Европска заедница за јаглен и челик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска заедница за јаглен и челик
Меѓународна организација
1952–2002¹

Знаме

Земји-основачи на ЕЗЈЧ: Белгија, Франција,
Италија, Луксембург, Холандија и Западна Германија
(Алжир беше интегрален дел од Француската Република)
Главен град немала²
Јазици
Државно уредување Меѓународна организација
Претседател на врховниот орган
 -  1952–1955 Жан Моне
 -  1955–1958 Рене Мајер
 -  1958–1959 Пол Фине
 -  1959–1963 Пјеро Малвестити
 -  1963–1967 Риналдо дел Бо
Историски период Студена војна
 -  Потпишан 18 април 1951
 -  во сила 23 јули 1952
 -  Припојување 1 јули 1967
 -  Истекува 23 јули 2002¹
Денес во  Европска Унија
¹ Договорот за ЕЗЈЧ истече во 2002, педесет години откако влезе во сила,[1], но неговите институции престанаа со работа во 1967 и сите европски заедници беа преземени од страна на Европската Унија во 1993.
² Политичките центри биле Луксембург и Стразбур, исто така, подоцна и Брисел.
³ Почетни јазици на основачите, пред приклучувањето и проширувањата, биле холандски, англиски, француски, германски и италијански.

Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) била меѓународна организација составена од шест нации, што служела да ја обедини Западна Европа за време на Студената војна и да создаде основа за современите текови на Европската Унија. ЕЗЈЧ беше првата организација заснована врз принципите на наднационалноста.

ЕЗЈЧ првпат била предложена од страна на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година, како начин да се спречи натамошната војна помеѓу Франција и Германија. Тој изјави дека неговата цел била „војната да се направи не само незамислива, туку и материјално невозможна.” Начинот да се направи тоа, првата Европска наднационална заедница, официјално беше основана со Договорот од Париз (1951 година), потпишан не само од страна на Франција и Западна Германија, но исто така и од Италија и трите држави на Бенелукс: Белгија, Луксембург и Холандија. Меѓу овие држави ЕЗЈЧ ќе создаде заеднички пазар за јаглен и челик. ЕЗЈЧ беше управувана од страна на „Врховниот орган”, надгледуван од страна на органи кои ги претставуваат владите, членовите на парламентите и независното судство.

ЕЗЈЧ била придружувана од две други слични заедници во 1957 година, со кои го делела своето членство и некои институции. Во 1967 година, сите нејзини институции се споија со таа на Европската економска заедница (ЕЕЗ, која подоцна стана дел од Европската Унија), но таа го задржа сопствениот независен идентитет. Сепак во 2002 година истече Договорот од Париз, и бидејќи немаше барање да се обнови договорот, сите активности и средства на ЕЗЈЧ биле опфатени од страна на Европската Економска Заедница. Во текот на своето постоење, ЕЗЈЧ успеа во создавањето на заеднички пазар, но не можеше да го спречи падот на индустриите за јаглен и челик. Таа сепак ја постави основата за идната Европска Унија.

Историја[уреди]

Како премиер и министер за надворешни работи, Шуман беше од голема важност за одвраќањето на француската политика од гаулистичката политика на постојана окупација или контрола на делови од германската територија како Рурската или Сарската област. И покрај непопустливата ултра-националност, гаулистите и комунистичката опозиција, француското Собрание изгласа неколку одлуки во корист на својата нова политика за интегрирање на Германија во заедницата. Како последица на тоа се смени Меѓународната власт за Рурската област. Водечките принципи на Шуман беа морални, врз основа на еднаквост на државите (меѓународна демократија), а не врз политика за моќ и доминација.

Шумановата декларација[уреди]

Шумановата декларација од 9. Мај 1950 година (подоцна познат како Ден на Европа) се случи по две средби на Кабинетот, предлогот стана француска владина политика. На тој начин, француската влада беше првата која се согласи да го сподели и зајакнува суверенитетот во една наднационална Заедница. Оваа одлука се базира на текст, напишан и уреден од страна на пријателот и колега на Шуман, правникот од Министерството за надворешни работи, Паул Ројтер со помош на Жан Моне и шефот на кабинетот на Шуман, Бернард Клапиер. Тој изложи план за Европската заедница да ги здружи јагленот и челикот на нејзините членови во заеднички пазар.

