Арпи (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Езеро Арпи
Подрачје Ширак, Ерменија
Координати 41°03′00″ СГШ 43°37′00″ ИГД / 
Главни одливи Ахурјан
Сливни земји Ерменија
Површина

{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“

 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“

}}22 km2 (8,5 sq mi) км²
Надм. височина 2,023 m (6.64 ft) м
Населени места
Прогласено: 6 јули 1993

Еезерото Арпи или Арпи лич (ерм.: Արփի լիճ) — второ по големина езеро во Ерменија. Се наоѓа во северозападниот дел на ерменската покраина Ширак, во близина на тромеѓето со Турција и Грузија.

Езерото лежи на надморска висина од 2,023 метри, а од него истекува реката Ахурјан. Зафатнината на езерото е околу 100 милиони м³, а површината околу 22 км². Во периодот од 1946 до 1951 година на езерото се вршени разни опфати со кои се зголемила површината на езерото за 4,5 км².

Водите од езерото се користат за наводнување, мрестење риби и за производство на електрична енергија.[1] Езерото се полни со топењето на снегот а во него исто така се влеваат и четири мали водотоци, додека најголем доток на вода има од реката Ахурјан.

Климата околу езерото е континентална. Просечните јануарски температури се околу -13°, јулските околу +13°, а бројот на сончеви часови годишно изнесува околу 2,400.

Благодарејќи на големиот и богат билски и животински свет, подрачјето околу езерото Арпи според начелата на Рамсарската конвенција е заштитено природно богатство во чија околина живеат преку 100 различни видови на птици (бел штрк, црн штрк, дива патка, лисеста гусковидна патка, далматински пеликан). Од 16 април 2009 година подрачјето околу езерото Арпи е дел од Националниот парк на езерото Арпиезера Арпи.[2]

Видете уште[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]