Костерхавет (национален парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк Костерхавет
Kosterhavets nationalpark
МСЗП Категорија II (Национален парк)
Kalvö Ramneberg. Vy åt NNV.jpg
Error: no map specified when using {{Infobox map}}
[[file:Пронајдена е јамка во шаблонот: Шаблон:ПозКарта|284px|Местоположбата на Национален парк Костерхавет]]<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Неочекуван оператор <%; left: Грешка во изразот: Неочекуван оператор <%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Местоположбата на Национален парк Костерхавет
Место Бохуслен, Шведска
Најблизок град Стремстад
Координати 58°50′ СГШ 11°01′ ИГД / 
Површина 388,78 км²[1]
Основан 2009
Управен орган Служба за заштита на природата
Официјално мреж. место

Националниот парк Костерхавет (швед. Kosterhavets nationalpark) е првиот морски национален парк во Шведска, отворен во септември 2009.[2] Паркот се протега во општините Стремстад и Танум во покраината Бохуслен (округ Вестра Јеталанд.[3][4] Го опфаќа морското подрачје и крајбрежјето околу Костерските Oстрови, но без самите острови. На север се граничи со норвешкиот морски парк Итре Хвалер.

Природа[уреди]

Логото на Костерхавет
Топографска карта на паркот

Животната околина во паркот е својствена само за Шведска. Тука се присутни над 6.000 морски видови, од кои 200 ги нема на ниедно друго место во земјата. Фјордот Костерфјорд е длабок 200 м со студена вода (5-7 °C) и висока соленост (~35%). Струите од Атлантикот носат разни раменоги, сунѓери и корални ларви. Во паркот се гнездат ретки птици како поларната рибарка и поморникот, заедно со голем број на фоки. Во поплитките води на крајбрежјето се мрестат рибата-лист, бакаларот и морската пастрмка.

Стопанскиот риболов е дозволен, но под посебни услови. Подрачјето е значајно како ловиште на северни ракчиња и норвешки јастози. Риболовот не е заштитен со еколошките регулативи, туку подлежи на законите за рибарење од 2000 г.[5]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Национален парк Костерхавет“. Служба за заштита на природата. http://www.naturvardsverket.se/en/In-English/Menu/Enjoying-nature/National-parks-and-other-places-worth-visiting/National-Parks-in-Sweden/Kosterhavet-National-Park/. конс. 5 ноември 2009.  (англиски)
  2. „Мрежно место на националниот парк Костерхавет“. Окружен административен одбор на Вестра Јеталанд. 10 септември 2009. http://www.lansstyrelsen.se/vastragotaland/Projektwebbar/Kosterhavet/. конс. 10 септември 2009.  (шведски)
  3. „Костерхавет е предвиден да биде првиот морски национален парк во Шведска“. Служба за заштита на природата. http://www.naturvardsverket.se/sv/Arbete-med-naturvard/Satsning-pa-havsmiljo/Skydd-av-marina-omraden/Kosterhavet-planeras-bli-Sveriges-forsta-marina-nationalpark/. конс. 26 јуни 2009.  (шведски)
  4. Првиот морски национален парк во Шведска“, Svenska Dagbladet, 19 март 2009 (конс. 26 јуни 2009). (шведски)
  5. „Одговорен риболов во морскиот национален парк“. Одбор за риболов. http://sottochsalt.fiskeriverket.se/Article.asp?ArticleId=141. конс. 10 септември 2009.  (шведски)

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]