Готска Санден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Готска Санден
МСЗП Категорија II (Национален парк)
GotskaSandon EastSide.jpg
Поглед на источното крајбрежје од светилникот.
Место Готланд, Шведска
Најблизок град Форесунд
Координати 58°22′ СГШ 19°15′ ИГД / 
Површина 4,9 км², од кои 8,42 км² се вода.[1]
Основан 1909, проширен во 1963 и 1988[1]
Управен орган Служба за заштита на природата
Готска Санден се наоѓа во Шведска
Готска Санден
Готска Санден во рамките на Шведска

Готска Санден (швед. Gotska Sandön) е ненаселен остров на Шведска во Балтичкото Море. Сместен е 38 км северно од островот Форе. Долг е околу 9 км, а широк е околу 6 км. Зафаќа површина од приближно 36 км².

Готска Санден претежно се состои од песокливо земјиште, со плажи, дини и борови шуми. Името „Готска Санден“ во буквален превод значи „готландски песоклив остров“. Во 1909 островот е прогласен за национален парк. Освен колонијата од сиви фоки, вишата фауна не е особено богата. Меѓутоа на островот изобилува разновидни инсекти и растенија, вклучувајќи неколку вида на орхидеи. Во текот на летото се организираат редовни тури со брод што поаѓаат од Форе и Нинесхамн.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]