Банка на Англија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

БАНКА НА АНГЛИЈА[уреди]

Улогите и функциите на Банката на Англија, еволуирале и се менувале низ нејзината три вековна историја. Од нејзиното основање, таа била Банкар на Владата, а од доцниот 18-ти век е позната како Банка на банките.

Банка на Англија - зграда

Освен обезбедувањето банкарски услуги на нејзините клиенти, таа раководи со стабилноста на валутата и златните резерви на Велика Британија Наоѓајќи се во центарот на финансискиот систем на Обединетото Кралство , Банката има две битни цели: монетарна и финансиска стабилност. На јавноста таа најмногу и е позната по издавањето банкноти и одлуките што ги носи во врска со каматните стапки. Банката има монопол врз печатењето банкноти во Англија и Велс, од раниот 20-ти век. Но дури од 1997 година има законска одговорност за одредување на официјалните каматни стапки во Велика Британија. Одлуките за каматните стапки го донесува Комитетот за Монетарна Политика, а таргетирањето на инфлацијата е потврдувано секоја година од Канцеларот на Министерството за Финансии. Овие одлуки таа ги имплементира преку операции на финансискиот пазар, имајќи блиски врски со финансиските институции. Овој извор има големо значење при собирањето и објавувањето монетарни и банкарски статистики[1].

Банката на Англија е посветена на подигање на свеста за разбирање на нејзините активности и одговорности. Таа издава голем број редовни и ад-хок публикации за нејзините клучни работи, нудејќи многу едукациони матерјали. Исто така им пружа техничка помош и совети на други Централни Банки, преку нејзиниот Центар за Банкарски Науки. Оваа Банка има и свој сопствен музеј на улицата Threadneedle , отворен за јавност со бесплатен влез[2].

ИСТОРИЈА[уреди]

Рани почетоци

Банката на Англија е основана 1694 година ,со закон, како Банкар на Владата и Раководител со долгови. Кога Кралот Вилијам и кралицата Мери дошле на тронот во 1688 година, јавните финансии биле мошне слаби. Системот на пари и кредит бил во збрка. Била потребна национална банка која ќе ги мобилизира ресурсите на нацијата. Биле предложени многу решенија, а најуспешното од нив било она на Вилијам Питерсон, кое предвидувало заем од на Владата од 1 200 000 фунти од населението, со тоа што во замена потписниците ќе бидат инкорпорирани како Гувернер и Компанија на Банката на Англија. Иако со тоа новата и млада банка го ризикувала својот целосен капитал позајмуваќи и го на Владата, емисијата станала мошне популарна и парите биле соберени за само неколку недели.

Банка на Англија 1797 година

Успешноста на оваа нова идеја како основа за работењето на Банката била причина да се склучи Кралскиот договор, кој бил запечатен на 27 Јули,1694 година. Со тоа Банката почнала да ја врши својата улога како банкар на Владата на Велика Британија, улога која што ја врши до ден денес. Банката на Англија почнала со работа неколку дена подоцна со привремен престој во местото Cheapside. Нејзиниот персонал се состоел од 17 службеници и 2 портири. Во 1734 година, нејзината локација се преместила на улицата Thread-needle, каде што сеуште се наоѓа денес.

Банката раководела со сметките на Владата и давала заеми, со цел да ги финансира расходите и трошењето за време на војна и мир.Нејзиниот прв гувернер бил Сер Џон Хоублон. Во своите рани години, Банката била под доминација на Владата и нејзините притосоци и барања за финансирање и ковање на нови пари. Како дел од конвенционалното банкарство таа исто така таа примала депозити од населението во вид на злато, со тоа што издавала потврди( ноти) врз основа на тие депозити. Почетоците на книжните пари ги наоѓаме токму во овие признаници. Карактеристично за банкнотите е тоа што тие биле издавани и над износот на депонирано злато, со што се зголемувал паричниот опток, што имало влијание врз поттикнувањето на побарувачката, производството итн. Бидејќи неконтролираното издавање на банкноти можело да има многу тешки последици за стопанството и може драстично да ги подигне цените, емисијата и била доверена на една привилегирана банка, односно на Централната Банка на Англија.


