Заедница на општини
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Заедница на општини (герм. Verbandsgemeinde) е административна единица во германските покраини (сојузни држави) Рајнска област-Пфалц и Саксонија-Анхалт.
[уреди] Рајнска област-Пфалц
Има 163 заедници на општини во Рајнска област-Пфалц, кои се групирани во 24 окрузи и поделени во околу 2.200 општини.
Многу од заедниците на општини се основани во 1969. Порано името на административната единица било Амт. Многу од функциите на општинската власт за неколку општини се споени и администрирани од поголем или неколку централни градови или општини заедно во група, додека индивидуалните општини сè уште имаат ограничен степен на локална автономија.
[уреди] Саксонија-Анхалт
Единаесетте окрузи на Саксонија-Анхалт се поделени во Амт, а од 1 јули 2009, исто така, во заедници на општини. Со владината реформа од јануари 2010, има 18 заедници на општини во Саксонија-Анхалт.