Борово (Драмско)

Координати: 41°23.38′N 24°5.57′E / 41.38967° СГШ; 24.09283° ИГД / 41.38967; 24.09283
Од Википедија — слободната енциклопедија
Борово
Ποταμοί
Борово со Черешовското Езеро
Борово is located in Грција
Борово
Борово
Местоположба во областа
Борово во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Борово
Местоположба на Борово во Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°23.38′N 24°5.57′E / 41.38967° СГШ; 24.09283° ИГД / 41.38967; 24.09283
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000390000000390 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно161
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Борово (грчки: Ποταμοί, Потами; до 1927 г. Μπόροβο, Борово[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено речиси со Македонци-муслимани и Турци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Главната црква во селото

Борово се наоѓа во подножјето на Родопите, североисточно од вливот на Доспат во Места. Сместено е во историско-географската област Чеч. Има многу добри услови за одгледување на тутун, а во миналото стадата од северните чечки села презимувале кај селото заради потоплата клима. Кај Борово реките Места и Доспат се влеваат во вештачкото Черешовско Езеро.

Во 1993 г. на 3 км на север крај реката Доспат е откриена пештера со огромни сталактити и сталагмити. Проучени се само първите 140 м од пештерата, во која има простории со големина од 7×7 м, како и пештерски езера.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

Борово е многу старо село. Во 1967 г. крај селото, на брегот на Места се откриени керамички садови, остатоци од коски, бакарни, сребрени и златни монети од различни епохи, врвови од стрели, ножови и други предмети од раното и доцното бронзено време, како и наоди од римско време.[4] Кај селото е најдено и сокровиште од 860 сребрени монети на Филип II Македонски.[5]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото за првпат се спомнува во подробен османлиски дефтер од 1464-1465 г. со 110 немуслимански домаќинства, 11 ергени и 15 вдовици.[6] Во друг подробен дефтер од 1498-1502 г. во Борово се заведени 119 немуслимански домаќинства, 25 ергени и 9 вдовици.[7] Во скратен дефтер од 1530 г. е заведен бројот на муслиманите и немуслиманите во населените места. Село Борово (Порова) се води со муслимани: 9 домаќинства, ергени - 8; немуслимани: 98 домаќинства, ергени - 14; вдовици - 15.[8] Во подробен регистар на Паша-санџакот од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Борово е претставено вака: муслимани — 14 семејства и 18 ергени; немуслимани — 24 семејства, 17 ергени и 1 вдовица.[9] Во подробен записник за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. од село Борово (Борова) се заведени 39 мостари. Селото имало вкупно 56 муслимански домаќинства, од кои едно на спахија на тимар. Споменатото село обновувало и одржувало мостови на реките Места и Доспат. Од претходно било ослободено од плаќање на авариз.[10]

Борово (Борова) го спомнува францускиот патописец Ами Буе во неговата посета на Балканот во 1836-1838 г. Тој вели дека низ Борово поминува пат кој го поврзува Доспат со Лисе и Зрново. Спомнува и дека претходно Викенел (друг Французин) поминал по тој пат.[11]

Во XIX век Борово било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Борово (Borovo) е село со 110 домаќинства на и 280 Македонци-муслимани.[12] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Борово (Борјуво) живееле 500 Македонци-муслимани и 250 Турци[13][14] во вкупно 140 куќи.[15]

Пак според К’нчов, Борово било седиште на еден мудир за Неврокоспки Чеч кој немал речиси никаква власт вон селото. Во целиот Чеч единствено во Борово се говорело на турски, што К’нчов претпоставува дека се должи на војниците во селото кои го вовеле јазикот заедно со чиновниците, но не ја исклучува можносто во минатото кај Борово Борово да имало воена колонија. К’нчов исто така посочува дека во селото има две џамии и един мектеб.[16]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.045 жители. Бидејќи Борово настрадало во Првата светска војна, во 1920 г. неговото население се свело на 650 лица.[3]

Во 1923 г. муслиманското население на Борово е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. Борово е заведено како мешано село до 438 жители, од кои 384 грчки дојденци (113 семејства), а остатокот мештани. За нив се претпоставува дека се сточари Власи или Каракачани доселени од околината.[3][17] Во 1927 г. селото е преименувано во Потами (Ποταμοί),[3][18] което в во превод „реки“.