Шуман предложи „француско-германското производство на јаглен и челик како целина да се стави под еден заеднички Врховен орган, во рамките на една организација отворена за учество на другите земји на Европа.” Таквиот чин беше наменет да го помогне економскиот раст и да го зацврсти мирот меѓу Франција и Германија, кои беа историски непријатели. Јагленот и челикот беа многу важни ресурси потребни за една земја да води војна, па здружувањето на овие ресурси меѓу такви непријатели беше повеќе од симболично. На одлуката на Француската влада за неговиот предлог, Шуман гледаше како на прв пример за демократска и наднационална Заедница, и нов развој во историјата на светот. Некои на планот гледаа како на прв чекор кон „Европска федерација”, како Моне, кој во нацртот го прецрта зборот на Ројтер „'наднационална'” и додаде „федерација”.

Шумановата декларација која ја создаде ЕЗЈЧ имаше неколку различни цели:

  • Да го одбележи раѓањето на обединета Европа
  • Да ја направи војната меѓу земјите-членки невозможна
  • Да го охрабри светскиот мир
  • Да ја трансформира Европа преку процес „чекор-по-чекор” (создаден преку секторски наднационални заедници), кој ќе доведе до демократско обединување на Европа, вклучувајќи ги и Источна и Западна Европа, одделени со железната завеса
  • Да ја создаде првата светска наднационална институција и
  • Да ја создаде првата светска меѓународна анти-картел агенција
  • Да создаде единствен пазар во Заедницата
  • Почнувајќи од секторот за јаглен и челик, да ја ревитализира целата Европска економија преку слични процеси во заедницата
  • Да ја подобри светската економија и земјите во развој, како што е Африка.

Најпрво, таа беше наменета за да се спречи понатамошната војна помеѓу Франција и Германија и други држави преку отстранување на причината за војната. ЕЗЈЧ првенствено беше замислена со Франција и Германија: Зближувањето на европските нации побарува отстранување на прастарата опозиција помеѓу Франција и Германија. Секоја преземена активност најнапред мора да се однесува на овие две земји. Како најважни за производството на муниција, Шуман верувал дека со обединувањето на индустриите за јаглен и челик во Франција и Германија во иновативен наднационален систем кој исто така ја вклучувал и Европската анти-картел агенција, „ војната ќе ја направи не само незамислива тулу и материјално невозможна”. Понатамошната цел на Шуман беше: Со зголемувањето на ресурсите, Европа ќе биде во можност да продолжи со остварувањето на една од своите основни задачи, односно развој на африканскиот континент. Индустриските картели имале тенденција да наметнат „рестриктивни активности” на националните пазари, со оглед на тоа ЕЗЈЧ ќе се обезбеди зголемување на производството потребно за нивните амбиции во Африка.

Политички притисоци[уреди]

Во Западна Германија, Шумановата декларација ги зачува најблиските контакти со новата генерација на демократските политичари. Карл Арнолд, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, покраината во која беше вклучено производството на јаглен и челик на Рур, првично беше портпарол на германското Министерство за надворешни работи. Тој одржа голем број на говори и емисии за наднационална заедница за јаглен и челик во исто време кога Роберт Шуман, почна да ја предложува оваа заедница во 1948 и 1949 година. Социјал-демократската партија на Германија, и покрај поддршка од синдикатите и другите социјалисти во Европа, одлучи дека ќе се спротивстави на планот на Шуман. Личната недоверба на Курт Шумахер во Франција, капитализмот, и со исклучок на Конрад Аденауер, тој тврдеше дека фокусот на интеграцијата на „Мала Европа на шестте” ќе ја замени примарната цел на СДП за повторно обединување на Германија и на тој начин ќе ги поттикне ултра-националистичките и комунистичките движења на Западот. Тој, исто така, сметаше дека ЕЗЈЧ ќе стави крај на сите надежи за национализација на индустријата за челик и ќе ја претвори во Европа од „картели, службеници и конзервативци.” Помладите членови на партијата како Карло Шмид, беа, сепак, на страната на Заедницата и укажаа на долга социјалистичка поддршка за наднационалната идеја.

