Брокула

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брокула
Broccoli and cross section edit.jpg
Брокула
Податоци
Вид Brassica oleracea
Сортна група Italica Group
Потекло Од Italy ( пред 2,000год. )[1][2]

Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки. Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција.

Брокулата ги штити слузниците, особено цревната слузница[уреди]

Брокулата е одлична за заштита на слузниците, а особено е корисна за заштита на цревната слузница. Таа е лесно сварлива и богата е со растителни влакна кои ја одржуваат нормалната функција на организте за варење и ја одржува нормалната цревна флора.

Broccoli, raw (edible parts)
Хранлива вредност по 100 гр
Енергетска вредност 141 кЏ (34 ккал)
Јаглехидрати 6.64 g
- Шеќери 1.7 g
- Влакна 2.6 g
Масти 0.37 g
Белковини 2.82 g
Вода 89.3 g
Витамин А (еквив.) 31 μг (4%)
- бета-каротен 361 μг (3%)
- лутеин и зеаксантин 1403 μг
Тиамин (Вит. Б1) 0.071 мг (6%)
Рибофлавин (Вит. Б2) 0.117 мг (10%)
Ниацин (Вит. Б3) 0.639 мг (4%)
Пантотенат (Вит. Б5) 0.573 мг (11%)
Витамин Б6 0.175 мг (13%)
Фолат (Вит. Б9) 63 μг (16%)
Витамин Ц 89.2 мг (107%)
Витамин Е 0.78 мг (5%)
Витамин К 101.6 μг (97%)
Калциум 47 мг (5%)
Железо 0.73 мг (6%)
Магнезиум 21 мг (6%)
Манган 0.21 мг (10%)
Фосфор 66 мг (9%)
Калиум 316 мг (7%)
Цинк 0.41 мг (4%)
Link to USDA Database entry
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садови[уреди]

Консумирањето брокула го одржува здравјето на срцето и ги прави крвните садови поеластични, со што се и подобува циркулацијата на крво во организмот. на тој начин штити од кардиоваскуларни заболувања, велат светските лекари, кои советуваат секојдневно консулирање на брокула. Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања. Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и болна кислеина, како и витамини од групата Б. Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и за настанување на срцев и мозочен удар. Познато е дека консумацијата на брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од мозочен удар, пишува American Journal of Respiratory and Critical Care Medicine.

Брокулата го одржува здравјето на белите дробови[уреди]

Состојката во брокулата, сулфорапан, може да ги ограничи оштетувањата кои доведуваат до хронична опструктивна болест, објавиле американските научници. Тестирањата спроведени на Johns Hopkins School of Medicine покажале дека состојката во брокулата, сулфорапан, ја зголемува активноста на генот NRF2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините. Истражувањата од лабораториските животни сугерираат дека намалената активност на NRF2 генот е поврзана со развој на тежок облик на емфизем, една од состојбите која ги погодува луѓето со хронична опструктивна болест. Поранешни студии покажале дека сулфорапан, има заштитна улога во однос на оштетувањата на крвните садови до кои доаѓа поради дијабетот (шеќерна болест).

Брокулата е добра за мозокот[уреди]

Повредите на мозокот ги оштетуваат споменатите протеини, а истражувањето утврдило дека брокулите го намалуваат губитокот на функциите на тие протеини. Заштитните својства му се препишуваат на сулфурафанот, состојка која ја има во брокулите, но и во други зеленчуци од таа фамилија. Брокулите освен тоа штитат и од рак, а младите брокули (стари само неколку дена) се уште подобра заштита бидејќи содржат 20 пати повеќе SGS (Сулфурофатен глукозинат), кој е задолжен за борбата против болест

Брокулата е антиканцерогено дејство и е природен лек кој спречува појава на рак[уреди]

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до стареење и појава на разни болести вклучувајќи ги тука и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц, на пример од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот. SGS (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива. Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за превенција на ракот на дојката. Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали.

Брокулата е корисна и за дијабетичарите[уреди]

Брокулата им се препорачува на дијабетичарите, затоа што содржи концентрат на хром, кој има функцијата да го намалува шеќерот во крвта. Дневната потреба на организмот на дијабетичарите изнесува 25 милиграми, а само во 100 грама брокула има 22 милиграми хром. Оттука дневно секој дијабетичар треба да внесува најмалку 100 грама брокула. Брокулата ја подобрува и работата на дигестивниот систем, бидејќи 100 грама брокула содржат најмалку 3,6 милиграми фибрични влакна, кои му се потребни на желудникот.

Брокула - антистрес зеленчук[уреди]

Брокулата е најдобар антистрес зеленчук. Тој го намалува стресот, го подобрува расположението, па им се препорачува на сите лица кои се под стрес, но и на спортистите и на децата во развој, на кои им треба, во тој период на раст и развој на телото, посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли и други корисни и неопходни нутритиенти.

Брокулата го зајакнува видот и ги штити очите[уреди]

Брокулата го чува и видот. Секојдневното изложување на УВ зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите можат да го заштитат окото од УВ зрачењето со јачина шест.

Брокулата е корисна и за време на бременоста[уреди]

Особено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време на бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со магнезиум, кои се важни за формирање на коските, забите и ноктите на фетусот. Богата е со железо, а со редовно внесување на брокулата се спречува и слабокрвноста во организмот. Таа содржи железо и фолна киселина, која е неопходна во првите 12 недели од бременоста, а содржи и спектар од Б-витамини.

Совети за подготвување на брокулата[уреди]

Изглед на брокула

Брокулата треба да се знае и да се приготви, бидејќи со нејзиното варење и приготвување можат да се загубат хранливите материи. Таа треба да биде мека, но не и да се распаѓа. Водата во која се варела брокулата е многу богата со хранливи состојки и може да се пие. Брокулата може да се искористи и во функција на разубавување, бидејќи содржи бетакаротен и витамин А. Секако, брокулата може да се каде и свежа, приготвена како салата, било како сама, или во комбинација со друг вид на зеленчук. најдобро е салатата од брокула да се зачини со лимонов сок и со нерафинирани, ладно цедено маслиново масло. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот HER2 кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата на шпанските научници. Па затоа е одличен додаток на салатата од брокула.


  1. Buck, P. A (1956). „Origin and taxonomy of broccoli“. „Economic Botany“ 10 (3): 250–253. http://www.springerlink.com/content/ert85x3082740212/fulltext.pdf. конс. 24 април 2012. 
  2. Stephens, James. „Broccoli—Brassica oleracea L. (Italica group)“. University of Florida. стр. 1. http://edis.ifas.ufl.edu/mv031. конс. 14 мај 2009.