Кариѓол

Координати: 40°33′N 23°22′E / 40.550° СГШ; 23.367° ИГД / 40.550; 23.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кариѓол
Μακροχώρι
Кариѓол is located in Грција
Кариѓол
Кариѓол
Местоположба во областа
Кариѓол во рамките на Лагадина (општина)
Кариѓол
Местоположба на Кариѓол во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 23°22′E / 40.550° СГШ; 23.367° ИГД / 40.550; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000216000000216 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно800
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кариѓол (грчки: Καλαμωτό, Каламото̀, до 1927 Καργή Γκιόλ, Кариѓол)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина (Лагадин), источно од Солун и јужно од Бешичкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Крај селото се наоѓаат урнатините на древномакедонскиот град Калиндија. Ископувањата откриле статуи, натписи, погребни столбови, монети, фигури и слично. Денеска овие предмети се изложени во посебна сала во Археолошкиот музеј на Солун. Во античкиот град била откриена и административната зграда Севастион со вкупна должина од 70 метри. Зградата вклучуваа храм на Зевс и булето на градот.

Во XIX век Кариѓол е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство, како чисто турско село. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 280 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 326 жители[3]. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Каламото̀.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 358 жители.[5], додека во 1940 година селото броело 500 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 564 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 583 жители, во 1971 година имало 736 жители, во 1981 година имало 719 жители, додека во 1991 година имало 635 жители[6]. Денеска, населението на селото е 800 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 500 564 583 736 719 635 800
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Βερτίσκος
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 103.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.