Љангавич

Координати: 40°38′N 23°14′E / 40.633° СГШ; 23.233° ИГД / 40.633; 23.233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Љангавич
Λαγκαδίκια
Љангавич is located in Грција
Љангавич
Љангавич
Местоположба во областа
Љангавич во рамките на Лагадина (општина)
Љангавич
Местоположба на Љангавич во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°38′N 23°14′E / 40.633° СГШ; 23.233° ИГД / 40.633; 23.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000134000000134 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно729
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Љангавич (грчки: Λαγκαδίκια, Лангадикија, до 1927 Љангавич)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина во југоисточниот дел од Лагадинско Поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 134 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Хаџи Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители Турци[3].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 125 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 180 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Лангадикија.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 647 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 779 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 881 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 941 жител, во 1971 година имало 750 жители, во 1981 година имало 637 жители, додека во 1991 година имало 697 жители[7]. Денеска, населението на селото е 729 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 779 881 941 750 637 697 729
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα --Λαγκαδίκια
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 107.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-21.