Висои (Беранци)

Координати: 41°09′32″N 21°21′35″E / 41.15889° СГШ; 21.35972° ИГД / 41.15889; 21.35972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Висои

Карта

Местоположба 41°09′32″N 21°21′35″E / 41.15889° СГШ; 21.35972° ИГД / 41.15889; 21.35972
Основни податоци
Место Беранци
Општина Могила
Тип

 тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Висоиархеолошко наоѓалиште во битолското село Беранци. Претставува тумул од железно време. Се наоѓа на 17 км од Битола и на околу 300 м од левата страна на стариот пат БитолаПрилеп, на тромеѓата помеѓу селата Црнобуки, Могила и Беранци. Овде уште во 1954 година се пронајдени три тумули подредени во еден правец и оддалечени еден од друг од 300 до 500 м. Со рилањето на теренот, на најголемата могила биле откриени гробови со камени плочи, поради што истата година е извршено заштитно ископување. Најдени се 47 гробови од камени плочи - тип циста, радијално распоредени, опкружени со сувоѕидан прстен од камен и централен гроб на средината кој е временски постар. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069