Градови во Црна Гора

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е список на градови во Црна Гора во кој се вклучени сите населби од градски тип, што имаат најмалку 2.000 жители. Сите наведени населби ги исполнуваат барањата за статус на град на црногорското Биро за статистика, кои вклучуваат густина на населението, процент од населението вработено во земјоделство и услуги, инфраструктура итн. Ова им овозможува на населбите, кои всушност според населението се помали од некои села да се нарекуваат градови. Најголем град во Црна Гора е главниот град Подгорица во кој живее 35,6% од градското[1], односно 27,5% од вкупното население во земјата.

Во Црна Гора има 21 општина со 40 урбани и 1216 селски населби.[2]

Во табелата населените места се напишани на кирилица и латиница, што во Црна Гора и понатаму се користат истовремено.

Број Име латиница 1991 2003 2008
приближно
Општина
1. Подгорица Podgorica 116.235 136.473 143.718 Подгорица
2. Никшиќ Nikšić 55.718 58.212 58.649 Никшиќ
3. Плевља Pljevlja 20.887 21.377 21.379 Плевља
4. Биело Поле Bijelo Polje 16.464 15.883 15.447 Биело Поле
5. Бар Bar 10.848 13.719 14.871 Бар
6. Цетиње Cetinje 15.843 15.137 14.668 Цетиње
7. Херцег Нови Herceg Novi 11.217 12.739 13.260 Херцег Нови
8. Будва Budva 7.086 10.918 12.702 Будва
9. Беране Berane 11.957 11.776 11.547 Беране
10. Улцињ Ulcinj 10.025 10.828 11.019 Улцињ
11. Тиват Tivat 8.079 9.467 9.956 Тиват
12. Рожае Rožaje 8.828 9.121 9.131 Рожае
13. Доброта1 Dobrota 7.203 8.169 8.473 Котор
13. Котор1 Kotor .... ... 5.341 Котор
14. Даниловград Danilovgrad 4.388 5.208 5.512 Даниловград
15. Тузи Tuzi 2.477 3.789 4.423 Подгорица
16. Биела Bijela 3.029 3.748 4.042 Херцег Нови
17. Мојковац Mojkovac 4.391 4.120 3.969 Мојковац
18. Шкаљари Škaljari 4.168 4.002 3.897 Котор
19. Игало Igalo 3.613 3.754 3.782 Херцег Нови
20. Плав Plav 4.073 3.615 3.401 Плав
21. Буртаиши Burtaiši 2.750 3.013 3.097 Бар
22. Ибарац Ibarac 2.445 2.877 3.026 Рожае
23. Колашин Kolašin 2.807 2.989 3.011 Колашин
24. Голубовци Golubovci 2.754 2.869 2.890 Подгорица
25. Шушањ Šušanj 1.266 2.212 2.715 Бар
26. Ресник Resnik 2.726 2.739 2.704 Биело Поле
27. Недакуси Nedakusi 2.351 2.308 2.259 Биело Поле
28. Сутоморе Sutomore 1.085 1.827 2.213 Бар
29. Рисан Risan 2.009 2.083 2.090 Котор
30. Озриниќи Ozrinići 1.873 2.024 2.062 Никшиќ
31. Мојановиќи Mojanovići 1.438 1.850 2.021 Подгорица

1 - Иако Котор и Доброта се водат како посебни населби, тие фактички образуваат еден град со вкупно население од околу 13,800 лица.

Наводи[уреди]

  1. Rast gradskog stanovništva, DAN - dnevne novine
  2. Odrzivi gradovi u Crnoj Gori, Miroslav Doderović, Zdravko Ivanović