Знаме на Сингапур
Знамето на Сингапур е официјалното знаме на државата усвоено во 1959 година кога Сингапур станала самоуправувачка територија на Велика Британија. Кога државата се стекнала со целосна независност, знамето станало и национално на 9 август 1965 година. Знамето е составено од две хоризонтални ленти во црвена и бела боја. На црвната лента има приказ на бела полумесечина и пет ѕвезди.
Црвената боја симболизира универзално вратство и еднаквост на луѓето и белата боја симболизира чистота. Полумесечината симболизира млада нација, додека секоја ѕвезда претставува демократија, мир, прогрес, правда и еднаквост.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Lee, Kuan Yew (1998). „The Singapore Story: Memoirs of Lee Kuan Yew“. Singapore: Times Editions. стр. 342–343. ISBN 9812049835 (hbk.).
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Знаме на Сингапур“ |
- Сингапур на Flags of the World
- Знаме на Сингапур на World Flag Database
|
||||||||||||||