За време на Втората светска војна, след Деветтосептемврискиот преврат група војници од регионот, предводени од Фаик Газиев од Абланица, е врбувана од САД и Грција да ги саботира комунистите и да врши разузнавачки мисии во Пиринска Македонија од грчка територија. Борово било седиште на групата.[19]

Месности во Борово преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Чешми[20] Τσεσμέδες Врисес Βρύσες[21]
Страна Кърши[20] Στράνια Καρσι Стратонес Στρατώνες[21] местност на Ю от Борово[20]
Старо Борово[20] Έσκή Μπόροβον Палеопевкон Παλαιόπευκον[21] местност на СЗ от Борово[20]
Каялик Καγιαλίκ Враходес Βραχώδες[21]
Нишан тепе Νησίαν Τεπεσί Дидимон Δίδυμον[21] възвишение на СЗ от Борово (578 м)[20]
Ощица Όστίτσα Стомион Στόμιον[21] връх на СИ от Борово и на З от Оштица (700 м)[20]
Каракол Καρακόλι Филакион Φυλάκειον[21] връх на СИ от Борово (743 м)[20]
Терси Τέρσι Анаподон Άνάποδον[21]
Картал Кая[20] Καρτάλ Καγιά Aeтоврахос Άετόβραχος[21] връх на С от Борово (679 м)[20]
Суитлерия Σουϊτλέρια Итиес Ίτιές[21] местност на СЗ от Витово[20]
Кара тепе Καρά Τεπέ Маврокорифи Μαυροκορυφή[21] възвишение на СЗ от Витово на левия бряг на Места[20]
Гьолерия Γκιολέρια Валтос Βάλτος[21]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 873 760 751 537 397 377 413 323 161
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece http://pandektis.ekt.gr/pandektis/handle/10442/171096. Посетено на 12 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 144. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. 4,0 4,1 Pathfinder clubs. „ΟΔΟΙΠΟΡΙΚΟ ΣΤΟ ΝΟΜΟ ΔΡΑΜΑΣ“. Архивирано од изворникот на 8 август 2009. Посетено на 3 май 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Γενικό ιστορικό περίγραμμα της περιοχής της Δράμας και του σημερινού Δήμου Δοξάτου“. Δήμος Δοξάτου. Архивирано од изворникот на 4 јануари 2009. Посетено на 4 мај 2009.
  6. Бошков, Ванчо (1978). Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија 2, том 4. Скопје: Архива на Македонија. стр. 65. OCLC 165435293.
  7. „Откъси от регистър за ленни владения в Западните Родопи и Серско“. Родопски сборник. 1: 306–307. 1965. OCLC 402561706.
  8. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 127. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  9. Стојановски, Александар (2007). Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 497–499. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
  10. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 253–255. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  11. Цветкова, Бистра (1981). „Родопите или Деспото-Даг и техните пътища“. Френски пътеписи за Балканите, XIX в. София: Наука и изкуство. стр. 328.
  12. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 130–131. ISBN 954-8187-21-3.
  13. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  14. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 196. ISBN 954430424X.
  15. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 269.
  16. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 268.
  17. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  18. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  19. Имам, Ибрахим (2008). Абланица през вековете. Абланица: Самиздат. стр. 64–65. ISBN 978-954-395-004-1. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  20. 20,00 20,01 20,02 20,03 20,04 20,05 20,06 20,07 20,08 20,09 20,10 20,11 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  21. 21,00 21,01 21,02 21,03 21,04 21,05 21,06 21,07 21,08 21,09 21,10 21,11 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 12. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 3): 21. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]