Винзен (Алер)

Координати: 52°40′48″N 9°54′34″E / 52.68000° СГШ; 9.90944° ИГД / 52.68000; 9.90944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Винзен (Алер)
Општинското собрание на Винзен
Општинското собрание на Винзен
Општинското собрание на Винзен
Грб на Винзен (Алер)
Винзен (Алер) во рамките на Германија
Винзен (Алер)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Целе
Градоначалник Дирк Елман (СДП)
Основни податоци
Површина 155,39 км2
Надм. височина 33 м
Население 13.378 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 86 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CE
Пошт. бр. 29308
Повик. бр. 05143
Портал www.winsen-aller.de
Местоположба на Винзен (Алер) во рамките на округот Целе
Карта
Карта
Координати 52°40′48″N 9°54′34″E / 52.68000° СГШ; 9.90944° ИГД / 52.68000; 9.90944

Винзен (Алер) (германски: Winsen (Aller)) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Винзен има околу 12.900 жители и се наоѓа во јужниот дел на Линебуршкото Поле, на бреговите на реката Алер, западно од нејзината притока, Ерце и околу 15 километри северозападно од окружниот град Целе.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината е составена од местата Винзен, Банеце, Мајсендорф, Штеден, Зидвинсен, Терен, Вале и Волтхаузен.

Историја[уреди | уреди извор]

Името на градот е изведено од „Винхаузен“ (Wynhausen; Wyn = ливада). Црквата во Винзен е посветена на Свети Јован Крстител. Бидејќи сите села со цркви именувани по овој светец се појавиле околу 800 година, поради што се претпоставува дека Винзен бил тогаш основан.

Денес, Винзен е омилено место за одмор во областа, а од 1975 година е прогласено и официјално за здравствен центар (Luftkurort).

Политика[уреди | уреди извор]

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот на општината ја прикажува портата Штехинели, една од знаменитостите на Винзен, а помеѓу двете стражарници се наоѓа грбот на Линебург, златен штит со црвени срца околу син лав.

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Природен и птичји резерват Мајсендорфско Езеро и Банецер Мор, најголема водна површина во Линебуршкото Поле;
  • Музејска фарма Винзен (Museumshof Winsen), го прикажува руралниот живот со градби од XVII-XIX век, како и типични долногермански куќи.
  • Најран доказ за ветерница во Винзен е од 1589 година. Денешната ветерница (Bockwindmühle) била изградена во 1732 година и работела до 1929 година. Станала посед на општината во 1938 година.
  • Црквата, како и селото, настанала во текот на мисионерскиот период во Саксонија во IX век. Црквата „Св. Јован Крстител“ била изградена во XIV век како готска долга куќа, која била проширена на северната страна во 1597 година. Во 1822 година била започната поголема обнова, со што се добила новата градба.
  • Портата Јункер (Junkerntor) — една од најстарата зачувана историска градба во Винзен. Претставувала влез кон велепоседничката куќа (Rittergut). Портата всушност е дел и од грбот на Винзен.
  • Принцовските камења (Prinzensteine) поставени покрај патека помеѓу Винзен и Олдау како потсетник на одлучувачка битка на 28 мај 1388 година во текот на Линебуршката војна за наследство (Lüneburger Erbfolgekrieg).
  • Денешното општинско собрание (Rathaus) било првично изградено во 1727 година окружен уред (Amtshaus), но морала да биде срушена поради небезбедни темели. Подоцна, била изградена во барокен стил. На 4 мај 1972 година, поранешниот окружен уред, кој бил користен како паб, станал општинско собрание.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]