Знаме на Индија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Индија Национални симболи на Индија[1]
Знаме Триколор
Амблем Лав Капитал
Химна Jana Gana Mana
Песна Vande Mataram
Животно Кралски бенгалски тигар
Птица Индиски паун
Цвеќе Лотус
Дрво Бенгалска смоква
Овошје Манго
Спорт Хокеј на трева
Календар Сака

Знамето на Индија е усвоено на 22 јули 1947[2] и малку модифицирано на 15 август истата година. Се состои од три еднакви хоризонтални ленти, горната се потрокалова бога, бела и долната зелена. Во центарот се наоѓа мариносиното тркало со 24 линии.

Знамето на Индија

Знамето со овие три бои прв пат ја употребила најголемата индиска партија, Индиски националнен конгрес (ИНК) како свое неофицијално знаме. Тогаш боите имале поинакво значење: црвената - хиндуизам, зелената - ислам а бела ги означувала сите останати религии, иако многу сметала дека белата боја всушност претставувава обединување на хиндуизмото и исламот. При официјалното усвојување на индиското знаме за боите е дадено следното објаснување: портокаловата претставува самоодрекување, бидејќи водачите мораат да бидат индиферентни во однос на материјалните добра и да бидат посветени на својата работа. Белата е светлина, патот на вистината. Зелената е односот кон земјата. тркалото во средината е чакрата, која го представува законот на вистината и добрината. Исто така го претставува и движењето кое Индија треба да ги следи[3].

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „National Symbols of India“. High Commission of India, London. http://www.hcilondon.net/india-overview/land-people/national-symbols.html. конс. 3 септември 2007. 
  2. Heimer, Željko (2 јули 2006). „India“. „Flags of the World“. http://www.crwflags.com/fotw/flags/in.html. конс. 11 октомври 2006. 
  3. „Flag Code of India“. Ministry of Home Affairs, Government of India. 25 јануари 2006. http://web.archive.org/web/20060110155908/http://mha.nic.in/nationalflag2002.htm. конс. 11 октомври 2006. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: