Црн штрк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црн штрк
Црн штрк во Јужна Африка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Фамилија: Штркови
Род: Штрк
Вид: Црн штрк
Биномен назив
Ciconia nigra
(Linnaeus, 1758)
      лето
      цела година
      зима

Црниот штрк (Ciconia nigra) е голема миграторна блатна птица од фамилијата штркови. Го има во Македонија.

Општи карактеристики[уреди]

  • Должина на тело: 95-100 cm;
  • Распон на крилја: 185-205 cm;
  • Тежина: околу 3 kg.

Возрасните се големи блатни птици со црни горни делови (глава, врат, гради, грб и крилја) на кои има златнопурпурни и зеленикави одблесоци. Останатиот дел од пердувите е чисто бел. Клунот и нозете се црвени. Кога лета, делот под крилјата е црн со бел триаголник во основата на крилото. Вратот е истегнат при полетувањето. Нешто е помал од белиот штрк.

Кај малите пилиња, горните делови се кафеаво-црникави. Клунот и нозете се најпрво жолти (кога се во гнездо), но потоа стануваат бежово-розеви, кога ќе се научат да летаат (по околу 3 месеци). На една година, црниот штрк личи на возрасна птица, но пердувите му се побезбојни.

Распространетост[уреди]

За разлика од белиот штрк, кој живее во провинцијата и степите, црниот штрк се среќава во шумите. Живеат во тивки вековни шуми, при што го градат гнездото на некое големо дрво. Ловните територии на црниот штрк се состојат од потоци, рекички, блата, како и ливади со ниска вегетација. Паровите се изолирани еден од друг на неколку километри, при што најголемата густина е во источна Европа (8 пара/100 km2).

Се размножуваат во пролет во потоплите земји на Европа и најмногу во средишните и источни европски региони, како и во Русија и Кина. Одлетуваат во септември и зимуваат во тропска Африка, во Индија и јужна Кина. Се враќаат на крајот на март и почетокот на април. Ибериската популација на црн штрк, меѓутоа, не е миграторна.

Размножување[уреди]

Јајце на Ciconia nigra,

Црните штркови се моногамни птици, кои изгледа остануваат верни една на друга. Секогаш еден од родителите стои во гнездото или околу него, барем додека пилињата не наполнат 2 недели. Парот го брани гнездото и територијата блиску до него. Ловните територии се протегаат на радиус 5-10 km од гнездото. Периодот на размножување започнува во мај.

Гнездото е големо, при што може да достигне дијаметар од 1,5 m и ширина од 1 m. Возрасните го градат на големо и здраво големо дрво (даб или бука), при што гнездото се наоѓа на 12-25 m од земјата. Друго место за гнездо е некоја карпа. Тоа се гради од страна на двата родителa, а понекогаш тие користат напуштено гнездо на некоја граблива птица. Ако местото е тивко и мирно, парот може да користи едно исто гнездо со години.

Женката може да снесе од 2 до 6 јајца, но обично тие се 3-5. Таа ги снесува во интервал од 2 дена. Одгледува по едно пиле на година. Излежувањето на јајцата продолжува 35-38 денови и со него се бават и двата родители, при што јајцата се излежуваат во хронолошки ред на нивното снесување.

Младенчињата остануваат во гнездото 63-71 ден. По овој период родителите продолжуваат да се грижат за нив околу 1-2 недели, кога пилињата се уште крај гнездото. Достигнуваат полова зрелост на 3-годишна возраст.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]