Кокосова палма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кокос
Кокосова палма (Cocos nucifera)
Научна класификација
Царство: Растенија
Класа: Монокотиледони[1]
Ред: Палмовидни
Подред: Комелиниди
Фамилија: Палми
Род: Кокос
Вид: Кокосова палма
Биномен назив
Cocos nucifera
L.
Природната распространетост на кокосот (обрабен со црвено)
Зелени кокосови ореви

Кокосова палма или само кокос (науч. Cocos nucifera) — дрво од фамилијата на палмите (Arecaceae) и единствениот вид од родот кокос (Cocos).[2] Поимот „кокос“ може да се однесува како на нејзиниот плод, така и на целата палма. Поимот потекнува од португалски и шпански збор од XV век coco, што значи „глава“ или „череп“,[3] поради трите дупки на оревот што личат на човечко лице.

Расте низ тропските и суптропските краишта и има многу намени во домаќинството, занаетчиството и индустриското стопанство. Кокосовиот орев дава кокосова вода и ќумур од лушпата и влакна од надворешната кошулка. Месото се користи во готвењето, во свеж облик или суво (копра). Од внатрешноста се добива и масло и млеко, кои исто така наоѓаат широка примена во кулинарството и козметиката.

Опис[уреди]

Кокосовата палма расте до висина од 30 м и има перјесто зеленило со должина од 4-6 м, а поединечните листови се долги 60–90 см. Кога ќе се исушат, паѓаат целосно, и стеблото останува мазно. Постојат два типа: високи и џуџести.[4] На мошне плодно земјиште, палмата дава до 75 ореви годишно, но најчесто од секое дрво се добиваат највеќе 30 поради несоодветната земјоделска практика.[5] Во последно време приносите се поголеми благодарение на напредокот во тениката на одгледување.[6][7] Дрвото е еднодомно, што значи дека има и машки и женски цветови.[8] Женскиот е многу поголем од машкиот. Цветањето се одвива непрекинато преку целата година.

Плод[уреди]

Кокосовиот орев е јаткаст плод (не оревест)[9] со три слоја: надворешен, среден и внатрешен (егзокарп, мезокарп и перикарп). Надворешниот и средниот ја сочинуваат „кошулката“ која се отстранува пред да оди на пазарот во нетропските земји. Средниот дел е составен од кокосово влакно (коир) кое наоѓа разни примени. Лушпата има три „устиња“ за ’ртење во облик на потемни крукчиња.

Зрелиот кокосов орев тежи околу 1,44 кг. Еден тон копра се добива од 6.000 зрели кокоси.[10]

Потекло и распространетост[уреди]

Потекло[уреди]

Потеклото на кокосовото дрво не е сосем утврдено.[11][12][13] Едни тврдат дека тоа се краиштата околу Меланезија и Малезија, или пак околу Индискиот Океан, а други пак сметаат дека потекнува од северозападна Јужна Америка.[11][12][13]

Природна распространетост[уреди]

Мелен кокос (копра) во вреќичка
Кокос како ’рти на плажа на Хавајските Острови

Кокосовата палма расте на песоклива почва и голема отпорност на сол. Претпочита и места со многу сонце и обилни врнежи (1500-2500 мм годишно), па затоа е толку честа по бреговите во тропските предели.[14] Дрвото бара и доста влага (70–80%+) за да расте правилно, и затоа не вирее на топли, но суви места. Не трпи студ и најдобро успева при средна годишна температура од 27°C. Растот забележително се намалува под 21°C.

