Градска ластовичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Градска ластовичка
Летајќи над Исланд каде гнезди само повремено
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ластовици
Род: Delichon
Вид: Градска ластовичка
Биномен назив
Delichon urbicum
(Карл Лине, 1758)
жолто - лето

сино - зима

Синоними

Hirundo urbica Linnaeus, 1758



Градската ластовичка (Delichon urbicum), е птица преселница, која се размножува во Европа, северна Африка и умерените делови на Азија; а зимува во Сахара, Африка и тропските делови на Азија. Mоже да се најде и во природата и блиску до населените места. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Возрасна градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 см, и просечно тежи околу 18.3 гр. Има сина глава и горен дел со бел заден и долен дел, кафеави очи и мал црн клун додека неговите канџи како и видливиот дел од нозете им се розови. Половите се слични меѓу себе, но младите ластовички се целосно темно црни, освен крилјата кои имаат бели краеви. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Оваа ластовица е гласна птица, особено кога се пари.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Градска ластовичка

Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2,200м. Додека мигрира, оваа ластовичка се храни во воздух со инсекти, и најчесто патува преку ден, иако некои птици летаат и ноќе.[2] Миграцијата си носи и свои опасности; во 1974, неколку стотини илјади ластовички биле најдени мртви или пред умирање на Алпите и околните делови, поради тешките налети на снег и ниските температури. Преживувањето на возрасните ластовички за време на есенската преселба зависи најмногу од температурите, но ниските температури се покритични за младите.

Однесување[уреди]

Размножување[уреди]

Градска ластовичка собира кал за гнездото(Данска)
Градска ластовичка

Градската латовичка првично се гнездела во пештери и гребени; и некои колонии кои се гнездат во гребени сè уште постојат, и го градат гнездото под висечка карпа. Денес, овие ластовички најчесто прават гнезда на објекти изградени од луѓето, како што се мостовите и куќите. За разлика од селската ластовичка, градската ластовичка повеќе ги користи надворешните делови од населените објекти, отколку внатрешноста на штали и амбари. Гнездото е во вид на затворена шолја, фиксирана на греда, со тесен отвор на врвот. Се гради од страна на двата пола со кал и пелети коишто ги вградуваат со помош на клуновите, и покриена со трева, или друг мек материјал. Калта ја собираат од вирови, бари или потоци. Оваа ластовичка се размножува колонијално, и гнездата многу често им се блиски едно до друго. Многу е честа групата од помалку од 10 гнезда, но има и колонии кои направиле рекорд од илјадници гнезда. Најчесто се снесуваат 4-5 јајца, со просечни димензии 1.9x1.7 см, и тежат 1.7 гр. Инкубацијата трае 14-16 дена. Новородените пилиња не се способни да се грижат за себе, но по 22-23 дена, зависи од времето тие стануваат независни и го напуштаат гнездото. Овие ластовички најчесто имаат по 2 легла годишно, и првото легло се поправа и употребува одново и одново.

Исхрана[уреди]

Гнездо со пилиња

Исхраната на градската ластовичка е слична со исхраната на другите ластовички и се состои најчесто од инсекти кои ги фаќа при летање. Овој вид лови на просечна висина од 21м за време на сезоната за парење, но во влажни услови пониско. Најчесто ловат во регион од околу 450 м од леглото.


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Delichon urbicum. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106007150. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Kube, Jan; Kjellén Nils; Bellebaum, Jochen; Klein, Ronald; Wendeln, Helmut: "How many diurnal migrants cross the Baltic Sea at night?" Instituts für Vogelforschung Poster.

Надворешни врски[уреди]


Шаблон:Hirundinidae