Аравак

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Араваканка од Џон Гејбриел Стедман

Аравак луѓето (од ару, лукајанскиот збор за брашно од маниока) се едни од првите доселеници од Западните Индии. Групата припаѓа на Аравакан јазичното семејство. Тие биле луѓето што Кристофер Колумбо ги сретнал кога прв пат стапнал во Америка во 1492. Шпанците ги опишале како мирен примитивен народ.[1]

Аравак луѓето ги вклучуваат и Таино населението, кои ги населиле Големите Антили и Бахамите, Непоја и Супоја од Тринидад, и Ињери кои се претпоставува дека биде претходници на Карибјаните од Малите Антили, кои живееле на источниот брег на Јужна Америка, до Бразил.

Содржина

[уреди] Прва средба со Европејците

Се верува дека првото племе што Кристофер Колумбо го сретнал кога пристигнал на островот кој тој го нарекол Св. Марија на зачнувањето (Santa María de la Concepcion) биле Аравак Индијанците. Колумбус забележал во својот бродски дневник:

„Сабота, 13 Октомври 1492: ... Тие ни донесоа топки памук и папагали и други ситни работи кои би било досадно да ги наведувам, и разменија сè со сè што им понудивме. Ги држев очите отворени да откријам дали има злато, и видов дека некои од нив носеа мало делче закачено за дупка во носовите. Од нивните мимики сфатив дека ако одиш јужно или околу јужниот дел на островот, таму има крал со големи грниња полни со тоа, огромни количини. Се обидов да ги убедам да дојдат таму со нас, но видов дека идејата не им се допадна... Недела, 14 Октомври 1492:...овие луѓе малку знаат за војување, како што Вашето Височество ќе може да забележи од седумтемина што ги заробив да дојдат со нас, за да ги научиме да го зборуваат нашиот јазик и да ги вратиме, освен ако наредбите на Вашето Височество не се сите тие да бидат однесени во Шпанија или пак чувани како заробеници на самиот остров, бидејќи со 50 луѓе можеме да ги натераме да прават што сакаме.“" [2]

На 17 февруари 1627, капетанот Хенри Пауел од бродот "Olive Blossom" (кој станал првиот англиски гувернер на островот Барбадос) почнал да го населува островот. По некое време тој донес околу 30 Аравак луѓе од Гвајана да работат.[3]

До 1739 Диариум фон Пилгерхат и неговиот германски сопатници стигнале на Форт Насау на реката Бербис. Од Хеинрик Бутел можеме да научиме нешто за селанците што ги сретнал:

Навикнати од топлината од прашумите, Аравак луѓето живеат без облека. Аравак мажите никогаш не работеле во градината или пак дома. Тие само ловеле, и оставале жените да го сработат остатокот. Дури и бремените жени, или оние кои чувале малечки бебиња работеле додека мажите лежеле на лежалките под сенка. Кога ги прашавме дали сакаат стапат во брак, одговорија дека не им се брза. Индијанците биле почисти од Европејците. Верувајќи дека потта го ослабува телото, се бањале често во текот на денот. Во нивните куќи – сламени засолништа без ѕидови – седеле на чист песок, и се однесувале еден кон друг многу учтиво. Младите ги нарекувале своите родители или постарите – почитуваните. Постарите луѓе ги викале младите момчиња – згодните и им требало некое време додека ги сфатат Европските титули за жени, девојчиња и деца и да почнат да ги употребуваат. Иако Аравак луѓето немале збор за понизност, сепак веднаш се препознавало однесувањето. Никој не смеел да гледа во лицето на тој што зборува, како куче. Туку требало да стане а другите да седнат. Аравак гостопримството секогаш вклучувало заедничко јадење и пиење, дури пиење на ферментирана маниока, одржување на љубовни веселби и се бореле на своите фестивали.

Собир на Араваките во Махајкони (1844).