Одгледување[уреди]

Најголеми производители во 2010 г.
Земја Производство
(тони)
Филипини Филипини 19.500.000
Индонезија Индонезија 15,540.000
Индија Индија 10.824.100
 Бразил 2.759.044
 Шри Ланка 2.200.000
 Тајланд 1.721.640
 Мексико 1.246.400
Виетнам Виетнам 1.086.000
Папуа Нова Гвинеја Папуа Нова Гвинеја 677.000
 Малезија 555.120
Танзанија Танзанија 370.000
 Вкупно 54.716.444
Извор: ФАО

Кокосовите палми се одгледуваат во преку 80 земји во светот, произведувајќи 61 милиони тони кокосови ореви годишно.[15] Дрвата многу тешко успеваат во сува клима и не растат без обилно наводнување.[14]

Во некои делови од светот (Тајланд и Малезија) приносот го берат дресирани свињоопашести макаки.[16]

Во кулинарството[уреди]

Кокосот служи за исхрана во разни делови на светот. Оревот дава масло за јадење, готвење и маргарин. Белата внатрешност (месото) се става во манџи сушена или свежа, како и при изработката на кондиторски производи и чоколади.

Копра[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Копра.

Копрата е исушено кокосово месо од внатрешноста на оревот. Откако ќе се обработи, од неа се добива кокосово масло и мелен кокос. Маслото се користи за готвење и во козметиката.

Во верските обреди[уреди]

Оревите на кокосот се важен дел од обредите во хиндуизмот. Често се украсуваат со шарени алуфолии за среќа и бериќет и се подаваат како дар за богот. Пред да почне некоја работа или потфат, верникот крши кокосов орев за да добие благослов од боговите и да му тргне работата. Божицата на благосостојбата и богатството Лакшми се прикажува како држи кокосов орев.[17]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Hahn, William J. (1997). Arecanae: Палми — проект „Дрво на животот“ (англиски) конс. 4 април 2011
  2. КокосКралски ботанички градини, Кју (англиски)
  3. Dalgado, Sebastião. Glossário luso-asiático, Volume 1 pg 291
  4. T. Pradeepkumar, B. Sumajyothibhaskar, and K.N. Satheesan. (2008). Management of Horticultural Crops (Horticulture Science Series Vol.11, 2nd of 2 Parts). New India Publishing. pp. 539–587. ISBN 978-81-89422-49-3.
  5. Grimwood 1975, стр. 18.
  6. Sarian, Zac B. (18 август 2010). New coconut yields high. The Manila Bulletin. конс. 21 април 2011
  7. Ravi, Rajesh. (March 16, 2009). Rise in coconut yield, farming area put India on top. The Financial Express. конс. 21 април 2011
  8. Thampan, P.K. (1981). Handbook on Coconut Palm. Oxford & IBH Publishing Co.
  9. Coconut, Plant of Many Uses
  10. Bourke, R. Michael and Tracy Harwood (Eds.). (2009). Food and Agriculture in Papua New Guinea. Australian National University. стр327. ISBN 978-1-921536-60-1.
  11. 11,0 11,1 Grimwood, Brian E., F. Ashman, D.A.V. Dendy, C.G. Jarman, E.C.S. Little, and W.H. Timmins. (1975). Coconut Palm Products – Their processing in developing countries. Rome: FAO. pp. 3–4. ISBN 978-92-5-100853-9.
  12. 12,0 12,1 Perera, Lalith, Suriya A.C.N. Perera, Champa K. Bandaranayake and Hugh C. Harries. (2009). "Chapter 12 – Coconut". In Johann Vollmann and Istvan Rajcan (Eds.). Oil Crops. Springer. стр. 370–372. ISBN 978-0-387-77593-7.
  13. 13,0 13,1 Jackson, Eric. (August 20 - September 2, 2006). From whence come coconuts?. The Panama News (Volume 12, Number 16). Retrieved April 10, 2011.
  14. 14,0 14,1 Cocos nucifera (coconut) (version 2.1). In C.R. Elevitch (Ed.). Species Profiles for Pacific Island Agroforestry. Hōlualoa, Hawai‘i: Permanent Agriculture Resources (PAR).
  15. Производство на земјоделски култури за 2010 г.ФАО конс. 14 април 2011 (англиски)
  16. Bertrand, Mireille. (27 јануари 1967). Training without Reward: Traditional Training of Pig-tailed Macaques as Coconut Harvesters. Science 155 (3761): 484–486.
  17. Dallapiccola, Anna. Dictionary of Hindu Lore and Legend. ISBN 0-500-51088-1.

Надворешни врски[уреди]