Грб на Мавританија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Мавританија.

Грбот на Мавританија е официјалниот грб на државата кој е усвоен на 1 април 1959 година. Грбот е составен од сив диск на кој има напишано со зелени букви „Исламска Република Мавританија“ на арапски и француски јазик. Во средината има зелен диск на кој има прикажано златна ѕвезда и златна полумесечина, а до нив има приказ на палма и растение во сива боја. Боите се панафрикански, а зелената симболизира Ислам, заедно со полумесечината и ѕвездата, а златната боја ги симболизира песоците на Сахара.

Поврзано[уреди | уреди извор]