Во Франција, Шуман доби силна политичка и интелектуална поддршка од сите делови на нацијата и многу не-комунистички партии. Забележителни меѓу овие беа министерските колеги Андре Филип и Едуард Бонефас, претседател на Комитетот за надворешни односи, и поранешниот премиер, Пол Рејнад. Проектите за власта за јаглен и челик и други наднационални заедници беа формулирани во специјализирани поткомитети на Советот на Европа, во периодот пред тоа да стане француска владина политика. Шарл де Гол, кој тогаш беше надвор од власт, беше ран поддржувач на „поврзувањата”меѓу економиите, под француски услови, и зборуваше за „Европска конфедерација”, која ќе ги искористи ресурсите на Рур во 1945 година. Сепак, тој се спротивстави на ЕЗЈЧ како faux (лажно) здружување („le pool, ce faux semblant ”), бидејќи го сметаше за незадоволувачки „нецелосен пристап” кон Европско единство и сметаше дека француската влада „е преслаба” да доминира со ЕЗЈЧ како што тој сметаше дека треба. Де Гол, исто така, мислеше дека ЕЗЈЧ нема доволна наднационална власт, бидејќи Собранието не беше ратификувано со Европски референдум и тој не го прифаќаше тврдењето на Рејмонд Арон дека ЕЗЈЧ е наменета за оддалечување од доминацијата на САД. Следствено, Де Гол и неговите следбеници во Сојузот на францускиот народ гласаа против ратификацијата во Долниот дом на францускиот Парламент.

И покрај ваквите напади и на оние од екстремната левица, ЕЗЈЧ пронајде значителна јавна поддршка и беше основана. Таа доби силно мнозинство на гласови во сите единаесет комори на парламентите на Шесте држави, како и одобрување помеѓу здруженијата и Европското јавно мислење. Во 1950 година, многумина мислеа дека е неизбежна уште една војна. Сепак, интересите за челик и јаглен беа сосема едногласни во нивната спротивност. Советот на Европа, создаден на предлог на првата влада на Шуман во мај 1948 година, помогна јасно да се изрази Европското јавно мислење и на Заедницата и даде позитивна поддршка.

Договорите[уреди]

Договорот од Париз, составен од 100 членови, со кој беше основана ЕЗЈЧ беше потпишан на 18. Април 1951 година од страна на „внатрешните шест”: Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Луксембург и Холандија. ЕЗЈЧ беше прва меѓународна организација заснована врз наднационални принципи и, преку воведување на заеднички пазар за јаглен и челик, имаше за цел да ги развие економиите, да ја зголеми вработеноста, како и да го подигне животниот стандард во рамките на Заедницата. Пазарот, исто така, беше наменет за постепена рационализација на распространетоста на висококвалитетното производство, додека се осигуруваше стабилноста и вработувањата. Заедничкиот пазар за јаглен беше отворен на 10. Февруари 1953 година, а за челик на 1. Мај 1953. По стапување во сила ЕЗЈЧ постепено ја замени Меѓународната власт за областа Рур. На 11. Август 1952 година, САД беше првата земја (со исклучок на членовите на ЕЗЈЧ) која ја призна Заедницата и изјави дека сега ќе тргува со ЕЗЈЧ кога станува збор за јаглен и челик, основајќи своја делегација во Брисел. Претседателот Моне на ова одговори со изборот на Вашингтон Д.С. како место на првото надворешно присуство на ЕЗЈЧ. Насловот на првиот извештај на делегацијата гласеше „Кон Сојузната Влада на Европа”.

Шест години по Договорот од Париз, Римските договори беа потпишани од страна на шестте членови на ЕЗЈЧ, креирајќи ја Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (ЕЗАЕ или „Евроатом”). Овие Заедници, со одредени прилагодувања, беа засновани врз ЕЗЈЧ. Римските договори требаше да бидат во сила на неодредено време, за разлика од Договорот од Париз, кој требаше да истече по педесет години. Овие две нови Заедници, секоја посебно, работеа на создавањето на царинска унија и на заедница за нуклеарна енергија. Договорите од Рим беа избрзани навреме пред Де Гол да ја преземи власта и да ја прогласи Петтата Република. И покрај неговите напори да ги „задуши” Заедниците, нивните полиња брзо се проширија и ЕЕЗ стана најважен инструмент за политичко обединување, засенувајќи ја при тоа ЕЗЈЧ.

