Аеродром Стокхолм Скавста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Стокхолм Скавста
Stockholm-Skavsta flygplats
Stockholm-Skavsta Airport
StockholmSkavsta2004.jpg
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
08/26 9,442 2,878 Асфалт
16/34 6,690 2,039 Асфалт

Аеродромот Стокхолм Скавста (IATA: NYO, ICAO: ESKN), (Шведски: Stockholm-Skavsta flygplats), е меѓународен аеродром близу Норкопинг, Шведска, на оддалеченост од 100 километри од центарот на Стокхолм. Најмногу е искористен од ниско буџетните и карго компаниите. Тој е втор по големина аеродром што го оплужува Стокхолм, и трет по големина во Шведска со 2 милиони патници процесирани во 2007 година.

Историја[уреди]

Аеродромот беше изграден како воено воздухопловна база во 40-тите години на минатиот век, за некаде во 1994 година да биде приспособен за цивилно воздухопловство. Во 1997 година, првата релација беше воведена од Лондон Станстед до Стокхолм Скавста аеродромот, на авиокомпанијата Ryanair. Во 2003 година, Ryanаir воспостави база на аеродромот со воведување на 6 нови дестинации. Накратко потоа, WizzAir воспостави нови дестинации до Источна Европа. Во 2005 година, Финскиот национален авиопревозник Finnair започна да лета на релација Хелсинки - Бостон, со застанување на Стокхолм Скавста аеродромот, но набргу потоа своето застанување го пренасочи кон Стокхолм Арланда аеродромот.

Транспортација до аеродромот[уреди]

  • Изнајмување на кола е возможно од терминалот на аеродромот
  • Автобус
    • Аеродромско комби сообраќа директно од аеродромската зграда до центарот на Стокхолм (90 минути пат и чини 900 денари во еден правец, и повратен билет чини 1550 денари)
    • Локалните автобуски линии 515 и 715 можат да ве однесат до Никопинг и Окселосунд од 04:00 до полноќ. Цената на еден билет е 130 денари
  • Воз
    • Локалната железничка станица во Никопинг е оддалечена 7 километри од аеродромот. До станицата може да се стигне со такси (1250 денари) или со автобуските линии 515 и 715 (130 денари). Од железничката станица до централната железничка станица се патува за околу 60 минути и еден билет чини 800 денари.
  • Паркинг*

Паркинг пократок од еден ден чини 190 денари на час. За паркинг подолг од еден ден, цената е помеѓу 250 и 550 денари дневно, во зависност од тоа колку денови возилото ќе престојува на паркингот.

Авиокомпании и дестинации[уреди]