Грб на Ангола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Ангола
Coat of arms of Angola.svg
Подробно
Грбоносец Ангола
Усвоен 2 ноември 1990

Грбот на Ангола е националниот грб или амблем на оваа африканска држава, кој го претставува скорешното минато на државата. Грбот е направен по марксистичката идеологија, додека во минатото државата имала друг грб кој ја симболизирал нацијата.

Грбот е составен од вкрстени мачета и мотика на сина позадина над која има петокрака, а во позадината има изгрев на сонце. Околу овие елементи има венец од половина клип и половина листови од кафе и памук. На дното има отворена книга, а под книгата лента со натпис „Република Ангола“ на португалски јазик.

Мачетата и мотиката ја претставуваат револуцијата преку која се стекнала независноста на државата и важноста на индустријата. Петокраката го симболизира социјализмот, додека сонцето е симбол на нов почеток. Клипот ја симболизира индустријата, додека памукот и кафето земјоделството. Книгата симболизира образование.

Историски грбови[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]