Обединување и истекување[уреди]

И покрај тоа што ЕЗЈЧ, ЕЕЗ и Евроатом беа посебни правни тела, првично ги делеа Заедничкото Собрание и Европскиот суд на правдата, иако Советите и Врховниот орган / комисиите остана посебни. За да се избегне удвојување, Договорот за спојување ги спои овие посебни тела на ЕЗЈЧ и Евроатом со ЕЕЗ. ЕЕЗ подоцна стана еден од трите столба на денешната Европска Унија.

Како што се развиваа и прошируваа ЕЗ и ЕУ, така Договорот од Париз беше често изменуван и дополнуван. Бидејќи договорот истекуваше во 2002 година, во почетокот на 1990-тите години започна расправа за тоа што треба да направи со него. На крајот беше одлучено дека треба да се остави тој да истечи. Областите опфатени со Договорот за ЕЗЈЧ беа пренесени во Договорот од Рим и финансиските недостатоци и фондот за истражување на ЕЗЈЧ беа решени преку протокол од Договорот од Ница. Договорот конечно истече на 23. Јули 2002 година. Тој ден, знамето на ЕЗЈЧ за последен пат беше спуштено пред Европската комисија во Брисел и беше заменето со знамето на ЕУ.

Хронологија на договори[уреди]

Потпишан
Во сила од
Документ
1948
1948
Договор од Брисел
1951
1952
Договор од Париз
1954
1955
Изменетиот Договор од Брисел
1957
1958
Договорите од Рим
1965
1967
Договор за спојување
1975
N/A
Заклучок на Европскиот совет
1985
1985
Шенгенска спогодба
1986
1987
Единствен европски акт
1992
1993
Договорот од Мастрихт
1997
1999
Договор од Амстердам
2001
2003
Договорот од Ница
2007
2009
Договорот од Лисабон
Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif
                         
Трите столба на Европската Унија:  
Европската Заедница:  
Европска заедница за атомска енергија (EURATOM)
Европска заедница за јаглен и челик (EЗЈЧ) Договорот истече во 2002г. Европска Унија (ЕУ)
    Европска економска заедница (ЕЕЗ) Европска заедница (ЕЗ)
        Шенгенска зона    
    TREVI Правда и внатрешни работи (JHA)  
  Полициска и судска соработка за кривични прашања (PJCC)
          Европска политичка соработка (ЕПС) Надворешни работи и безбедносна политика на Унијата (CFSP)
Неконсолидирани тела Западна Европска Унија (WEU)    
Договорот завршува во 2010 г.  
                       

Институции[уреди]

Институциите на ЕЗЈЧ беа Врховниот орган, Заедничкото собрание, Специјалниот совет на министри и Судот на правдата. Советодавен комитет беше формиран заедно со Врховниот орган, како петта институција која го претставува граѓанското општество. Ова беше прво меѓународно претставување на потрошувачите во историјата. Овие институции беа споени во 1967 година со оние на Европската Заедница, која потоа управуваше со ЕЗЈЧ, освен со Комитетот, кој и натаму беше независен се до истекот на Договорот од Париз во 2002 година.

Во Договорот е наведено дека локацијата на институциите ќе се реши со заедничка согласност на членовите, но сепак прашањето беше жестоко оспорено. Како привремен компромис, институциите беа привремено лоцирани во градот Луксембург, и покрај тоа што седиштето на Собранието беше во Стразбур.

Врховен орган[уреди]

Врховниот орган (претходникот на Европската комисија) е деветчлен извршен орган кој управуваше со заедницата. Франција, Германија и Италија именуваа двајца членови на органот и трите помали членови именува по еден. Овие осум членови потоа именува деветто лице да биде претседател на Врховниот орган.

И покрај тоа што беа именувани со спогодба на заедничко делување на националните влади, членовите дадоа заклетва дека нема да ги претставуваат своите национални интереси, туку дека ќе ги бранат општите интереси на Заедницата во целост. Нивната независност беше потпомогната од страна на членовите со тоа што им беше забрането да имаат било какво занимање надвор од Органот или да имаат било какви бизнис интереси (платени или неплатени) и после три години откако ќе ја напуштат функцијата. За дополнително да се обезбеди непристрасност, една третина од членството требаше да се обновува на секои две години (Член 10).

Принципот на иновација на Врховниот орган беше неговиот наднационален карактер. Тој имаше широка област на компетентност, за да се обезбеди дека целите на договорот беа исполнети и дека заедничкиот пазар функционира без проблеми. Врховниот орган може да издава три вида на правни инструменти: одлуки, кои се целосно обврзувачки закони; препораки, кои имаа обврзувачки цели, но методите се оставени на земјите-членки; и мислења, кои немаа правна моќ.

До спојувањето во 1967 година, Врховниот орган имаше пет Претседатели проследени со привремен Претседател кој служел во последните денови.

Претседател Држава Стапил на функција Ја напуштил функцијата Власт
Жан Моне Франција 10. Август 1952 3. Јуни 1955 Власта на Моне
Рене Мајер Франција 3. Јуни 1955 13. Јануари 1958 Власта на Мајер
Пол Фине Белгија 13. Јануари 1958 15. Септември 1959 Власта на Фине
Пиеро Малвестити Италија 15. Септември 1959 22. Октомври 1963 Власта на Малвестити
Риналдо Дел Бо Италија 22. Октомври 1963 6. Јули 1967 Власта на Дел Бо
Алберт Копе Белгија привремено Власта на Копе


Други институции[уреди]

Заедничкото Собрание (кое подоцна стана Европски Парламент) беше составено од 78 претставници и извршуваше надзорни овластувања над извршниот Врховен орган. Претставниците на Заедничкото Собрание требаше да бидат национални пратеници избрани секоја година од страна на нивните Парламенти за Собранието, или директно избрани „'со универзалното право на глас'” (Член 21). Иако во пракса тоа било порано, бидејќи немало услов за избори се до Договорите од Рим и не постоеле вистински избори до 1979 година кога Рим побара спогодба во Советот за изборниот систем во прв план. Сепак, со цел да се нагласи дека комората не е традиционална меѓународна организација составена од претставници на националните влади, Договорот од Париз го корисеше терминот „претставници на народите”. Собранието не беше првично наведено во планот на Шуман, поради тоа што постоеја надежи дека Заедницата ќе ги користи институциите (Собранието, Судот) на Советот на Европа. Кога ова стана невозможно, поради британските забелешки, мораше да бидат создадени посебни институции. Собранието беше наменето како демократска контра-тежина и надзор на Врховниот орган, да го советува, но и да има власт за отпуштање на Органот поради некомпетентност, неправда, корупција или измама. Прв Претседател (како и гласноговорник) беше Пол-Анри Спаак.

Специјалниот Совет на министри (еквивалент на сегашниот Совет на Европската Унија) беше составен од претставници на националните влади. Секоја држава претседаваше со Претседателството во период од три месеци, ротирајќи меѓу нив по азбучен ред. Еден од неговите клучни аспекти беше усогласување на работата на Врховниот орган и на националните влади, кои сеуште беа одговорни за државните општи економски политики. Од Советот исто така се бараше да дава мислења за одредени области од работата на Врховниот орган. Прашањата поврзани само со јаглен и челик, беа единствено во доменот на Врховниот орган и во овие области Советот (за разлика од денешниот Совет) можеше да само делува како надзорник на Органот. Сепак, за области надвор од јагленот и челикот, беше задолжителна согласност од Советот.

Судот на правдата требаше да обезбеди надзор на законот на ЕЗЈЧ како и толкување и примена на Договорот. Судот беше составен од седум судии, именувани со заедничка согласност на националните влади за шест години. Не постоеја услови дека судиите треба да бидат од одредена националност, едноставно дека тие се квалификувани и дека нивната независност нема никакво сомневање. Судот беше потпомаган од два Генерални адвокати.

Советодавниот комитет (слично на Економскиот и социјален комитет) имаше помеѓу 30 и 50 членови подеднакво поделени помеѓу производителите, работниците, потрошувачите и дилерите во секторот за јаглен и челик. Повторно, немаше национални квоти, туку Договорот бараше од претставниците на европските асоцијации да ги организираат нивните сопствени демократски процедури. Тие требаше да постават правила за да го направат своето членство целосно „'застапувачки'” за демократски организираното граѓанско општество. Членовите беа назначени на две години и не беа обврзани со мандат или наредби од организациите кои ги именуваа. Комитетот имаше потполно собрание, биро и претседател. Повторно, потребните демократски процедури не беа воведени и номинацијата на овие членови остана во рацете на националните министри. Врховниот орган беше должен, во одредени случаи каде тоа беше соодветно, да се консултира со Комитетот и да го известува. Советодавниот комитет остана посебен (и покрај спојувањето на други институции) до 2002 година, кога Договорот истече и неговите должности беа преземени од страна на Економскиот и социјален комитет (ЕСК). И покрај неговата независност, Комитетот соработуваше со ЕСК кога тие беа консултирани за истото прашање.


