Џиучиен (космодром)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Центарот за лансирање на сателити Џиучиен (упр. кин. 酒泉 卫星 发射 中心) е космодром во пустината Гоби, Внатрешна Монголија, Кина на околу 1600 километри од Пекинг. Центарот е отворен во 1958 година, што го прави првиот од трите кинески космодроми. Најмногу лансирање на кинески ракети се направени токму од овој центар. Слично како и другите космодроми во Кина и тој е затворен за посетители странци. Именуван е според најблискиот градски центар Џиучиен, иако Џиучиен е многу блиску до покраината Гансу.

Од центарот се лансираат главно ракети во ниско и средно високи орбити со голема инклинација на аголот, како и за тестирање на ракети со среден и голем опсег.

Центарот за лансирање на сателити Џиучиен покрива територија од околу 2.800 км2 и може да прими околу 20.000 лица. Опремата е направена по советски образец и најверојатно СССР покажал поддршка спрема центарот Џиучиенво почетокот на 1960-те години на 20 век. Од овој космодром се истрелани многу успешни кинески летови и мисии вклучувајќи го и првиот кинески вештачки сателит, Дун Фан Хун I во 1970 година и нивната прва пилотирана мисија Шонџу-5 на 15 октомври, 2003 година.

Надворешни врски[уреди]