Битерфелд-Волфен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Битерфелд-Волфен
Грбот на Битерфелд-Волфен
Битерфелд-Волфен во рамките на Германија
Битерфелд-Волфен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Анхалт-Битерфелд
Градоначалник Петра Вуст
Основни податоци
Површина 88 km2 (34 sq mi)
Надм. височина 75-90 m
Население 47.928  (31 декември 2007)
 - Густина 545 /km2 (1.411 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ABI
Пошт. бр. 06731–06749
Повик. бр. 03493, 03494
Мреж. место www.bitterfeld-wolfen.de
Местоположбата на град Битерфелд-Волфен во рамките на округот Анхалт-Битерфелд
Карта

51°37′N 12°19′E / 51.61667°N 12.31667°E / 51.61667; 12.31667

Битерфелд-Волфен е град во округот Анхалт-Битерфелд, Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа во југоисточна Саксонија-Анхалт, западно од реката Мулде, е површина на која главно се наоѓа тешка индустрија и јагленокопи. Градот бил создаден со спојување на градовите Битерфелд и Волфен и општините Грепин, Холцвајсих и Талхајм на 1 јули 2007.

Содржина

[уреди] Географија

Битерфелд-Волфен е 25 километри североисточно од Хале и околу 35 километри северно од Лајпциг. Источно се наоѓа езерото Мулдештаузе, јужно езерото Гојче, западно лежи Зандерсдорф. Градот се наоѓа во природниот резерват Битерфелдер Бергбауревие.

[уреди] Соседни општини

Соседни општини се (од север во насока на стрелките на часовникот) Рагун-Јесниц, Мулдештаузе, Делич, Зандерсдорф-Брена и Цербих.

[уреди] Клима

Климатски дијаграм на Битерфелд[1]

Просечната температура на воздухот во Битерфелд е 10,0 °C и годишни врнежи од 518 мм.

[уреди] Историја

[уреди] Спојување на градот

На 1 јули 2007, независните градови Волфен и Битерфелд и општините Грепин, Талхајм и Холцвајсих биле споени да ги создадат новиот град Битерфелд-Волфен.

[уреди] Битерфелд

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Битерфелд.

Битерфелд има околу 15.000 жители (2006). Бил првпат споменат во 1224. Како дел од Електорат Саксонија, потпаднал под пруската Провинција Саксонија во 1815. До административната реформа во 2007, бил главен град на округот Битерфелд.

[уреди] Волфен

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Волфен (Германија).

Волфен има приближно 24.000 жители (2006). Се наоѓа северно од Битерфелд. Волфен бил првпат споменат околу 1400. Откривањето на јагленот во 1846 и изградбата на фабриката за бои Agfa во 1895 ја донела индустријата во градот, а со тоа и раст на градот.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици