Анаксимен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анаксимен од Милет

Анаксимен (грчки: Άναξιμένης) од Милет (околу 585 п.н.е. - околу 525 п.н.е.) бил грчки философ од втората половина на 6 век п.н.е., веројатно помлад современик на Анаксимандар, кој веројатно му бил негов учител.

Анаксимен е помлад сограѓанин на Талес и Анаксимандар. Според него праосновата и прапричината на сe е воздухот, животодајниот елемент, кој кога се вдишува и издишува се живее, а без тоа се умира. Тој сметал дека предметите и појавите настануват со разредување и згуснување на воздухот. Со разредување настанува огнот, а со згуснување се создава по ред: ветерот, облакот, водата, земјата, каменот и сe друго.