Грб на Либија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Со пропаѓањето на режимот на Муамер Гадафи, Либија сеуште нема официјален грб. Националниот Преоден Совет користи свое лого. Додека уставната декларација од август, 2011 година го дефинира знамето на Либија, не постои декларација за грбот.

Лого на Националниот Преоден Совет[уреди]

Нациналниот Преоден Совет, кој е признаен од страна на ОН од септември 2011, користи лого за официјални документи. На емблемот е прикажана полумесечина и ѕвезда претставени во боите на либиското знаме (црвена, црна, зелена). Напишано е и името на советот المجلس الوطني الانتقالي (al-majlis al-waṭanī al-intiqālī, "Национален Преоден Совет") и името на државата ‏ليبيا (Lībiyā, Либија) на арапски и на англиски јазик.

Историја[уреди]

Кралство Либија[уреди]

Грбот на Кралството Либија 1952-1969

Грбот на Кралството Либија бил користен од 1952 до 1969, а уште е познат и како круната на Либија.

Либија за време на Гадафи[уреди]

Во 1970 година, Либија вовела нов грб сличен со оној на Египет, во 1972 кога била формирана Федерација на Арапските Републики, Либија пак вовела нов грб сличен со оној на Сирија, на кој е претставен орелот на племето на пророкот Мухамед. Кога Либија ја напуштила федерацијата во 1977 година, грбот бил сменет, така што била додадена зелената боја зада го означи новото знаме, воведено во исто време, како и Зелената револуција на Гадафи.