Келбра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Келбра
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Келбра
Келбра се наоѓа во Германија
Келбра
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Мансфелд-Зидхарц
Општ. заед. Голдене Ауе
Градоначалник Рајнхард Тешке
Основни податоци
Површина 41 км2
Надм. височина 157 м
Население 3.578 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 87 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SGH
Пошт. бр. 06537
Повик. бр. 034651
Портал www.kelbra.de
Местоположбата на град Келбра во рамките на округот Мансфелд-Зидхарц
Карта
Координати 51°26′00″ СГШ 11°02′00″ ИГД / 

Келбра (германски: Kelbra) е град во округот Мансфелд-Зидхарц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа северно од планините Кифхојзер, околу 20 километри западно од Зангерхаузен и 20 километри источно од Нордхаузен. Келбра е дел од заедницата на општини Голдене Ауе.

Келбра се наоѓа на северните падини на планините Кифхојзер во Голдене Ауе. B 85 сојузниот автопат започнува во соседното село Берга и води низ Келбра преку Кифхојзер до Пасау.

Поради близината на браната Келбра и Кифхојзер, градот е туристички центар, но страда од големиот сообраќај, особено мотоцикли, бидејќи на Кифхојзер започнува атрактивна патека.

Близу е пештерата Барбароса и воената панорама во Бад Франкенхаузен. Келбра е добра почетна точка за излети во Харц.

Селата Ситендорф, Тиледа (Кифхојзер) и Тирунген припаѓаат на градот Келбра.

Збратимени градови[уреди]

Келбра е збратимен со англиското село Фрамптон Котерел и германскиот град Бад Залцдетфурт.

Наводи[уреди]