Селаните покажале интерес за учење па наскоро двајца научиле да читаат па потоа им држеле часови на останатите и исто така им помогнале на патувачите да преведуваат песни од Германија. Араваките, сепак немале концепт што е добро или лошо според Европските норми, па едвај ги разбирале концептите како величање и верба, но знаеле што непочит значело. Тие живееле според ригидни етики. Наскоро колибата на патувачот со своите дневни, час и половина долги, состаноци (месечно целодневни состаноци) привлекувала до 150 селани. За време на бербата на маниока, или кога имало труење на рибата во рекие, тие пееле Германски и Аравакиски песни. Ретко, за време на вечерните состаноци, верниците забележувале нови лица помеѓу толпата – не Араваканци, туку Карибјани и Њарауси држејќи долги копја. Во 1748 година, првата Араваканска свадба во европски стил била одржана во Пилгерхат.[4][5]

Пред 1881, кога Чарлс Даниел Денс напишал во својата книга: Поглавја од долгата Гвајанска книга, забележал дека „Децата зборуваа на холанѓански дијалект и покрај нивниот Аравакиски Индијански јазик; и заедно со Холандски професор не беше тешко да се открие начинот на кој тие ги читаат Англиските лекции.“[6]

[уреди] Економија

На островите во Карипската област, Таино луѓето многу лесно одгледувале житни растенија во конуко – големи купови од земја кои им служеле како место за одгледување на зеленчук. Тие го покривале конукото со лисја за да обезбедат храна за почвата како и спречување на нејзина ерозија. Саделе и разновидни житни растенија за да се осигураат дека некои од нив ќе пораснат и ги собирале без разлика кое годишно време било. Јука (маниока) била главната хранаа. Растението расте со малку грижа во тропска клима. Таино луѓето одгледувале и пченка, невообичаено за Карипските островјани. Тие употребувале големи, стабилни силави кога тргувале со Мезоамериканските цивилизации и интеростровското патување но употребувале помали, побрзи но понестабилни кануа за интраостровска трговија. Таино жените се бавеле со земјоделството и околу домот, додека мажите најчесто биле воини.

[уреди] Култура

Таино луѓето изработувале разни предмети и играле игри. Една од тие игри наречена Арито (вклучувала религиозни церемонии како и игра слична на фудбалот) била играна во Батеи (игралиште во вид на арена со големи стоечки столбови исцртани со слики од Таино религијата). Таино луѓето ја посветиле нивната енергија кон креативни активности како поезија, плетење на кошници, изработување дури и на камени скулптури. Мажите и жените ги боеле своите тела и носеле накит направен од злато, каме, коски и школки. Тие исто така учествувале во неформални слави и танци. Таино луѓето пиеле алкохол од ферментирана пченка и употребувале тутун за религиозни церемонии.

Таино луѓето ја измислиле лежалка меѓу две дрва (името потекнува од таино зборот hamaca) и Шпанците ги откриле први овие лежалки на островот што подоцна ќе го наречат Хиспаниола. Лежалките биле присвоени како соодветни средства со што се зглемувал и бројот на екипаж на бродовите и ги подобрил санитарните услови во одделите за спиење (креветите им биле направени од стара слама- која порано била многу често употребувана, но бргу гниела и ја напаѓале паразити во пренаселените оддели за екипажот). Лежалките направени од памучен материјал можеле лесно да се исперат ако се извалкале и биле силни и издржливи.

Роберт Гордон Латам, во своите предавање во фебруари 1851 на етнологијата на Индијанците од Британска Гвајана напишал:

„Pe-i-man е нивниот шаман. Тој им дава имиња на децата – по размислување. Ако не успее, новороденчето нема да биде крстено а со тоа се смета дека ќе биде подложно на секакви несреќи. Измамата била наследна, и кога синот на маѓесникот ќе влезел во својата 12 година, на неговото десно уво му ставале пирс, требало да носи прстен, и му биле доверувани тајните на занаетот".[7]

[уреди] Намалување на населението

Епидемијата предизвикана од сипаници и други болести од Европа, комбинирани со строгите политики на Шпанија во врска со робството, повторното населување и одделувањето од семејствата, резултирале со драстичен пад на населението Таино за неколку децении од првиот контакт.[8] Нападите од Карипските племиња и лошиот третман од Европејците го забрзале процесот. Иако Таино општеството било уништело од Европската експанзија, некои со нивна крв се уште постојат помеѓу новите доселеници од Афричките племиња.