Долг и инфлација

Националниот долг пораснал рапидно за време на 18-тиот век, од 12 милиони фунти во 1700 до 850 милиони до крајот на Наполеонските војни. Тие војни фрлиле тежок товар врз финансиите на нацијата, и во 1797 година истрошените златни резерви на Банката, придонеле да се престане со исплаќање на злато, врз основа на издадените потврди. Овој Период на Рестрикција, траел до 1821 година. Со цел да компензира за недостатокот на метални пари, Банката за прв пат издала банкноти од 1 и 2 фунти. Ова придонело за општ пораст на цените, кој што бил пропратен со остар пад по војните, кога финансиската дисциплина била вратена. Во 1844, после 150 години од нејзиното основање, со закон и било доверено на Централната Банка монополското право на печатење пари во Англија и Велс. Кога оваа мерка стапила на сила, Банката станала самостоен и независен монетарен авторитет за Обединетото Кралство.

Со овој закон доаѓал еден мошне важен услов. Бидејќи Периодот на Рестрикција бил уште свеж во сеќавањата на граѓаните, било забрането Банката да издава нови потврди кои што не биле пропратени со ново зголемување на златните резерви. Со цел да го направи статусот на валутата по јасен, и било на наложено да изработи посебен биланс на состојба за активностите поврзани си издавањето потврди. Оваа поделба меѓу емисијата банкноти и банкарските операции во сметките на Банките продолжува да се користи до денес. Приходите од емисијата банкноти се префрлаат во Министерството за Финансиии.


19-ти век Банка на Банките


Банка на Англија

Со законот од 1844, банката имала право да печати пари, но поради ова дошла одредени ограничувања во развојот на нејзиното комерцијално банкарство. За време на 19-тиот век водство презеле големите акционерски депозитни банки со што се појавиле серии на здружувања и спојувања. Банката на Англија избрала да не се натпреварува директно со овие акционерски друштва, туку да ја развие својата улога како Централна Банка и чувар на златните резерви и обезбедувач на ликвидност. Таа го утврдила својот концепт како краен позајмувач – крајна резерва на банкарскиот систем. Кога финансиска криза во една банка се заканува дека ќе се прошири низ целиот банкарски систем, таа ќе мобилизира сопствени ресурси со цел да им позајми на банките кога никој друг не може. Исто така таа била одговорна да ги постави каматните стапки на ниво, кое било проценото дека е праведното.


20-ти век Напуштање на златниот стандард

После Првата Светска војна обидот да се задржи златниот стандард бил неуспешен и бил целосно напуштен во 1931 година. Златните резерви и девизи биле трансферирани во Министерството за Финансии ( иако сеуште биле раководени од Банката). Сега единственото ограничување во издавањето книжни пари било да се добие решение од Парламентот , со кое се одобрува зголемување на фијуцидарната основа.


Национализација

Низ нејзината историја, Банката на Англија била позната како јавна институција, која работи за националните интереси. Иако поголемиот дел од нејзиниот животен век била раководена во приватна сопственост, нејзините активности биле детерминирани од владината легислатива и односите со неа. Со национализаијата во 1946 година, Банката била во сопственост на Владата, а не на приватните акционери.

Одговорност за Монетарна Политика, 1997 година

Во 1997 година Владата на Обединетото Кралство ја обелодени нејзината намера за префрлање на целосна одговорност на Банката на Англија во водењето на монетарната политика. На овој начин, таа се приклучи кон плеадата независни централни банки низ целиот свет. Раководењето со долгови било трансферирано како одговорност на Министерството за Финансии.


Големи регулативни реформи, 2013 година

Финансиската криза укажа на потребата за нов пристап кон финансиската регулација и затоа големи промени стапија на сцена во Банката во април, 2013. Со Договорот за финансиски услуги од 2012 година, се основа независен Комитет за Финансиска Политика, нов дискретен регулатор како филијала на Банката , и со тоа се создадоа нови одговорности за надзорниците на инфраструктурата на финансискиот пазар. Комитетот за Финансиска Политика е задолжен за преземање акција за намалување и отстранување на систематскиот ризик, со цел да се заштити и подобри еластичноста на финансискиот систем на Велика Британија. Комитетот има и втора цел , да ја поддржи економската политика на владата.


ГЛАВНИ ЦЕЛИ[уреди]

Најбитните цели на Банката се одредени од Одборот на директори, кој што има значајна улога во поставувањето на нејзината стратегија. Банката на Англија постои за да обезбеди монетарна стабилност и да придонесе за финансиска стабилност[3].

Монетарна стабилност

Монетарната стабилност значи стабилни цени и доверба во валутата. Цените се одредени со таргетирањето на инфлацијата од страна на Владата. Банката се обидува да ги постигне тие цени преку одлуките кои ги делегира на Комитетот за Монетарна политика, објаснувајќи ги транспарентно и имплементирајќи ги ефективно на пазарот на пари.


Финансиска стабилност

Финансиската стабилност е поврзана со откривање и намалување на ризиците, кои му се закануваат на финансискиот систем во целина. Ова се остварува преку финансиските и други операции на Банката како позајмувач во крајна инстанца, преку супервизија на клучните инфраструктури на пазарот и со надгледување и со принципи делегирани на Комитетот за Финансиска Политика[4].

Дискретниот Управен Орган за Регулација ( PRA) е задолжен за супервизија на банките и кредните унии, осигурителните друштва и големите инвестициони фирми. Во целина PRA регулира околу 1 700 финансиски фирми. Неговата главна цел е да се залага за сигурност и здравост на овие фирми - особено за осигурителните компании- обезбедувајќи соодветен степен на заштита за сопствениците на полисите.


За oстварување на овие цели Банката на Англија е отворена за соработка и споделување на нејзината работа со други, вклучувајќи други Централни банки и интернационални организации за да се подобри интернационалниот и монетарен систем. Банката ја игра својата улога во промоција на отворен и конкурентен финансиски центар во Обединетото Кралство. Ја користи својата експертиза за да помогне во поефикасен финансиски систем, каде што таквите напори се во јавен интерес, и не се во конфликт со нејзините примарни одговорности или со оние на други агенции

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ[уреди]

Стратешките цели одобрени од Одборот на директори , за 2012/13 година се:

Главна цел 1- Монетарна стабилност

Стратешки приоритет 1: Да се одржи инфлацијата на ниво со таргетот поставен од Владата на 2%

Да се одговори ефективно и одлучно на настанатите ризици предизвикани од Европската криза со јавниот долг , со цел инфлацијата да остане на таргетираното ниво од 2%

Да се унапреди разбирањето на Банката за новонастанатата маркроекономска средина и влијанието на неконвенционалните монетарни инструменти

Да се разбере и поврзе врската меѓу монетарната и дискретната макроекономска политика

Да се искористат новите видови предвидувања и анализи


Стратешки приоритет 2: Да се осигура дека Банката ги има инструментите потребни за да се имплементира монетарната политика и издавањето банкноти:

Да се имплементира понатамошна набавка на капитал

Да се биде подготвен за повторно воведување резерви во системот ако е потребно

Да се задоволи побарувачката за потребното количество и вредност на банкноти ефикасно и ефективно, вклучувајќи и подготовки за Олимписките Игри во Лондон 2012 година


Главна цел 2 – Финансиска стабилност


Стратешки приоритет 3: Да се одржи стабилност и да се подобри елaстичноста на финансискиот систем

Да се влијае на домашните и интернационални реформи

Да се продолжи со развивање на Европските и Британските административни системи

Да се развие истражувањето на пазарот и дискусиите за неговиот придонес во политиката

Да се испита придонесот на Банката кон финансискиот систем


Стратешки приоритет 4: Да се оствари дискретна макроекономска политика, преку Комитетот за Финансиска Политика

Да се влијае на интернационалниот систем на макроекономска регулација, преку Европскиот Одбор за Системски ризик

Да се развие ефективна врска меѓу макро и мирко регулацијата

Да се направат анализи за функционирањето и регулацијата на небанкарскиот финансиски сектор, вклучувајќи ги осигурителните и даночните регулативи


Стратешки приоритет 5: Да се заврши транзицијата на дискретната микро супервизија и надзор

Да се биде подготвен за имплементирање на новиот систем на супервизија и оперативнот PRA модел

Да се развие оперативен систем за надзор во Банката во централните делови

Да се воспостави оперативна соработка со Финансиското раководство


Стратешки приоритет 6 : Да се изгради и задржи јавна поддршка за работењето на раководството и неговата монетарна политика

Да се поддржат соодветните надлежни механизми во Банката, вклучувајќи критичко испитување на улогата на Одборот на директори Комитети и неговите одбори за земена

Да се објаснат активностите на Раководството на Банката

Да се продолжи со таргетирање на инфлацијата и со системот на монетарна политика , преку вклучување нови медиуми

Да се влијае на меѓународната дебата за монетарна политика и меѓународниот монетарен систем

Да се промовира јавно разбирање за улогата и работата на PRA ( Дискретниот Управен Одбор за регулација)


Стратешки приоритет 7: Да се осигура дека Банката ги има вистинските луѓе и процеси да да ги оствари нејзините главни цели, особено за време на овој период на транзиција:

Да се завршат практични подготовки за интеграција на PRA во Банката

Да се подготват подобрени централни услуги да се обезбеди поддршка низ Банката

Да се имплементираат наоди од испитувањата на ефикасноста на банкарските услуги и да се осигура понатамошна буџетска дисциплина и стабилна вредност на парите

Да се обезбедат награди за различни фази од кариерата на вработените

Да се осигура дека Банката се фокусира на битните цели и ризици со охрабрување на креативност, предизвик и време за долгорочни истражувања

Да се заврши петгодишниот извештај за финансиската поддршка на Банката

Да се подобри отпорноста на безбедноста на информациониот систем

Да се идентификуваат сферите каде што главите на оддленијата и постарите вработени може да преземат повеќе одговорност и да делегираат авторитет од Гувернерот и менаџерите на Централната Банка

Да се задржи највисокото ниво на менаџмент ризик низ банкарските активности

Да се практикува финансиска контрола за да се одржат трошоците во согласност со буџетот и да се задржи вредноста на парите

РАКОВОДСТВО[уреди]

Системот за управување и одговорност на Банката на Англија, е воведен со закон во 1998 година. Некои негови аспекти подоцна биле изменети со Банкарскиот договор од 2009 година[5].

Одбор на директори

Одборот на директори е повеќе одговорен за управување со работењето на Банката, отколку за формулирањето на монетарната политика. Неговите одговорности се одредени со законот од 1998 и вклучуваат определување на целите и стратегијата на Банката, осигурувајќи ефективно остварување на нејзините функции и најефикасно искористување на ресурсите. Од потпишувањето на Банкарскиот договор од 2009 година, таа има законски обврзана цел да ја заштитува и зголемува стабилноста на финансискиот систем на Обединетото Кралство. Членовите на одборот ги назначува Кралската круна, а сите девет директори се неизвршни. Гувернерот исто така е назначен од Кралската Круна. Неговиот мандат трае осум години, на заменик гувернерот пет години, а на директорите во одборот три години. Одборот ги делегира секојдневните активности на Банката кон Гувернерот и преку него до другите извршни членови.

Притоа одборот има свое право на глас за согласност во врска со:


Целите и стратегиите на Банката на Англија

Трошковниот буџет

Големи капитални проекти

Финансискиот систем на Банката

Политиката на Банката за управување со ризик

Отпишување на долг од нејзиниот биланс на состојба

Одобрување на назначените ревизори

Промена во пензиските планови и начините на плаќање

Воспоставување заменици во Одборот и услови за нивно членство и

Одобрување на планот за наследување функции


Одборот своите активности ги држи под близок надзор и секоја година се изработува Годишен Извештај за ефективноста. Членовите на Одборот и гарантираат на Банката дека нема да изнесуваат информации за нејзиното работење надвор од нивните функции и работни места, со цел да се осигура непристрасно и чесно извршување на задачите. Овие одлуки за потпишување гаранција се донесени во 2000 година и се одобрени од Министерството за Финансии во согласност со Владата.


Надзорен Комитет

Надзорниот Комитет е законски заменик на Одборот на Директори. Неговите главни функции се однесуваат во набљудување на активностите на Банката кон остварување на нејзините цели и стратегија. Овие цели се однесуваат на монетарната политика, финансиската стабилност и било кои други цели одредени од Одборот. Комитетот има слични функции со Дискретниот Управен Одбор за регулација (PRA) кои му се делегирани од Одборот. Тој врши мониторинг за тоа до кој степен се остварени овие цели, врши внатрешна финансиска контрола за да осигура соодветно извршување на нејзините финансиски активности. Тој исто така може да назначи и своја личност за мерење на перформансите на вработените. Со законот од 1998 година, дадени му се и одредени права во донесувањето одлуки.


Комитет за Финансиска Политика

Овој комитет исто така е заменик на Одборот на Директори. Во него членуваат Гувернерот, трита заменик Гувернери, извршниот директор на финансиското раководство, извршниот директор одговорен за финансиска стабилност и надворешни членови назначени од Канцеларот. Комитетот за финансиска политика придонесува во остварувањето на целта на Банката за финансиска стабилност преку идентификување и преземање акција за да се намалат ризиците во финансискиот систем. Во однос на ова, потребно е да се поддржат економската политика на владата, вклучувајќи ги нејзините цели за раст и намалување на невработеноста. Главен член на овој одбор е Гувернерот.


Советодавен Комитет за Финансискиот систем

Советодавниот Комитет ги набљудува и советува за извршување на функциите кои се однесуваат за финансиска стабилност а кои не се во надлежност на Комитетот за Финансиска политика. Во нив спаѓаат Системот за плаќање, Системот за спогодби и улогата на Банката во начинот на управување.


Комитет за хонорари и плаќање

Овој Комитет го советува Одборот на директори за исплаќање на најстарите извршни директори во Банката; Гувернери,членови на извршниот тим, советници на гувернерот и надворешни членови на Комитетот за финансиска политика. Исто така се однесува и на сите точки поврзани со плаќањето на неизвршните директори на Дискретниот одбор за регулација ( PRA).


Комитет за ревизија и ризици

Функциите на Комитетот за ревизија и ризици се со цел да му асистираат на одборот при исполнувањето на неговите одговорности за обезбедување ефективен систем на финансиска контрола, внатрешна контрола и управување со ризик. Тој е одговорен за давање независна сигурност и проценка на Одборот, дека контролните процедури се соодветни. Неговите членови се состануваат редовно, имаат детални услови во однос на примањето извештаи од внатрешните и надворешните ревизори и нивно разгледување, преглед на годишните финансиски извештаи, сметководствената политика и користените процедури, како и разгледување на матрицата на ризика на Бнаката и специфичните бизнис контроли.


Комитет за назначување и номинација

Овој комитет е формиран во 2010 година, меѓу другото за да дава препораки на Одборот на Директори при назначувањето извршни директори, секретар, внатрешен ревизор на Банката и заменик комитети со цел да се осигура непристарасно назначување на овие членови.

БАНКАТА НА АНГЛИЈА ДЕНЕС[уреди]

Добивањето и задржувањето јавна доверба во валутата е клучната улога на Централната Банка на Англија, која што е есенцијална за соодветно функционирање на економијата. Таа е еден од најголемитефактори за постоењето на денешните платежни средства кои што ги користиме: банкнотите. Од денешна перспектива лесно е да се прифати дека парче хартија може да се користи како средство за плаќање, но во минатото оваа нова реформа на Банката на Англија донела незамисливо големо и револуцинарно значење во финансискиот и секојдневниот живот на луѓето.

Музеј на Банка на Англија

Банката покрај своите активности поврзани со конвенционалното и комерцијално банкарство, исто така нуди голем број услуги на јавноста, со цел да изгради свесност и разбирање за нејзината улога. На Јавноста и се достапни голем број материјали и презентации за сите возрасти. За младите луѓе има многу едукативни содржини за парите, цените и економијата, вклучувајќи и годишен натпревар за ученици од средните училишта. За другите Централни Банки, Банката на Англија одржува семинари и нуди експертиза и совети за монетарните институции низ целиот свет[6].

Банката има околу 200 економисти чии што истражувања се објавени во интернационални списанија и се презентирани на академски конференции. Таа е редовен домаќин на многу работилници и семинари со други Централни Банки. Нејзиното влијае во светски рамки врз финансиските системи и институции е неминовно. Таа има големо национално значење во градењето на еден здрав и стабилен глобален монетарен систем[7].


Наводи[уреди]