Балтички регион
Од Википедија, слободната енциклопедија
Балтичкиот регион е поим кој се користи да се означат државите и териториите во и околу Балтичкото Море. Најчесто, со овој поим се означуваат Латвија, Литванија, Естонија и делови од Полска, Германија, Данска, Шведска и Русија.
Содржина |
Етимологија [уреди]
Првото споменување на Балтичкото Море (Mare Balticum) било во 11 век од германскиот хроничар Адам од Бремен.
Конотација [уреди]
Во зависност од контекстот каде е употребет терминот „балтички регион“, истиот може да се однесува на:
- државите кои имаат излез на Балтичкото Море, односно Данска, Естонија, Латвија, Литванија, Финска, Германија, Полска, Русија и Шведска.
- група држави кои често ги нарекуваат Балтички држави, односно: Естонија, Латвија и Литванија, а понекогаш се додава и руската ексклава Калининград.
- историската Источна Прусија и историските држави Ливонија, Курланд, Шведска Естонија и Руска Естонија.
- поранешната покраина на Руската Империја, која ги заземала териториите на Естонија, Латвија и Литванија.
Поврзано [уреди]
- Балтичко Море
- Список на острови во Балтичкото Море
- Балтоскандија
- Северна Европа
- Балтија
- Балтички држави
Надворешни врски [уреди]
- Информативен центар за Балтичкото Море
- Универзитетска балтичка програма
- Просторна планска иницијатица на балтичкиот регион
- Балтичка програма 2007-2013
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |