Ашерслебен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ашерслебен
Поглед од Рондел на црквата Свети Стефан
Поглед од Рондел на црквата Свети Стефан
Грбот на Ашерслебен
Ашерслебен во рамките на Германија
Ашерслебен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Залцландкрајс
Градски единици 6
Градоначалник Андреас Михелман
Основни податоци
Површина 156 km2 (60 sq mi)
Надм. височина 114 m  (374 ft)
Население 27.723  (31 декември 2008)
 - Густина 178 /km2 (460 /sq mi)
Други информации
Часовна зона CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLK
Пошт. бр. 06449
Повик. бр. 03473
Мреж. место www.aschersleben.de
Местоположбата на град Ашерслебен во рамките на округот Залцландкрајс
Карта

51°45′0″N 11°28′0″E / 51.75°N 11.466667°E / 51.75; 11.466667

Ашерслебен (германски: Aschersleben) е град во округот Залцландкрајс, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на приближно 22 километри источно од Кведлинбург и 45 километри северозападно од Хале (Зале).

Содржина

[уреди] Историја

[уреди] Пред 20-от век

Ашерслебен бил првпат споменат во 753. Латинското име на градскиот замок, Ascharia, произлегува од името на династијата Асканија. Од 1252–1315 Ашерслебен бил главен град на Анхалт-Ашерслебен, по што влегло во Бискупијата Халберштат. По Вестфалскиот мир во 1648, станал дел од Кнежество Халберштат. Ашерслебен станал дел од пруската Провинција Саксонија во 1815.

[уреди] Нацистичка Германија

Објект за сериско производство на трупот на Junkers се наоѓале во Ашерслебен во текот на Нацистичка Германија. Во април 1935, алатите биле префрлени во Ашерслебен и од мај 1935 почнале да се прават првите трупови. Објектот се наоѓал на Вилслебенер Штрасе 9 близу т.н. Зевизен, каде бил изграден аеродромот. Фабриката во Ашерслебен достигнала 564.000 метри квадратни и околу 6.000 вработени.

Во текот на Втората светска војна, подкампот на Бухенвалд се наоѓал во градот. Бил основан за да обезбедува ропска работна сила за Junkers (воздухопловство) и Motorenwerk (автомобили).[1]

Од јули 1944 околу 950 затвореници од концентрационите логори биле присилени да работат за Junkers Flugzeugwerke во Ашерслебен. Во април 1945, производството било прекинато. На 17 април, американските сили го окупирале Ашерслебен, но на 23 мај градотр бил предаден на британските трупи и подоцна на 1 јули, конечно, на советските војници.

Ашерслебен бил бомбардиран на следниве датуми во текот на војната:

  • 1 април 1942 - првиот британски бомбашки напад
  • 20 февруари 1944 - американски напади, неуспешни поради облачното време
  • 31 март 1945
  • 14 април 1945

На крајот на Втората светска војна Junkers-Ашерслебен бил скоро непроменет и производството било само променето за Хајнкел Хе162. Повеќето инсталации биле размонтирани и транспортирани во Киев во Советскиот Сојуз од страна на Советите во 1946. Останатите згради во Ашерслебен подоцна биле користени од VEB Kombinat Fritz Heckert. Денес, областа е користена од Schiess AG.

[уреди] По 1945

Ашерслебен бил дел од Источна Германија до 1990, кога станал дел од Саксонија-Анхалт во текот на германското повторно обединување. На 1 јануари 2008, општините Дрондорф, Фреклебен и Меринген се припоиле кон Ашерслебен.

[уреди] Архитектура

Градската куќа

Неколку архитектонски стилови се претставени во Ашерслебен. Во историскиот центар доминираат романескната (Grauer Hof), готската (Црква Свети Стефан), ренесансната (Градска куќа, Krukmannsches Haus) и барокната архитектура.

Постои прстен од згради во неокласичен стил и Југендстил околу историскио Стар град. Овие, пак, се опкружени и прошарани со згради од раниот модернизам како Хекнер-Баутен и згради од ерата на ГДР. Новите големи области, главно се северно и југоисточно од градот.

Има неколку Фахверк-згради во стариот град на Ашерслебен. Причината за ова е достапноста на добар камен материјал и отсуството на големи шуми во околината, како и бројните пожари пред 16-от век. Сепак, постојат бројни објекти, кои се делумни во Фахверк, особено горните катови.

[уреди] Друго

Вендел Луис Вилки (18 февруари 1892 - 8 октомври 1944) корпорациски адвокат во Соединетите Американски Држави и кандидат за претседателските избори во 1940 година од Републиканската партија (ГОП), и покрај тоа што никогаш претходно не бил избран на политичка функција. Луис Вендел Вилки е роден во Елвуд, Индијана, тој бил син на Херман Вилки, германски имигрант од Ашерслебен и Хенриета Тиш.

[уреди] Луѓе

[уреди] Наводи

  1. Едвард Виктор. Азбичен список на кампови, подкампови и други кампови. wwww.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps. htm

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици