Европска заедница за атомска енергија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска заедница за атомска енергија
Знамето на Европска заедница за атомска енергија
Местоположбата на Европска заедница за атомска енергија
Сегашни земји-членки на ЕВОАТОМ, кои се совпаѓаат со земјите-членки на ЕУ.
Административен центар Брисел, Белгија
Официјални јазици 23
Тип Меѓународна организација
Членство 27 земји членки на ЕУ
Основање 1958
 -  Договорот од Рим 1 јануари 1958 
 -  Договор за спојување 1 јули 1967 
Целосно контролирана од страна на ЕУ

Европската заедница за атомска енергија (ЕАЕЦ или ЕВРОАТОМ) е меѓународна организација која правно се разликува од Европската Унија (ЕУ), но ги има истите земји-членки и е управувана од институциите на ЕУ.

Основана е на 25 март 1957 година, заедно со Европската економска заедница (ЕЕЗ), со договорот од Рим, кој е преземен од страна на институциите на извршната власт на ЕЕЗ во 1967 година. Иако во 1993 и 2009 година другите заедници се споија, правната природа на нуклеарната програма се разликуваше од Европската Унија.

Историја[уреди]

За да се опфатат другите извори на енергија, Заедничкото собрание предложи проширување на овластувањата на Европската заедница за јаглен и челик. Меѓутоа, Жан Моне, кој е инженер (по занимање) и претседател на ЕЗЈЧ, посакуваше посебна заедница за да се опфати нуклеарната енергија. Луј Арман беше задолжен за проучување на можностите за користење нуклеарна енергија во Европа и во својот извештај дојде до заклучок дека е потребен дополнителен развој на нуклеарна енергија за да се пополни дефицитот, кој беше последица на исцрпувањето на депозитите на јаглен и да се намали зависноста од проиводителите на нафта. Меѓутоа земјите на Бенелукс и Германија исто така сакаа да создадат општ заеднички пазар, иако на ова се противеше Франција поради нејзиниот протекционизам и Жан Моне сметаше дека тоа е премногу голема и тешка задача. На крајот, Моне за да ги помири двете групи го предложи создавањето на посебна заедница за атомска енергија и посебна економска заедница.

Во 1956 година, мeѓувладината конференција на заедничкиот пазар и ЕВРОАТОМ во Вал Душес (Val Duchesse) ги изготвија суштинските елементи на новите договори. ЕВРОАТОМ ја унапреди соработката во областа на нуклеарната енергија, во тоа време многу популарна област, и заедно со ЕЕЗ имаа исто Заедничко собрание и Суд за правда со ЕЗЈЧ, но не и истите органи на извршната власт на ЕЗЈЧ. ЕВРОАТОМ имаше своја комисија, со помали овластувања од Високиот орган на ЕЗЈЧ, и Совет. На 25 март 1957 година, земјите-членки на ЕЗЈЧ ги потпишаа Римските договори и тие стапија во сила на 1 јануари 1958 година.

За да се заштеди на ресурси ,во 1956 година со Договорот за спојување се соединија посебните органи на извршната власт создадени со Римските договори. Институциите на ЕЗЈЧ ги преземаа одговорностите за водењето на ЕЕЗ и ЕВРОАТОМ,со што сите три потоа станаа познати како Европски заедници и покрај тоа што секоја од нив од правен аспект опстојувше посебно. Во 1993 година со договорот од Мастрихт се создаде Европската Унија, со што Заедниците беа обединети во првиот столб-Европска заедница, но и покрај тоа ЕВРОАТОМ сè уште опстојува како посебен правен субјект и договорот останува во сила релативно неизменет од неговото првично потпишување.

Целта на Европскиот устав беше да ги соедини сите претходни договори и да ја зголеми демократската одговорност во нив. ЕВРОАТОМ не беше изменет на ист начин како и другите договори ,па според тоа неколку негови овластувања му се доделија на Европскиот парламент. Меѓутоа, причината поради која тој не беше изменет беше истата поради која Уставот се разликува од оној на другите земји-членки на ЕУ: Европското избирачко тело беше против користење нуклеарно оружје кое може неосновано да ги сврти гласачите против договорот.

Потпишан
 Стапил во сила
Документ
1948
1948
Договорот од Брисел
1951
1952
Договорот од Париз
1954
1955
Модифицираниот договор од Брисел
1957
1958
Договорите од Рим
1965
1967
Договорот за спојување
1975
N/A
Заклучок на Европскиот Совет
1985
1985
Шенгенски договор
1986
1987
Единствен европски акт
1992
1993
Договорот од Мастрихт
1997
1999
Договорот од Амстердам
2001
2003
Договорот од Ница
2007
2009
Договорот од Лисабон
Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif Pix.gif
                         
Трите столбови на ЕУ:  
Европски Заедници:  
Европска заедница за атомска енергија(ЕВРОАТОМ)
Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) Договорот истече во 2002 година Европска унија (ЕУ)
    Европска економска заедница (ЕЕЗ) Европска заедница (ЕЗ)
        Шенген зона    
    TREVI Правда и внатрешни работи(ПВР)  
  Полициска и судска соработка во кривични предмети(ПССКП)
          Европска политичка соработка (ЕПС) Заедничка надворешна и безбедносна политика (ЗНБП)
Неконсолидирани тела Западноевропска унија(ЗЕУ)    
Договорот истече во 2010 година  
                       

Цели и достигнувања[уреди]

Целите на ЕВРОАТОМ се да создаде специјализиран пазар за нуклеарна енергија и да се дистрибуира преку Заедницата, како и да развива нуклеарна енергија и суфицитот да го продава на земјите кои не се дел од Заедницата. Во моментот, негов голем проект е учеството во меѓународниот реактор за фузија ИТЕР (Интернационалниот термонуклеарен експериментален реактор) кој е финансиран во рамките на делот за нуклеарна енергија ФП7 (Седма рамковна програма за истражување и технолошки развој). ЕВРОАТОМ исто така обезбедува механизам за обезбедување кредити за финансирање на нуклеарни проекти во ЕУ.

Во историјата на европската регулатива во Член 37 од договорот за ЕВРОАТОМ, за прв пат е претставено законодавство во однос на поврзувањето на прекуграничните обврски во поглед на влијанието на животната средина и заштита на луѓето.

Претседатели на ЕВРОАТОМ[уреди]

Петчлената комисија беше предводена само од три претседатели и имаше независни органи на извршната власт (1958-1967), сите од Франција.

  • Луј Арман (Франција) 1958-1959- Комисија на Арман
  • Етиен Хирш (Франција) 1959-1962- Комисија на Хирш
  • Пјер Шатне (Франција)1962-1967- Комисија на Шатне