Демавенд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Демавенд
Damavand in winter.jpg
Демавенд зиме
Надм. вис. 5610 м [1][2]
Истакнатост 4667 м[3]
12-та
Заведена како вулкански седум, највисока во земјата, ултра
Местоположба
Местоположба на Демавенд во Иран
Место Амол, Мазендеран, Иран
Венец Алборз
Координати 35°57′20″ СГШ 52°06′36″ ИГД /  [4]
Геологија
Тип стратовулкан
Последна ерупција пред 7.300 год.[5]
Искачување
Прво освојување 905 (Абу Долаф Казраџи)[6]
Најлесна патека планинарење

Демавенд (персиски: دماوند ) — највисока планина во Иран, од особено значење во персиската митологија и фолклор. Се наоѓа во средината на венецот Алборз и претставува највисок вулкан во Азија. Се смета за потенцијално активен[7] поради фумаролите близу кратерот на врвот од кои излегува сулфур.[8]

Планината е сместена недалеку од јужниот брег на Каспиското Езеро, во округот Амол, Мазендеран. Оддалечена е 66 км од Техеран.

Симболика и митолгија[уреди]

Планината има особен статус во персиската митологија, а во персиската книжевност претставува симбол на отпорот против ненародните угнетувања на туѓите сили. Според зороастриските преданија, во некоја пештера на Демаванд живеела Аждајата (Зехак), која била заробена во пранги сè до крајот на светот. Подоцнежна варијанта на легендата вели дека неа ја заробиле јунаците Каве и Ферејдун, откако ја победиле. Поетот Фирдоуси ја опшува случката во епското ремек-дело „Шахнаме“ (Книга за царевите), каде се вели дека самата планина има волшебна моќ.

Демавенд е претставен на банкнотата од 10.000 ријали.[9]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Статистички центар на Иран (англиски)
  2. Демавенд — Peakbagger (англиски) конс. 27 септември 2011
  3. Демавенд: Ултраистакнати врвови во Иран — peaklist.org (англиски) конс. 16 октомври 2011
  4. „Демавенд, Иран“. Peakbagger.com. http://www.peakbagger.com/peak.aspx?pid=10467.  (англиски)
  5. „Damavand volcano“. http://www.volcanodiscovery.com/damavand.html. конс. 1 јуни 2013. 
  6. „Демавенд — SummitPost“. http://www.summitpost.org/mountain/rock/150400/damavand.html. конс. 28 април 2010.  (англиски)
  7. „Демавенд“. Програм за глобален вулканизам — Смитсонова установа. http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=0302-01-.  (англиски)
  8. „Вулканска дупка на Демавенд“. http://www.summitpost.org/image/309028/150400/volcanic-hole.html. конс. 23 август 2007.  (англиски)
  9. Банкноти и монети: 10.000 ријалиЦентрална банка на Иран конс. 24 март 2009

Надворешни врски[уреди]