Фредерик Албион Обер, по своето прво патување во јули 1898 до Западните Индии рекол:

„... варварски факт. Кога античките Карибјани дошле тука од југот, тие дошле како освојувачи, и ги убивале сите мажи кои им паѓале во рацете. Но ги оставале жените и децата..."[9]

[уреди] Преживеани

Додека само Карибјаните преживеале покрај сите оригинални Антилски населенија како Кибоните, Таино луѓето и Карибјаните, Аравак луѓето преживеале во Јужна Америка. Неколку стотици илјади живеат во Венецуела, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана, и околу 300 00 Вају Аравак луѓе живеат во Колумбија со 150 00 Вају во соседната област на Венецуела.

Мнозинството на населенија од Аруба, Порто Рико, во Хиспаниола, Доминиканската Република и дел од населението на Хаити, влечат корени делумно од Аравак луѓето, Таино-во случајот на Домениканската Репулбика и Порто Рико а до помал степен Кибони-во Хаити. Кибоните претставуваат една рана пред-Аравак група што била најдена низ Карибите. Тие биле избркани од помалите островчиња на Малите Антили и до запад се до Хиспаниола, кај Таино луѓето. Таино/Аравак јазикот се зборува во Јамајка, Хаити, Домениканската Република, Куба, Бахамите, Санта Луција, Гренада и Доминика од неколку лица во денешно време.

Скорешните ДНК студии[10] покажале дека мнозинството луѓе во Порто Рико ги имаат за предци Таино/Аравак луѓето. Оваа студија, спроведена под Таино проектот за геном започнат во 1999 потпомогнат од Националната Научна Фондација, ги тестирала митохондриите на луѓето од островот и било заклучено дека 62% од Порториканците денес се потомци на Америндијанците.[се бара извор]

Во Куба, пак, Гванајатабеите (оригиналното име на Кибоните) продолжиле да го говорат својот јазил. Толкувачот на Колумбо (бил Таино) не можел да ги разбере кога тие стигнале на Куба. Името Кибони им било дадено од Таино луѓето што живееле во Хиспаниола. Таино луѓето ги користеле остатокот од Кибони населението како робови. Постојат исто така преживеани Аравак населенија во Санта Луција и во други области во Карибите. Постојат и чистокрвни Аравак луѓе во Куба, Доминиканската Република, Тринидад, Хаити, Јамајка, Порто Рико, Бахамите и Гренада. Но има и неколку изолирани заедници во Амазонскиот Басен во Гвајана, Бразил и Венецуела.

[уреди] Наводи

  1. "Skull Wars" Thomas, David Hurst. Pp 5-6
  2. Cummins, John (1992). „The Voyage of Christopher Columbus (restored and translated)“. New York: St. Martin's Press. стр. 241. ISBN 0312078803. http://www.archive.org/stream/voyageofchristop005194mbp/voyageofchristop005194mbp_djvu.txt. 
  3. JBMHS (May 1970). „Petition of Captain Henry Powell“. „The Journal of the Barbados Museum and Historical Society“. 1 (Barbados: Museum and Historical Society) 33: 111–136. 
  4. The Christian Observer (Jan 1833), Vol 3 No.1. Piccadilly, London: J. Hatchard and Sons. p.145
  5. Германецот Теофил Шуман посветува доста време изучувајќи го јазикот на Араваките со цел да преведе делови од Библијата на овој јазик. За Араваките пишува во едно писмо испратено до Лудвиг фон Цинцердорф на 27 декември 1748. (See Hoover, Peter (1990). „Behold The Lamb: The Story of the Moravian Church“. Unknown. стр. 177–178. 
  6. Dance, C. D., (1881). Chapters from a Guianese log-book, Royal Gazette.
  7. Latham, Robert Gordon,(1851). The ethnology of the British colonies and dependencies - Indians of British Guiana, London: John van Voorst, pp.259
  8. Sauer, Carl Ortwin (1966). „The Early Spanish Main“. Berkeley: University of California Press. 
  9. Ober, F. A., (1900). The storied West Indies, D. Appleton and Company, pp.68
  10. Veran, Cristina (22 September 2003). Born Puerto Rican, born (again) Taino?.... „Colorlines Magazine“. Huntingdon Valley, PA: The Free Library. http://www.thefreelibrary.com/Born+Puerto+Rican,+born+(again)+Taino%3F+A+resurgence+of+indigenous...-a0108693833. проверено на 22 September 2003. 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици