Бистрица (Грција)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бистрица
Αλιάκμονας

Течението на Бистрица на сателитска снимка
Извор Пинд
Утока Егејско Море
40°28′04″ СГШ 22°39′15″ ИГД / 
Земји во сливот Егејска Македонија (Грција)
Должина 322 км

Бистрица (грч.: Αλιάκμονας, Алијакмонас) — најдолгата река во Егејска Македонија и во цела Грција, со вкупна должина од 322 км. Тече низ областа Западна Македонија (Костурската, Гребенската и Кожанската околија) и Централна Македонија (Берско и Катеринско).

Течение[уреди]

Реката извира во планината Грамошта (Грамос), близу границата со Албанија. Во горното течение, реката се движи на исток, а потоа кај Костур врти на југоисток. Опишува крива линија околу планината Црвена Гора, па свртува на североисток кај с. Земњач. Потоа влегува го големото вештачко Фитивјанско Езеро. Југоисточно од Бер, Бистрица навлегува во Солунското Поле, подрачје од голема важност за земјоделството. На крај се влева во Солунскиот Залив западно од устието на Вардар, а источно од с. Либаново.

Мост преку Фитивјанското Езеро на реката Бистрица близу Серфиџе.

Бистрица минува крај следниве градови (по низводен редослед): Нестрам, Хрупишта, Лепчишта, Земњач, Велвендо и Гида.

Историја[уреди]

Според Јулиј Цезар, Бистрица претставувала граница помеѓу Македонија и Тесалија. Во горното течение одела во југоисточен правец низ Елимеја, и продолжувала на североисток, образувајќи ја границата помеѓу Пиерија, Еордаја и Иматија. Во времето на Херодот, нејзина притока била Колудеј (Лудија)[1] која се одлевала од езерото на Пела. Денес Колудеј не се спојува со Бистрица, туку се влева право во Егејското Море.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]