страна на Марк Веб , но подоцна ова видео беше одложено , И беше снимена нова верзија во студиото за снимање на Лени во Њујорк , режирано од Лени и Филип Енделмен . Спотот беше промовиран на Vh1 , и котираше на 3то место од топ 20 .

На 17ти јануари 2008 год , Кравиц започна со мини турнеја од 9 градови , за да го промовира неговиот нов албум It is Time For A Love Revolution . Турнејата започна во Св. Моника , Калифорнија а заврши на 1ви февруари во Њујорк . Турнејата беше направена под името Get on the Bus во соработка со My Space . На секое застанување од турнејата, до нејзиниот крај , тие собираа во нивниот автобус по еден победник од натпреварите . Стивен Тајлер од Аеросмит , близок пријател на Лени , настапи во Орфеум театарот во Бостон . На 11ти февруари 2008 год , Кравиц е однесен во болница , разболувајќи се од бронхитис . Тој од почетокот на јануари имаше повеќе серии на дишни инфекции што се развиле во бронхитис . Поради болеста , Кравиц беше принуден да ги откаже турнеите за промовирање на неговиот албум во Канада и Европа . На 19 март 2008 , поради истата болест , тој ги откажа турнеите во Јужниот дел на Америка . Одложувањето влијаееше и на планираните концерти во Колумбија , Мексико , Бразил , Чиле и Аргентина . Во Аргентина , Кравиц настапуваше на најголемиот рок фестивал таму , Килмес Рок Фест .

На 15ти јули , Кравиц беше награден со наздравувачка церемонија во Милано , Италија , за неговата работа во Милениумската Кампања на Обединетите Нации за прекинување на светската сиромаштија .

Кравиц првпат глумеше во Precious , што својата премиера ја доживеа на Санденс Филмскиот Фестивал во јануари 2009 год .

Лени Кравиц ќе пее во првиот соло албум на Слеш којшто треба да излезе ова лето , 2009 год .

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

Сите албуми се издадени од Вирџинс Рекордс Америка

Година Албум Светска продажба

1989 Let Love Rule 2 милиони

1991 Mama Said 3 милиони

1993 Are You Gonna Go My Way 4 милиони

1995 Circus 1,5 милиони

1998 5 6 милиони

2000 Greatest Hits 11 милиони

2004 Baptism 1, 5 милиони

2008 It Is A Time For A Love Revolution 1, 1 милион


Видеографија[уреди]

1991 год Видео ретроспектива

1994 год Лени Кравиц во живо од Планет Ерт

2002 год Лени во живо

2008 год It Is Time For A Love Revolution

Филмографија[уреди]

Година Филм Улога

1998 The Roograts Movie Новороденче

2001 Being Mick Самиот

2001 Zoolander Самиот

2009 Precious Џон


Турнеи[уреди]

Листата не е комплетна :

  • Universal Love Tour
  • Circus Tour
  • The Freedom Tour
  • Lenny Tour
  • The Baptism Tour
  • Electric Church Tour: One Night Only
  • Get On The Bus Mini-Tour
  • Love Revolution Tour
  • LLR 20(09) Tour


Награди[уреди]

Листата не е комплетна :

МТВ Видео Музичките награди

1993 год Најдобро Видео во машка категорија ( Are You Gonna Go My Way ) Британските награди

1994 год Меѓународен машки изведувач

Vh1 /Вог модните награди

1998 год Најмодерен артист /во машка категорија Греми награди

1998 год Најдобра рок вокална интерпретација Fly Away

1999 год Најдобра рок вокална интерпретација American Woman

2000 год Најдобра рок вокална интерпретација Again

2001 год Најдобра рок вокална интерпретација Dig In

Музички радио награди

2001 год Артист на годината

My VH1 награди

2001 год Најдобар ма[ки Артист

Blockbuster Entertainment награди

2001 год Најдобар машки рок артист

Американските музички награди

2002 год Најдобар поп/рок машки артист

Microsoft Windows Media Innovation награди

Надворешни врски[уреди]