Успеси и неуспеси[уреди]

Нејзината мисија (Член 2) беше сеопфатна: да се „'придонесе за растот на економијата, развојот на вработување и подобрување на животниот стандард'” на своите граѓани. Во однос на производството на јаглен и челик, Заедницата имаше мал ефект со значително намалување на секторите и зголеменување во однос на светските трендови. Трговијата меѓу членовите се зголеми (десеткратно за јаглен), што ги заштеди средствата на членовите со тоа што немаше увоз на ресурси од САД, особено во оние држави каде што имаше смалувања. Врховниот орган исто така, издаде 280 заеми за модернизација на индустријата со што и помогна на индустријата за подобрување на производството и намалување на трошоците. Трошоците биле дополнително намалени со укинувањето на царините на границите.

Меѓу најголемите достигнувања на ЕЗЈЧ се оние поврзани со социјалните прашања. Некои рудници, на пример, беше јасно дека се неодржливи без владините субвенции. Некои рудари имаа исклучително сиромашни домаќинства. Повеќе од 15 години таа финансираше 112.500 станови за работниците, и плаќаше 1.770 $ по стан, овозможувајќи им на работниците да купат дом кој инаку не би можеле да си го дозволат. ЕЗЈЧ, исто така, плати половина од трошоците за професионалното прераспределување на оние работници кои ги изгубија своите работни места, кога постројките за јаглен и челик почнаа да се затвораат. Во комбинација со помошта за регионалните реконструкции, ЕЗЈЧ потроши 150.000.000 $ за создавање на 100.000 работни места, од кои една третина беа за невработените работници за јаглен и челик. Гаранциите за благосостојба создадени од страна на ЕЗЈЧ беа проширени и за работниците надвор од секторот за јаглен и челик од страна на некои од нејзините членови.

Далеку поважно од создавањето на првата социјална и регионална политика на Европа, се вели дека е тоа што ЕЗЈЧ го воведе Европскиот мир. Тоа го вклучуваше и првиот Европски данок на континетот. Ова беше рамниот данок, оданочување на производството со максимална стапка од еден процент. Имајќи предвид дека земјите на Европската заедница сега се соочуваат со најдолгиот период на мир во повеќе од две илјади години, ова е опишан како најевтин данок за мир во историјата. Беше избегната уште една светска војна, или „'светско самоубиство'” како што Шуман ја нарекуваше оваа закана во 1949 година. Во Октомври 1953 година Шуман изјави дека е елиминирана можноста за уште една европска војна. Меѓу земјите-членки мораше да преовладува аргументирање.

Меѓутоа, ЕЗЈЧ не успеа да постигне неколку основни цели на Договорот од Париз. Постоеја надежи дека ЕЗЈЧ ќе спречи повторно појавување на големи групации за јаглен и челик како што е Концерн (Konzerne), која му помогна на Адолф Хитлер да ја зголеми власта. Во размените во Студената војна, повторно се појавија картелите и големите компании, што доведе до очигледно одредување на цените (уште еден елемент кој требаше да се реши). Со демократски надзорен систем најлошите аспекти на минатата злоупотреба се избегнаа со анти-картел овластувањата на Органот, првата меѓународна анти-картел агенција во светот. На успешните фирми им беше дозволено да се прошират во Европски пазар без непотребна доминација. Нафтата, гасот, струјата, станаа природни конкуренти на јагленот и ја скршија моќта на картелите. Исто така, со преминот кон нафта, Заедницата не успеа да дефинира соодветна енергетска политика. Договорот на Евроатом во голема мера беше задушен од де Гол и европските влади го одбија предлогот за Енергетска заедница, вклучувајќи електрична енергија и други вектори што беше предложено во Месина во 1955 година. Во време на висока инфлација и монетарна нестабилност ЕЗЈЧ, исто така, не успеа да обезбеди нагорно изедначување на платите на работниците во рамките на пазарот. Овие грешки може да се припишат на преголемите амбиции во краток временски период, или дека целите беа само политички поставени да бидат занемарени. Се тврди дека најголемите достигнувања на Европската заедница за јаглен и челик лежат во своите револуционерни демократски концепти за наднационална Заедница.

Наводи[уреди]