Тенкоклуна рибарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тенкоклуна рибарка
Номинираниот подвид T. S. sandvicensis
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Рибарки
Род: Thalasseus
Вид: Тенкоклуна рибарка
Биномен назив
Thalasseus sandvicensis
(Latham, 1787)
      Размножување       Постојан жител       Зимување
Синоними

Sterna sandvicensis

Тенкоклуната рибарка (науч. Thalasseus sandvicensis), (син.. Sterna sandvicensis)[2] е средно голема птица од фамилијата на рибарките. Има сиви горни делови, а бели долни. Клунот е црн со жолт врв. На главата има бушава црна креста која е со послаб интензитет во зима со белата круна. Ловат риби нуркајќи со залет од високо, а нудењето риба на женката е дел од додворувањето на мажјакот.

Таксономија[уреди]

Рибарките се мали до средни птици кои по надворешност личат на галебите, но обично со поделикатна, полесна градба и пократки и послаби нозе. Имаат долги, зашилени крилја кои им овозможуваат брз лет, и обично имаат убаво изразена чаталеста опашка. Повеќето видови се сиви одозгора и бели одоздола, со црна капа, која се редуцира или покрива со бело зиме. [3]

Тенкоклуната рибарка за првпат беше опишана од орнитологот Џон Латам во 1787 година како Sterna sandvicensis, но од неодамна е преместена во својот род Thalasseus, следејќи ги ДНА студиите кои потврдија дека трите типа на декорации на главата (бела круна, црна капа и црна капа со бела дамка на челото) ги имаат рибарките во определените кладови.[2] Сегашното име на видот потекнува од грчкото Thalassa, „море“, и sandvicensis кое се однесува на Сендвич (Кент), мало гратче во Англија, Латамов локален тип. Кај птиците, обично sandvicensis се однесува на вид кој за првпат е забелажан на Хаваите, порано познати како Сендвички Острови ("Sandwich Islands"), но оваа рибарка воопшто ја нема таму.

Птицата им три подвида:

  • T. s. sandvicensis (Latham, 1787), која се размножува на крајбрежјата на Атлантикот и Медитеранот во Европа и мигрира во западна Африка и Арабија;
  • незначително помалата T. s. acuflavida (Cabot, 1847), наречена Каботова рибарка, која се размножува на атлантскиот брег од Северна Америка, а зимува на Карибите;
  • жолтоклуната T. s. eurygnatha (Saunders, 1876) (понекогаш сметана и за посебен вид, Каенова рибарка, T. eurygnatha), која се рамзножува на атлантскиот брег на Јужна Америка од Аргентина на север до Карибите, преклопувајќи се со T. s. acuflavida во нејзиниот северен опсег.

Опис[уреди]

T. s. acuflavida вон сезона на парење, Флорида

Тенкоклуната е средно голема рибарка, со должина од 37 до 43 см и распон на крилјата 85-97 см, која не може да се помеша со некоја друга во својот опсег, освен во Јужна Америка со T. elegans. Клунот на оваа рибарка е тенок, остар, црн со жолт врв (освен расата во Јужна Америка која има жолт или портокалов клун). Кратките нозе се црни. Одозгора крилјата се светло сиви, а долните делови се бели. При лет, оваа птица изгледа многу светло иако примарните пердуви за летање се потемни летно време.[4] Зимно време, челото на птицата станува бело. Младенчињата имаат темни врвови на опашките и скалест изглед на грбот и крилјата.[4] Огласувањето на тенкоклуната рибарка е карактеристично гласно крескање кер-ик или кирр-инк.[4]

Однесување[уреди]

Овој вид се размножува во многу густи колонии на бреговите од океаните или островите, понекогаш во копното во одговарачка средина, крај големи езера, близу до брегот. Гнездат во плитка дупка на земја и несат 1 до 3 јајца. За разлика од другите рибарки не се толку агресивни во одбрана од предаторите, но се сместуваат близу, често само 20-30 см до поагресивните арктичка рибарка (Sterna paradisaea) и езерскиот галеб (Chroicocephalus ridibundus), за да ја избегнат опасноста.

Како и другите рибарки, и оваа се храни со нурнување од лет, директно, на тој начин ловејќи ја рибата. Нудењето риба на женката е дел од додворувањето на мажјакот за време на сезоната на парење.

Статус[уреди]

Тенкоклуната рибарка е широко распространета на 100.000–1.000.000 км², со популација од 460.000 до 500.000 поединци. Популацијата не се намалува во трендот кој се смета за критичен (повеќе од 30% во 10 години или три генерации), па затоа се смета на вид со најмала загриженост.[1]

Сепак, Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни миграторни птици, се однесува и на овој вид.[5]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2004). Sterna sandvicensis. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 11 May 2006 (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern
  2. 2,0 2,1 Bridge, Eli S.; Jones, Andrew W. & Baker, Allan J. (2005). „A phylogenetic framework for the terns (Sternini) inferred from mtDNA sequences: implications for taxonomy and plumage evolution“ (PDF). „Molecular Phylogenetics and Evolution“ 35 (2): 459–469. doi:10.1016/j.ympev.2004.12.010. PMID 15804415. http://www.cmnh.org/site/Files/Ornithology/MPETerns.pdf. 
  3. Snow & Perrin (1998) 764
  4. 4,0 4,1 4,2 Hume R (2002). „RSPB Birds of Britain and Europe“. London: Dorling Kindersley. стр. 186. ISBN 0-7513-1234-7. 
  5. „Annex 2: Waterbird species to which the Agreement applies“ (PDF). „Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA)“. UNEP/ AEWA Secretariat. http://www.unep-aewa.org/documents/agreement_text/eng/pdf/aewa_agreement_text_annex2.pdf. конс. 4 јули 2008. 
  • Snow, David; Perrins, Christopher M (editors) (1998). „The Birds of the Western Palearctic (BWP) concise edition (2 volumes)“. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. 
  • Harrison, Peter (1988): Seabirds (2nd edition). Christopher Helm, London ISBN 0-7470-1410-8
  • National Geographic Society (2002): Field Guide to the Birds of North America. National Geographic, Washington DC. ISBN 0-7922-6877-6
  • Olsen, Klaus Malling & Larsson, Hans (1995): Terns of Europe and North America. Christopher Helm, London. ISBN 0-7136-4056-1
  • Stienen, Eric WM (2006): Living with gulls: trading of food and predation in the Sandwich Tern Sterna sandvicencis. PhD Thesis University Groningen. [1]

Надворешни врски[уреди]