Грб на Кенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Кенија
Coat of arms of Kenya.svg
Подробно
Усвоен 1963

Грбот на Кенија е усвојен 1963 година.

Се состои од традиционален источноафрикански штит со две копја кои прикажуваат два лава, кои симболизираат заштита. Штитот исто како и копјето симболизираат одбрана и слобода. Бојата на штитот претставува:[1]

  • црна - народот на Кенија
  • зелена - земјоделството и природните богатства
  • црвена - борба за слобода
  • бела - единство и мир

Во средишниот дел на штитот се наоѓа петел кој држи секира. Под штитот се наоѓа силуета на Маун Кенија и земјоделските производи: кафе, сисал, чај, пченка, и ананас. Под тоа се наоѓа црвена лента со државното мото: „Работиме заедно“.

Наводи[уреди]

  1. Kenya National Archives. „Kenya Armorial Ensigns“. http://www.kenyarchives.go.ke/emblem.htm. конс. 31 јули 2008. 

Видете уште и[уреди]