Граѓани на Самоиловото царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Словѣне [1]
Јазици
старословенски јазик
Вероисповед
Православие
Сродни народи
Словени

Граѓаните на Самоиловото царство биле населението кое живеело во границите на големата македонска средновековна држава на чие чело стоел Самоил. Најголем дел од населението во целото царство биле Словени (Македонците, Бугарите и Србите) или словенизирано население кое го зборувало службениот јазик во државата - старословенски јазик. Во помал број имало Грци кои зборувале грчки јазик и живееле во Тесалија која била дел од Самуиловото царство по 973 година, Албанци и Власи како народи кои останаа од Римското Царство и македонските староседелци кои со тек на времето го прифаќаат старословенскиот јазик и заедничкиот живот со македонските Словени во Македонија. Најголем број од населението имало православна религија и биле припадници на тогаш новосоздадената независна црква во Преспа која претставувала предок на Охридската архиепископија. Помеѓу словенските народи не постоело диференцирање, па затоа сите граѓани кои го зборувале словенскиот јазик биле нарекувани Словени (старословенски: Словѣне), додека византиските автори граѓаните на оваа држава ги нарекувале Бугари (грчки: Βούλγαροι).

Култура[уреди | уреди извор]

Јазик[уреди | уреди извор]

Библијата на старословенски јазик

Службен јазик во Самоиловото царство бил старословенскиот јазик (словѣ́ньскъ ѩзкъ) кој уште е наречен и средновековен македонски јазик. Старословенскиот јазик на Балканскиот Полуостров се засновал на јазикот што го зборувале македонските Словени во регионот на Солун.

Со големата преселба на народите дошло до раселување на многу народи и племиња, меѓу кои биле и Словените. Кон крајот на VI век од нашата ера словенските племиња веќе ја имале напуштено својата (претпоставена) прататковина во Закарпатието и се раселувале низ Европа. Раселувањето се движело главно во три правци: на исток низ Источноевропската Низина, на запад кон средна Европа и на југ кон Балканскиот Полуостров. Со распадот на оваа „племенска“ заедница на старите словени, дошло до јазично раслојување на словенските говори, односно на распад на прасловенската јазична заедница. Така се оформиле три големи групи дијалекти: источна, западна и јужна група. Секоја од овие групи пројавила (создала) сопствени особини кои ја разликувале од останатите, но се претпоставува дека овие разлики биле (до средината на IX век, т.е. до запишувањето на првите словенски зборови) сè уште мали и не толку значајни за да пречат во дирекната комуникација помеѓу говорителите на различни дијалекти. Од друга страна, пак, овие групи биле своевидни конгломерати, па во секоја од нив се јавувале поддијалекти. Така, крајот на VI век се смета за крај на постоењето на единствената прасловенска јазична заедница.

Религија[уреди | уреди извор]

Света Софија

Целото населеие на Самоиловото царство имало православна христијанска религија. Откако Комитопулите ја направија првата средновековна македонска држава се стремеа за нејзина црковна независност, затоа во престолнината на својата империја - градот Преспа кој се наоѓал во Мало Преспанско Езеро изградиле голема црква Св. Ахил која била седиште на новосоздадената Преспанска православна црква. Во оваа црква се предавало исклучиво на словенски јазик и таа претставувала предок на Охридската архиепископија.

Откако Самоил ја преместил престолнината од островот Ахил во Охрид поради безбедносни причини го преместил и седиштето на црквата. Во Охрид била изградена црквата Света Софија која станала престолнина на Охридската архиепископија. Оваа црква продолжила да постои и по поразот на Самоил но под власт на Цариградската патријаршија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. I. Maguel, Samuel: The king that defeated the Greeks, 2003, page 32