Џон Ки
| Џон Филип Ки Пратеник (MP) |
|
|
|
|
|---|---|
| Стапил 19 ноември, 2008 |
|
| Монарх | Елизабета II |
| Генерален гувернер | Ананд Сатјананд |
| Заменик | Бил Инглиш |
| Претходник | нема |
|
|
|
| Во служба 27 ноември, 2006 – 8 ноември, 2008 |
|
| Заменик | Бил Инглиш |
| Претходник | Дон Бреш |
| Наследник | Фил Гоф |
|
Лидер на Националната партија
|
|
| Во служба | |
| Стапил 27 ноември, 2006 |
|
| Заменик | Бил Инглиш |
| Претходник | Дон Бреш |
|
|
|
| Во служба | |
| Стапил 27 јули, 2002 |
|
| Мнозинство | 18,562 |
|
|
|
| Роден(а) | 9 август 1961 Окленд, Нов Зеланд |
| Партија | Национална |
| Сопружник | Брона Ки |
| Деца | 2 |
| Живеалиште | Парнел, Окленд |
| Вероисповед | неизјаснет |
| Веб-страница | www.johnkey.co.nz |
Џон Филип Ки (англ. John Phillip Key, р. 9 август 1961) е новозеландски политичар, член на новозеландскиот парламент, пратеник од северозападната оклендска изборна единица Хеленсвил. Тој е моменталниот парламентарен лидер на Националната партија и Премиер на Нов Зеланд со парламентарните избори во 2008 г.[1] .
Содржина |
[уреди] Пред политичката кариера
Ки е роден во Окленд, Нов Зеланд, во семејството на Џорџ и Рут Ки (мом. Лазар). Татко му починал од срцев удар во 1967. Ки и неговите две сестри израснале во социјален стан во Крајстчерч со нивната мајка, која била Еврејка, имигрант од Австрија. [2][3]
Се школувал во Бернсајдското средно училиште, а во 1981 година дипломирал сметководство на Кантерберискиот универзитет .[2] Посетувал и курсеви по менаџмент на универзитетот Харвард, иако таму не дипломирал. [4] [5]
За прв пат се вработил во 1982 година како ревизор во фирмата МекКалох Мензис, а потоа работел две години како проектен менаџер во Лејн Вокер Радкин, фабрика за облека во Крајстчерч.[6] Потоа Ки се вработил како девизен дилер во Елдерс Фајненс во Велингтон, а по две години работа се издигнал на функцијата главен девизен трговец. Во 1988 се вработил во оклендската фондација Бенкерс Траст.[2]
Во 1995 се вработил во фирмата Мерил Линч како главен раководител за девизно работење со Азија во Сингапур. Истата година во фирмата бил унапреден во главен глобален раководител за девизна трговија сместена во Лондон, каде веројатно заработувал околу 2,25 милиони американски долари годишно, вклучувајќи бонуси.[2][7] Некои колеги го нарекувале „насмеаниот ликвидатор“, бидејќи секогаш бил весел, иако отпуштал дузини (некои велат стотици) вработени по тешките загуби во Руската економска криза во 1998 година.[3] [7] Бил член на Комитет за девизна трговија на Њујоршката федерална банка на резерви од 1999 до 2001 година.[8]
Во 2001 година, дознавајќи за неговиот интерес во политиката, претседателот на Новозеландската национална партија Џон Слејтер, заедно со тогашниот лидер на партијата Џени Шипли, активно се заложил за да го придобие во партијата.
Ки ја запознал неговата сопруга Брона уште во средно училиште. Тие се венчале во 1984 година. Нејзината професија е исто така од сферата на трговијата, а работела како кадров консултант пред наполно да му се посвети на домаќинството. Имаат две деца, Стефи и Макс. [3]
[уреди] Политичка кариера
| Парл. | Изб. единица | Ранг | Партија |
| 47ми | Хеленсвил | 43 | Национална |
| 48ми | Хеленсвил | 7 | Национална |
| 49ти | Хеленсвил | 1 | Национална |
[уреди] Хеленсвил
Со порастот на населението во Окленд, посведочен од пописот од 2001 година, се јавила потребата за создавање на нова изборна единица Хеленсвил, која го покрива северозападниот дел од населената област на Окленд. Ки во предизборите го победил Брајан Нисон, кој веќе одамна ја држел таа функција. На изборите во 2002 Ки го добил местото со водство од 1,705 над Гери Расел од Лабуристичката партија, додека Нисон, кој сега се кандидирал како независен, бил дури трет. Ки со леснотија бил повторно избран на изборите во 2005, освојувајќи 63% од гласовите во Хеленсвил.
[уреди] Портпарол за финансии
Во 2004 година, Ки бил поставен на првата клупа на опозицијата од тогашниот лидер д-р Дон Бреш и станал партиски портпарол за финансии. Кон крајот на 2006 година, Бреш дал оставка. Потоа Ки го наследил Бреш како лидер на Националната партија.
[уреди] Лидер на опозицијата
Во неговиот прв говор како лидер на 28 ноември, 2006 година, Ки зборувал за „нижа класа“ во Нов Зеланд на која „ѝ било дозволено да се развие“, тема која добила големо внимание од медиумите.[9] Ки во февруари, 2007 го проследил овој говор со формулирање на програма за снабдување на храна во најсиромашните училишта во Нов Зеланд.[10]
На 25 јули 2008 година, Ки за прв пат бил ставен на списокот на богати личности на списанието Нејшнл бизнис ривју(National Business Review - NBR)[11]. На списокот се наведени најбогатите поединци и семејни групи во Нов Зеланд. Според проценките, Ки имал околу 50 милиони новозеландски долари.
