Иван II
| Иван II Московски | |
|---|---|
|
|
|
| Владеење | 27 април 1353 – 13 ноември 1359 |
| Претходник | Симеон I |
| Наследник | Дмитриј I |
| Consort | Федосија Александра Ивановна |
| Потомци | |
| Дмитриј I Љуба Ивановна Иван Иванович Марија Ивановна |
|
| Династија | Рурик |
| Татко | Иван I |
| Мајка | Елена |
| Погреб | Архангелска катедрала |
| Религија | Православие |
Иван II Иванович Убавиот (руски Иван II Иванович Красный) бил кнез на Големото московско кнежество и голем кнез на Владимир-Суздалското кнежество во периодот од 1353 до 1359 година.
Иван Иванович е вториот син на големиот кнез Иван Калита и го наследил поголемиот си брат Симеон Гордиот, кој како кнез починал од црната смрт заедно со своите синови, на тој начин неоставајќи никакви наследници. Пред да стане кнез, тој раководел со градовите Руза и Звенигород. Тој успеал да ги одржи и зачува блиските односи на кнежеството со Златната орда, но не успеал да ја зголеми територијата на кнежеството.
Во ова време сеуште се водела битка околку доминацијата на Московското кнежество над останатите кнежество во денешна североисточна Русија. На Иван II од голема корист и помош му биле московските бојари и свештенството.
Од втората сопруга Александра Ивановна Велеминова, ќерка на тогашниот градоначалник на Москва, Иван Иванович имал неколку деца, од кој еден и и неговиот наследник Дмитриј Донски.