Алборз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алборз
البرز

Поглед на Демавенд
Највисока точка
Врв Демавенд
Надм. височина 4.677 м
Географија
Алборз се наоѓа во Иран
Местоположба на Алборз во Иран
Земји  Иран
Координати 36°04′32.88″ СГШ 51°47′45.96″ ИГД / 36.0758, 51.7961

Алборз или „Елбурс“[1] (персиски: البرز) — планински венец во северен Иран што се протега од границите со Азербејџан и Ерменија на северозапад до јужниот крај на Каспиското Езеро, па завршува на запад кај границата со Туркменистан и Авганистан.[2] Највисока планина во венецот е Демавенд (4.677 м), сместена во округот Амол во покраината Мазендеран.

Венецот претставува препрека помеѓу Јужнокасписката и Казвинско-техеранската Висорамнина. Широк е само 60–130 км и се состои од седиментна низа со потекло од горен девон до олигоцен. Составен е претежно од јурски варовници врз гранитна основа. Повисоките краишта во екорегионот Елбруска шумска степа, се суви и без многу дрва. Северните падини припаѓаат на каспискиот херцински мешан шумски екорегион и се мошне богати со шуми и вегетација.

Според зороастриските преданија, на овие планини живее вечниот мудрец Пашутан, додека пак зороастриската секта Илмехашнум смета дека венецот е дом на т.н. „Господари на срцето“ (Сехеб е Дилан). Во минатото, ова име го давал на разни подалечни планини: така, имаме Елбрус на Кавказ и Елбариз (Џебал Барез) во подрачјето Керман над Ормускиот Проток.

По планината е наречена и покраината Алборз, сместена веднаш јужно од венецот.

Поради погодните услови, на Алборз има неколку скијачки центри што се вбројуваат меѓу најдобрите на светот.[3] Поважни се Дизин, Шемшак, Точал и Дарбанд.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Не треба да се помеша со планината Елбрус на Кавказ.
  2. Mughal, Muhammad Aurang Zeb. 2013. Caspian Sea. Robert Warren Howarth (ed.), Biomes & Ecosystems. Ipswich, MA: Salem Press, стр. 37-39.
  3. Скијање во ИранThe Guardian (англиски)
  • North, S.J.R., Guide to Biblical Iran, Rome 1956, стр. 50

Надворешни врски[уреди]