Грб на Чад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Чад
Подробно
ГрбоносецЧад
Усвоен1970
ЧеленкаСонце
Штитзлатни цик-цак ленти на сина подлога
Држачикоза и лав
МотоUnité, Travail, Progrès ("Единство, работа, прогрес")
ОрдениНационален орден на Чад

Грбот на Чад е официјалниот грб на оваа африканска држава кој бил усвоен во 1970 година. Центарот на грбот е составен од син штит на кој има приказ на жолти ленти, додека над штитот има приказ на црвен изгрев на сонце. Од лево и десно се држачите на штитот, односно златни коза и лав. Под штитот се наоѓа Националниот орден на Чад и лента во златна боја со натпис на француски јазик „Unité, Travail, Progrès“ или „Единство, работа, прогрес“. Штитот и лентите го симболизираат езерото Чад, додека сонцето е симбол за нов почеток. Козата го симболизира северниот дел од земјата, додека лаво јужниот.

Поврзано[уреди | уреди извор]