Грб на Сејшелите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грбот на Сејшелите е официјалниот грб на државата. Грбот е составен од штит на кој има приказ на желка на зелен остров, веднаш до кокосова палма. Во позадина на островот има сино море со два мали острова и брод. Над штитот има сребрен шлем, над кој има три брановидни ленти во сина и бела боја и бела тропска птица. Штито е држен од две сабјарки и целиот грб е над бела лента со натпис „Крајот го краси делото“ или на латински Finis Coronat Opus.

Поврзано[уреди | уреди извор]