Црквиште (Беранци)

Координати: 41°09′32″N 21°21′35″E / 41.15889° СГШ; 21.35972° ИГД / 41.15889; 21.35972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквиште

Карта

Местоположба 41°09′32″N 21°21′35″E / 41.15889° СГШ; 21.35972° ИГД / 41.15889; 21.35972
Основни податоци
Место Беранци
Општина Могила
Тип

 некропола


Период раноантичко време
хеленистичко време
Портал „Археологија“

Црквиштеархеолошко наоѓалиште во битолското село Беранци. Претставува некропола од раноантичко и хеленистичко време. Се наоѓа на 2 км источно од селото и на 16 км северно од Битола, непосредно до автопатот БитолаПрилеп, каде на релативно мал простор имало голема концентрација на гробови од кои Музејот од Битола] истражил околу 70. Некрополата егзистирала од крајот на VI до средината на III век пред н.е. и во неа се пронајдени повеќе типови на гробни конструкции, со големи разлики во димензиите, како и во насоченоста. Најстарите гробови на местото познато како Петилеп, кои потекнуваат од крајот на VI век пред н.е., се вкопувани на поголемо растојание еден од друг, и тоа претежно во југозападниот дел на просторот. Подоцна, околу нив биле вкопувани помладите гробови од V до III век пред н.е., при што се забележува дека во IV век биле групирани во помали или поголеми групи. Во гробовите од архајскиот и класичниот период се пронајдени кремирани покојници, додека од оние од III век едни се со кремирање, други со скелетно погребување, и тоа во масивни конструкции. Гробовите од хеленистичкото време се ѕидани од тули и во нив остатоците од кремираните мошти заедно со накитот биле поставувани во едниот крај, а керамичките садови и другите прилози по целиот простор на гробот. Наодите се наоѓаат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069