Градови во Андора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во Андора не се прави разлика во видот на населените места. Заради полесно разбирање, условно може да се прифати дека сите населби под 1.000 жители се села, а оние над 1.000 жители се градови.

Во агломерацијата на главниот град Андора ла Велја живеат околу 40 илјади жители или нешто помалку од половина од населението на земјата. Интересно е да се напомене дека голем дел од населбите во Андора формираат мали агломерации во кои ретко има дефинирана граница помеѓу населените места.

Населбите означени со задебелени букви се центри на општините во Андора.

Bр. Грб Име Каталонски Население
(2009)[1]
1. Escut d'Andorra la Vella.svg Андора ла Велја Andora la Vella 20.436
2. Escut d'Escaldes-Engordany.svg Ескалдес-Енгордањ1,2 Les Escaldes 16.714
3. Escut d'Encamp.svg Енкамп Encamp 8.799
4. Escut de Sant Julià de Lòria.svg Сант Жулија де Лорија Sant Julià de Lòria 8.127
5. La Masana coa.gif Ла Масана La Massana 5.007
6. Пас де ла Каса3 Pas de la Casa 3.099
7. Санта Колома2 Santa Coloma d'Andorra 2.994
8. Escut d'Ordino.svg Ордино Ordino 2.710
9. Escut de Canillo.svg Канилјо Canillo 2.186
10. Аринсал Arinsal 1.623
11. Ел Тартер El Tarter 1.454
12. Вила3 Vila 1.184
13. Ле Бонс3 Les Bons 1.181
14. Сиспони Sispony 1.016

1 Ескалдес-Енгордањ се состои од населбите Ескалдес и Енгордањ, кои се сметаат за една и иста административна единица.
2 Градот де факто е предградие на Андора ла Велја.
3 Градот де факто е предградие на Енкамп.

Наводи[уреди]

  1. Статистички годишник за 2010 г. — Статистичка служба на Андора (шпански)