[уреди] Политички ставови
Ки се прикажува себеси како повеќе центристички поставен отколку неговиот претходник Дон Бреш. Меѓутоа тој вели дека разликата е повеќе во стилот, отколку во било што друго. Иако умерен, Ки смета дека приватизацијата му помага на Нов Зеланд да се развива економски - став кој наидува на постојан отпор од противничката партија.
Од своја страна, Ки бележи разнолики гласови во парламентот: гласал против граѓански бракови[12], но учествувал во големиот блок на парламентарци кои гласале за поништување на законот кој го дефинира бракот како заедница на маж и жена.[13] Ки гласал во неуспешниот обид за враќање на старосната граница за консумирање на алкохол од 18 на 20 години. [14]
[уреди] Верски ставови
Ки не припаѓа на ниедна вероисповед, изјаснувајќи се дека не е посебен верник и дека не верува во задгробен живот, иако мајка му била Еврејка, што значи дека е Евреин по мајка. Tој е третиот премиер на Нов Зеланд со еврејско потекло (другите двајца се Џулиус Фогел и Френсис Бел).
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Англиски
- Ексклузивно видеоинтервју со новозеландскиот политичар Џон Ки на англиските Викивести (англиски)
- Официјално веб-место на Џон Ки (англиски)
- Воведна статија, Новозеландски Хералд: Џон Ки - неополномоштена биографија (англиски)
[уреди] Македонски
- Со кој политички лидер би сакале да го нахраните кучето? на он.нет (македонски)
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.electionresults.govt.nz/
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Политика: Џон Ки - Краткок увид“, „Сандеј Стар Тајмс“, 3 февруари, 2008. Проверено на 28 февруари, 2008.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Беван Репсон. „Златно момче“, „Метро Магазин“, 26 април, 2005. Проверено на 28 февруари, 2008.
- ↑ Меги Тејт. „Профил: Џон Ки“, „Новозеландски Хералд“, 27 ноември, 2006. Проверено на 28 февруари, 2008.
- ↑ „Новозеландски парламент - Ки, Џон“. http://www.parliament.nz/en-NZ/MPP/MPs/MPs/3/7/8/48MP78101-Key-John.htm. проверено на 28 февруари, 2008.
- ↑ Дона МекИнтајр. „Моето запослување: Џон Ки, Лидер на Националната партија“, „Новозеландски Хералд“, 12 јануари 2008.
- ↑ 7,0 7,1 Гилијан Тет и Рут Логесен. „Кој е Џон Ки?“, „Сандеј Стар Тајмс“, 3 февруари, 2008. Проверено на 28 февраури, 2008.
- ↑ „Парламент на Нов Зеланд - Ки, Џон“. http://www.parliament.nz/en-NZ/MPP/MPs/MPs/3/7/8/48MP78101-Key-John.htm. проверено на 28 февруари, 2008.
- ↑ Џон Ки (28 ноември, 2006). „Говор на ручекот на Штабот на Националната партија во Северниот Брег“. Новозеландска национална партија. http://www.national.org.nz/Article.aspx?ArticleID=8778. проверено на 23 август, 2007.
- ↑ Џон Ки (4 февруари, 2007). „Националната партија ја лансира програмата за храна во училиштата“. Скуп. http://www.scoop.co.nz/stories/PA0702/S00059.htm. проверено на 23 август, 2007.
- ↑ Персонал на NBR (25 јули, 2008). „Листа на богати личности за 2008: Лоша економија, но богатите сепак уште повеќе се богатат“. National Business Review. http://www.nbr.co.nz/home/column_article.asp?id=15714&cid=8&cname=Новости. проверено на 25 септември, 2008.
- ↑ Њусток ЗБ и вработени во Хералд (2 декември, 2004). „Парламентарците гласаат 65-55 за Законот за граѓански бракови“. http://www.nzherald.co.nz/section/1/story.cfm?c_id=1&objectid=9001414. проверено на 27 февруари, 2008.
- ↑ „Амандман-закон за брак (полова класификација), Прво читање“. „Хансард“. 7 декекмври, 2005. http://www.hansard.parliament.govt.nz/hansard/Final/FINAL_2005_12_07.htm#_Toc123093478.
- ↑ Мајк Хулахан (9 ноември, 2006). „Старосната граница за консумирање на алкохол останува на 18“. http://www.nzherald.co.nz/section/1/story.cfm?c_id=1&objectid=10409882&pnum=0. проверено на 26 февруари, 2008.
[уреди] Извори
- Избори 2002 - Хеленсвил (англиски)
- Избори 2005 - Хеленсвил (англиски)
[уреди] Функции
| Пратенички места | ||
|---|---|---|
| Нова изб. единица | Пратеник од Хеленсвил 2002 – |
На должност |
| Политички функции | ||
| Претходник Дон Бреш |
Лидер на опозицијата 2006 – 2008 |
Наследник Фил Гоф |
| Претходник Хелен Кларк |
Премиер на Нов Зеланд 2008–моментално |
На должност |
| Партиски функции | ||
| Претходник Дон Бреш |
Лидер на Новозеландската национална партија 2006–моментално |
На должност |
|
|||||||