Горгула

Координати: 40°55′N 23°34′E / 40.917° СГШ; 23.567° ИГД / 40.917; 23.567
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горгула
Γεωργουλά
Горгула is located in Грција
Горгула
Горгула
Местоположба во областа
Горгула во рамките на Визалтија (општина)
Горгула
Местоположба на Горгула во општината Визалтија и областа Централна Македонија
Координати: 40°55′N 23°34′E / 40.917° СГШ; 23.567° ИГД / 40.917; 23.567
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСер
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горгула или Јоргула (грчки: Γεωργουλά, Георгула) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Серското Поле, на 1 км јужно од селото Бајрактар и 5 км североисточно од гратчето Нигрита.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Горгула било мешано чифлигарско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Гургула (Gurgula) имало 27 домаќинства со 6 жители муслимани и 80 жители Грци.[2]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Георгула, село на еден час североисточно од Нигрита; тука се и споменатите минерални води. Георгула е чифлик на Н. Михаил, кој го подарил на опшствените установи, училиште и болница во градот.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Горгула имало 230 жители, од кои 150 Роми, 60 Македонци и 20 Турци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горгула имало 184 Македонци.[1]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна Горгула е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 11 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 9.[1]

Во согласност со Лозанскиот договор, грчките власти населиле бегалски семејства со вкупно 11 бегалци од Мала Азија, поради што во пописот од 1928 г. населението броело 21 жител, од кои 19 мажи. Во пописот од 1940 г. селото имало 9 жители, а подоцна во текот на Втората светска војна било целосно напуштено и избришано од евиденција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 232.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123.
  3. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 845.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.