Кифхојзер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кифхојзер
Планински масив
Споменик Кифхојзер, поглед од Тиледа
Земја Германија
Региони Тирингија, Саксонија-Анхалт
Највисока точка Кулпенберг
 - височина 473 м
Геологија Песочник, конгломерат,
карбонски седимент,
метаморфни карпи

Кифхојзер (германски: Kyffhäuser) е масив на ридови, кој се наоѓа на границата на германската покраина Тирингија со Саксонија-Анхалт. Се наоѓа на јужниот дел од Харц. Масивот има должина од 19 километри и ширина од 7 километри. Ја достигнува највисоката точка на Кулпенберг (473,4 метри), кој се наоѓа во Тирингија. Кифхојзер е значаен за германската традиционална митологија како место за одморање на императорот Фридрих Барбароса, кој се удавил на 10 јуни 1190 во реката Ѓоксу близу Силифке во текот на Третата крстоносна војна.

Името Кифхојзер веројатно потекнува од cuffese што означува глава или врв. Населбата Тиледа на северните падини веќе била спомната на почетокот на 9 век од Breviarium Lulli како Dullide, имот на опатијата Херсфелд. Царскиот имот кај Тиледа е потврден со венчавката на императорката Феофану во 972. Првиот замок на ридот над населбата бил поставен од императорот Хенри IV во текот на неговиот конфликт со Саксонците. Неговиот син Хајнрих V ги наследил кавгите и замокот конечно бил поседуван од саксонкиот војвода (подоцна император) Лотар од Суплинбург во 1119. Самиот Лотар ја започнал обновата и Reichsburg Kyffhausen бил завршен под власта на императорот Фридрих Барбароса.

Според легендата, Барбароса всушност не е умрен, туку спие во скриена комора под ридовите Кифхојзер, седејќи на камена маса. Неговата брада, наводно расте толку долго со векови, што расте низ масата. Како сличната легенда за Кралот Артур, Барбароса наводна чека момент за неговата земја, кога повторно ќе се појави на ридот. Присуството на габраните околу врвот на Кифхојзер се вели дека е знак за продолжување на присуството на Барбароса.

Денес, ридовите се туристичка атракција, на кои е обновен средновековниот замок од 11-от век. На самата планина е споменикот Кифхојзер, изграден во 1896, кој го отсликува германскиот император Вилхелм I и Фридрих Барбароса.

Извор [уреди]

  • Sven Frotscher: Der Kyffhäuser - Natur, Geschichte, Architektur, Denkmale Europas. Artern 1996, ISBN 3-00-000509-9