Хамбирен

Координати: 52°38′0″N 9°59′0″E / 52.63333° СГШ; 9.98333° ИГД / 52.63333; 9.98333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хамбирен
Велепоседничка куќа Риксферде
Велепоседничка куќа Риксферде
Велепоседничка куќа Риксферде
Грб на Хамбирен
Хамбирен во рамките на Германија
Хамбирен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Целе
Месни единици 6
Градоначалник Томас Хербст (независен)
Основни податоци
Површина 56,7 км2
Надм. височина 36 м
Население 10.628 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 187 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CE
Пошт. бр. 29313
Повик. бр. 05084, 05143 (Oldau)
Портал www.hambuehren.de
Местоположба на Хамбирен во рамките на округот Целе
Карта
Карта
Координати 52°38′0″N 9°59′0″E / 52.63333° СГШ; 9.98333° ИГД / 52.63333; 9.98333

Хамбирен (германски: Hambühren) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри северно од окружниот град Целе.

Географија[уреди | уреди извор]

Хамбирен се наоѓа 6 километри западно од окружниот град Целе. Реката Алер тече низ северниот дел на општината.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината Хамбирен се состои од следниве места:

  • Хамбирен (село - означено како Хамбирен I) и Хамбирен (населба - означено како Хамбирен II)
  • Алерхоп
  • Олдау
  • Офелгене
  • Риксферде
  • Шенхоп

Историја[уреди | уреди извор]

Од летото 1944 до февруари 1945 година постоел подкамп на концентрацискиот камп Берген-Белзен во Хамбирен. Опкружени од СС-војници, во кампот биле сместени околу 400 затворенички, кои биле приморани да го прошират поранешниот рудник за поташа и да поставуваат железнички пруги до него, проект на претпријатието Хохтиф. Тунелите биле наменети како производствено место за бременскиот производител на авиони Фоке-Вулф.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Knoch, Habbo (ed) (2010). Bergen-Belsen: Wehrmacht POW Camp 1940–1945, Concentration Camp 1943–1945, Displaced Persons Camp 1945–1950. Catalogue of the permanent exhibition. Wallstein. ISBN 978-3-8353-0794-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]