Јужнокорејски вон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јужнокорејски вон
대한민국 원 (хангул)
大韓民國 圓1 (ханџа)
Монети и банкноти што сега се во оптек
Монети и банкноти што сега се во оптек
ISO 4217 код KRW
Корисник  Јужна Кореја
Инфлација 2.5%
Извор UPI, 2008
(Национално биро за статистика, Јужна Кореја)
Метод CPI
Подвалута
1/100 јеон (전/錢)
теоретски (не е во употреба)
Симбол
Множина The language(s) of this currency does not have a morphological plural distinction.
Монети ₩10, ₩50, ₩100, ₩500
Банкноти ₩1000, ₩5000, ₩10000, ₩50000
Централна банка Банка на Кореја
Мреж. место eng.bok.or.kr
Печати Korea Minting and Security Printing Corporation
Мреж. место english.komsco.com
Ковница Korea Minting and Security Printing Corporation
Мреж. место english.komsco.com
  1. Ханџа називот за стариот вон бил , но веќе не се користи.

Вон (корејски: 원) (симбол: ; ISO 4217: KRW, нумерички код: 410) е валута во Јужна Кореја. Еден вон е поделен на 100 јеони, како помала парична единица. Јеоните денес не се користат во платниот промет, туку само на курсните листи.

Еден јужнокорејски вон (на 25 мај 2011 г.) изнесувал 0.124676 Севернокорејски вони, според официјалната севернокорејска курсна листа.[1]

Етимологија[уреди]

Вонот е сроден со кинескиот јуан и јапонскиот јен. Сите три имиња произлегуваат од ханџа називот 圓 (원), што значи "тркалезна форма". Toj бил поделен на 100 јеони (хангул: 전; ханџа: 钱; романизација: Jeon; МекКјун-Рајшауер: Chon), што значи "пари", а на ханџа се однесува на стари бронзени и бакарни монети.

Прв јужнокорејски вон[уреди]

Историјат[уреди]

Вонот се употребувал илјадници години. Во периодот додека Кореја била под јапонска власт тој бил заменет, по номинална вредност, со јенот, при што се нарекувал корејски јен.

Во 1945 година, по Втората светска војна, Кореја била поделена, што резултирало со две одделни валути наречени вон, и во Јужна и во Северна Кореја. Првиот јужнокорејски вон бил поделен на 100 јеони.

Јужнокорејскиот вон првично бил врзан за американскиот долар, по стапка од 15 ₩ = 1 долар. Потоа следувала серија на девалвации, а дел од нив се должеле на Корејската војна.

Девизен курс на првиот јужнокорејски вон
датум вредност на
1 американски долар
во вони
октомври 1945
15
15 јули 1947
50
1 октомври 1948
450
14 јуни 1949
900
(само за невладини трансакции)
1 мај 1950
1800
1 ноември 1950
2500
1 април 1951
6000

Банкноти[уреди]

Во 1946 година, Банката на Кореја вовела банкноти од 10 и 100 ₩ , а во 1949 година банкноти од 5 до 1.000 ₩.

Во 1950 година била основана нова централна банка, (Банка на Кореја), која ги презела обврските на поранешната централна банка. Биле воведени банкноти (некои датирани во 1949 г.) во апоени од 5, 10 и 50 јеони, 100 и 1000 вони. Во 1952 година биле воведени банкноти од 500 ₩. Во 1953 година, била издадена серија на банкноти кои, иако имале деноминации во вони, всушност биле првите примероци на јужнокорејскиот хван.

Втор јужнокорејски вон[уреди]

Историјат[уреди]

Вонот повторно бил воведен на 9 јуни 1962 година, во однос 1 ₩ = 10 хван. Неговиот ISO 4217 код е KRW. При повторното воведување во 1962 година вредноста на вонот била: 125 ₩ = $ 1. Девизниот курс на вонот помеѓу 1962 и 1980 година бил:

Девизен курс на вториот јужнокорејски вон
датум вредност на
1 американски долар
во вони
10 јуни 1962
125
3 мај 1964
255
3 август 1972
400
7 декември 1974
480
12 јануари 1980
580

На 27 февруари 1980 година, биле направени напори да се воведе флуктуирачки курс, а конечно ваков курс бил воведен на 24 декември 1997 година, кога бил потпишан договор со Меѓународниот монетарен фонд[2] . Набрзо потоа, вонот доживеал девалвација за речиси половина од својата вредност, како резултат од источноазиската финансиска криза.

Наводи[уреди]

  1. Universal Currency Converter, The World's Favorite Currency Site
  2. Kurt Schuler (29 февруари 2004). „Tables of modern monetary history: Asia“. „Currency Boards and Dollarization“. архивирано од оригиналот на 12 јануари 2007. http://web.archive.org/web/20070112132244/http://users.erols.com/kurrency/asia.htm.