Знаме на Шри Ланка
 |
|
| Употреба |
Граѓанско, државно и пловно знаме  |
| Сразмер |
1:2 |
| Усвоено |
22 мај 1972 |
| Опис |
Жолта гранична лента во која се наоѓаат црвен квадрат и две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. На црвената лента има лав. |
Знаме на Цејлон од 1951 и 1972
Знаме на Цејлон 1948-1951
Знамето на Шри Ланка е националното знаме на Шри Ланка. Ова знаме се состои од златен лав на темноцрвена боја со меч во рака. До овој квадрат има две вертикални ленти во портокалова и зелена боја. Околу овие три ленти има жолта гранична лента. Ова знаме било усвоено во 1950 година по препорака на првиот премиер на Шри Ланка.
[уреди] Симболизам
Знамето на Шри Ланка ја претставува државата и нејзиното богатство. Симболизамот на елементите на знамето се:
| Елемент |
Симболизам |
| Лавот |
Синхалезискиот народ |
| Листовите бо |
Будизам и влијанието на будизмот врз нацијата. Исто така означуваат: добрина, пријателство, среќа и смиреноста. |
| Мечот на лавот |
Независноста на нацијата |
| Витканата коса на лавот |
Религиозност, мудрост и медитација |
| Брадата на лавот |
Чистотата на зборовите |
| Рачката на мечот |
Елементите: вода, оган, воздух и земја |
| Носот на лавпт |
Интелигенција |
| Предните шепи на лавот |
Чистотата при ракување со богатство. |
| Портокалова вертикална лента |
Тамилскиот народ |
| Зелена вертикална лента |
Исламот во Шри Ланка и Морците |
| Жолтата граница |
Останатите ентитети кои живеат во Шри Ланка |
| Основата |
Останати религиозни групи и етнички заедници |
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
|
Знаме на Азија |
|
Независни
држави |
|
|
| Непризнати држави |
|
|
| Зависни територии со специјален статус |
|
|
| 1 Понекогаш вклучена во Европа. 2 Позната и како Бурма. 3 Понекогаш вклучена во Океанија. 4 Трансконтинентална држава. |
|