Пелворм

Координати: 54°31′0″N 8°38′13″E / 54.51667° СГШ; 8.63694° ИГД / 54.51667; 8.63694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пелворм
Светилникот во Пелворм
Светилникот во Пелворм
Светилникот во Пелворм
Грб на Пелворм
Пелворм во рамките на Германија
Пелворм
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Пелворм
Градоначалник Јирген Федерсен (ДХС)
Основни податоци
Површина 37,44 км2
Надм. височина 2 м
Население 1.203 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 32 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25846–25849
Повик. бр. 04844
Портал www.pellworm.net
Местоположба на Пелворм во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°31′0″N 8°38′13″E / 54.51667° СГШ; 8.63694° ИГД / 54.51667; 8.63694

Пелворм (германски: Pellworm; дански: Pelvorm; севернофризиски Pälweerm) — општина и остров во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Општината се наоѓа на истоимениот остров — еден од трите најголеми во архипелагот Севернофризиски Острови на брегот на Северното Море.

Во средновековниот период, Пелворм бил дел од поголемиот остров Штранд, кој потопен на делови при ужасната плимна бура во 1634 година. Други остатоци на Штранд се Нордштранд и хализите. Сите овие припаѓале на историската област Утланде.

До Пелворм се стигнува со ферибот кој тргнува од соседниот полуостров Нордштранд (кој пак е поврзан со копното преку патен насип).

Една од најголемите хибридна обновлива енергетска централа во Европа се наоѓа во Пелворм.[2] Претставува мешавина на фотоволтаична и ветерна енергија и обезбедува над 700 мегават часови електрична енергија годишно.

Заедно со неколку помали острови, Пелворм е дел од истоимената општинска заедница, чие седиште се наоѓа на островот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. „Хибридни фотоволтаични системи“. Denis Lenardic. Архивирано од изворникот на 2010-11-28. Посетено на 2015-04-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]