Гросер Кнехтзанд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гросер Кнехтзанд во близина на устието на Везер
Тенкоклуни рибарски на Гросер Кнехтзанд

Гросер Кнехтзанд — голем песочен брег зад утоките на Везер и Елба во источниот дел на Ваденското Море во Долна Саксонија во близина на брегот на Северна Германија. Се наоѓа помеѓу островите Мелум (што е 16 километри на југозапад) и Нојверк (11 километри североисточно). Средишниот дел на песочниот брег се наоѓа над ознаката за висок водостој, и го чини Хохсанд на Хохер Кнехтзанд, кој порано бил остров. Хоксанд лежи 11 км западно од селото Беренш на најблискиот дел од копното во округот Куксхафен во Ланд Вурстен.

Хохер Кнехтзанд се протега во правец исток-запад во должина од 2,5 километри, а широк е 0,6 километри на запад и 1,6 километри на исток. Површината на песочниот брег над ознаката за висок водостој е околу 2,6 квадратни километри.

Гросер Кнехтзанд, заедно со островот Тришен, е една од најважните области за митарење на гусковидната патка, а заедно со Тришен, Нордерог и Минсенер Ог, ја има една од најголемите и најдолготрајните колонии на тенкоклуни рибарки. Во голем број ги има и ајдерската патка и обичната фока.

Источно од Гросер Кнехтзанд лежат калливите површини на Спикер Бар. На север и на југ се граничи со плимните канали (Приле) на Вестертил, Остертил и Робинс Баљ. Понатаму југоисточно е Вурстер Ват во близина на брегот на Ланд Вурстен.

За да му овозможи на населението на Хелголанд да се врати во својот дом, тогашниот канцелар, Конрад Аденауер, ја понудил областа околу Гросер Кнехтзанд како алтернативно место за воени вежби. Како резултат на тоа, од 1952 година областа делувала како цел за вежбање бомбардирање на остри експлозивни и запалливи бомби на британското кралско воздухопловство наместо Хелголанд. Неколку години подоцна, еколошката свест се зголемила и, кога договорот истекол во 1957 година, истиот не бил обновен. Оваа важна област за одмор и митарење морски птици била назначена во 1957 година како најголем германски резерват на природата во Германија. Од 1986 година областа е дел од строго заштитената „тивка зона“ на Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море .

Околу 2 км северозападно од Гросер Кнехтзанд се наоѓаат песочните брегови на Клајн Кнехтзенде.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Friedrich, Ernst Andreas (1980). Naturdenkmale Niedersachsens. Hanover, ISBN 3-7842-0227-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]